5/15: EO (2022) - Полска
Ова е еден необичен филм, веројатно one of a kind, каде е прикажан светот, обичните луѓе и нивните секојдневија, но виден со големите тажни очи на едно сиво циркуско магаре. Откако полската влада носи закон за забрана за користење на животни во циркуски точки, сите животни, вклучувајки го и магарето Ио (sorry
@Io Sono Interista , ама стварно така се изговара името на магарево
) се одземени од циркусот, по што почнуваат авантурите и патешествијата на нашиот сивко. По патот среќава секакви луѓе - и добри и лоши, наидува на секакви судбини - и такви кои ќе го слават и ќе му помагаат, и такви кои ќе го тепаат и ќе сакаат да го направат салама... Реално - исто како што во вистинскиот свет секој човек проаѓа низ животот. На крајот, во меморијата на Ио се останати само моментите кога неговата пријателка од циркусот, Касандра / Магда ја покажува својата љубов кон него, и ништо повеќе од тоа. Што би рекол
@wot : be kind, rewind, and nothing else matters. Тоа е и пораката на режисерот - љубовта е најважна од се, а филмот е направен заради љубовта кон животните. И нормално, тоа го потврдува неизбежниот disclaimer на крај дека ни едно животно не е повредено за време на снимањето на филмов.
Не знам за оценка тука, некако имам mixed feelings. Не е ништо особено во поглед на приказна, ликови, сценарио, ама од друга страна па е навистина оригинален филм, или барем јас не сум сретнал сличен. 7/10 и за него, нека ми легне, може и да се промени оценката.
PETA and Анима Мунди like this.