UEFA Europa League

  • Креатор на темата Креатор на темата dragonsky
  • Време на започнување Време на започнување
Настрана утакмицата, ако не загризаат за Черки да пробаат да го донесат летово не се нормални. Ова апла му бешр како аудиција, маста им ја извади на сите, има да се уклопи во состемот на Аморим перфектно

Добар техничар но ми нема брзина за ПЛ. Потсетува на Фекир во стилот на игра. Но ако има клаузула од 25 милиони колку што се спомнува вреди да се ризикува.
 
Колку и да ми се симпатични Бодо, Тотенхем е огромен фаворит и покрај оваа катастрофална сезона во ПЛ. Тоа дури им е и предност, затоа што се на чекор да ја спасат во ЛЕ. Трофеј и ЛШ е одлична награда.

Не само за нив, со новиот систем без некои имиња што ќе дојдат од ЛШ, можеби се изгуби некое име атрактивно име, знаеше и Барса да залута, но многу поважно е што кај сите натпреварувачкиот пристап е на максимум.

Затоа и ЛЕ сезонава е интетесен производ, па гледавме и вакво 1/4 финале.

Бодо се одлично организиран тим, тактички можеби и најдобри од сите полуфиналисти, но немаат голем индивидуален квалитет. Предност им е и домашниот терен, пред се подлогата, климата.

На гости во Европа се мачат, дури и кога ќе извадат добар резултат. Сега ќе мора во Лондон да пробаат да останат во игра, Тотенхем играат брз фудбал, па би можеле да одговорат и на брзата вештачка подлога.

Добро за Бодо е што Тотенхем дава шанса да биде исконтриран, а овие се добри во транзиција, но поради послаб индивидуален квалитет, знаат да ги упропастат тие ситуации кога имаат нумеричка предност.

Иако може лесно да испаднат, а Лацио да одговори подобро на овој предизвик, Бодо допринесе оваа сезона да биде поинтересна за следење и заслужено се тука и се надеваат на чудо.
 
Тие шо ги напуштија трибините пред крај нека му кисни, го пропуштија најјакиот финиш во последните години на клубот.
Од никогаш не ми биле јасни таквите навивачи, ако можи и навивачи да се наречат.

Тотално лудило од меч, инфаркт да те штрефи да си на стадион :D
 
Е сега, не секого му е пишано!
Не во последните, туку јас за 50+ години следење фудбал не сум начекал ваков трилер.
Имало пресврти, како Тотенхем на Ајакс или Јунајтед со Баерн, ама со волку голови, кец у два у кец, не памтам.
Барса му сврте на ПСЖ голем резултат, ама изедоа бурек судиите тогаш. Овде чисто лудило, наместо спокојни 4:0, спасувавме газ во стодвајсинекоја минута.
Иако помина Јунајтед, секоја чест за Лион, играат за сите пари, задлужуваат ЛШ.
 
Тие шо ги напуштија трибините пред крај нека му кисни, го пропуштија најјакиот финиш во последните години на клубот.
Од никогаш не ми биле јасни таквите навивачи, ако можи и навивачи да се наречат.

Тотално лудило од меч, инфаркт да те штрефи да си на стадион :D
Може тогаш разбрале дека финалето е на Сан Мамеш, па затоа си заминале. :icon_mrgr::icon_mrgr:
 
Може тогаш разбрале дека финалето е на Сан Мамеш, па затоа си заминале. :icon_mrgr::icon_mrgr:
Ако продолжите да спамате за то, ништо чудно и да фати некоја елементарна непогода во Билбао и да го преместат :D
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom