Дали оваа снимка е доказ дека авионот не удрил во Светскиот трговски центар?
04.06.2014 | 12:21
Извор: Точка
Многу луѓе и денес, по повеќе од една деценија од нападот на Ал Каеда во Њујорк и Вашингтон, се скептични по прашањето за тоа што навистина се случило на 11-ти септември во 2001-та година.
Најголем дел од нив веруваат дека нападот не бил резултат на акција на терористи, туку внимателно планирана “местенка” на Владата на САД.
Неодамна откриеното видео наводно било снимено на 11-ти септември, од целосно различен агол во однос на снимката која била прикажана на телевизија, а на теоретичарите на заговор им дава дополнителни материјали.
Авторот на видеото кое на Јутјуб за само неколку денови собрало повеќе од 2 милиони прегледи, истакнува две работи кои не може да ги објасни со "официјална" теорија.
Прво, авионот во втората зграда од Светскиот трговски центар влетал како "нож низ путер" пред да експлодира внатре. Како што забележал креаторот на снимката, авионот не може да пробие челична структура на зграда како што се гледа на снимката.
Другата работа која ја забележал е уште пошокантна, смета авторот!
Забавената снимка открива дека едното крило од авионот, пред да удри во зградата, минува зад зградата која е далеку зад кулата близначка!
Двете работи се доказ, смета авторот на видеото, дека снимката која на 11-ти септември го обиколила светот, всушност е само резултат на внимателна компјутерска монтажа