Добро ајде, идеме лека полека, еден по еден.
American Sniper - пa добро, ми се допадна адаптацијата на книгата и она како Клин Иствуд го создал филмот, ама мислам дека можел многу подобро да го направи, и глумата воглавно ми се допадна. Не заслужува оскар за најдобар филм но сигурно заслужува оскар за најдобро адаптирано сценарио. Една солидна 8ка.
The Imitation Game - ги сакам ваквите биографски филмови, кога се зборува за WW2, глумата на Бенедик дури повеќе ми се допадна од таа на Мајкл Китон од Бирдман, гледав некои го хејтаа крајот (сеа да не ве спојлерисувам) но мене многу ми се допадна како филмот заврши, кој знае за Алан Туринг сигурно веќе ќе е барем малку запознаен што се случува во филмот и каков е крајот, јас за енигмата имав слушано, ама за Алан Турнинг многу малку, дури пребарував по интернет да читам биографии за повеќе да се запознаам со него, интересен лик. 9
Birdman - Mногумина му лупнаа 10ка, но јас се истребувам од тоа друштво, мене Бирдман не ми беше за 10ка, веќе еднаш се изјаснив ми фалеше нешто од самиот почеток, но камерата, глумата, сценариото, саундракот, сето тоа ме обзеде во текот на филмот, и крајот ми се допадна истотака, но нешто ми фалеше, ќе го гледам пак можеби за некој ден и не верувам дека ќе си го сменам мислењето за него. 9ка и втор фаворит за најдобар филм.
Boyhood - Пошто овој филм излезе втор од сите номинирани на добра снимка, го погледнав и тогаш ми беше фаворит меѓу овој и хотелот будимпешта, тука некаде ми беа израмнети но самото знаење дека е сниман 12 години веднаш ти дава плус нешто кога почнуваш да го гледаш, се изјаснив во темата кога беше филм на тапет, филмот е добар за себе, една добра животна приказна за едно младо момче за кого се е опфатено во филмот, неговото растење. Осмица
The Grand Budapest Hotel - Kој очекуваше хотелот да издоминира во номинациите за оскари, жал ми е што има тешка категорија, филмот е доста добар за својот жанр, доста коментиравме во генералната тема за филмот дека немал комедија во него, јас се смеев на некои дешавки, пример самиот
лик ми беше смешен, и на моменти кога го гледав се смеев. Треба да зеде некој оскар сигурно, но за најдобар филм не, таму конкуренцијата му е вон нормала. Осмица.
Whiplash - Колку добро сценарио, штета што лани направил режисерот краткометражен филм па ќе игра во категорија најдобро адаптирано сценарио, штета. Филмот е легендарен, во топ 3 мјузикли на сите времиња ми е, легендарна глума, особено таа за Симонс, како одглуми бе маме му јебем, ме остави со отворена уста. Стварно добар филм, се изјаснив неколку пати низ темите, за мене ова е врвот на годината, 10ка, една и единствена во категоријата најдобар филм, иако знам дка нема да земе, мојата подршка ќе ја има до крај.
Selma i Theory of Everything немам во план да ги гледам. Фала на разбирањето, со среќа на сите оскаровци.