84-то издание на Оскарите

Оскарот за најдобар филм оди за...


  • Вкупно гласачи
    36
  • Гласањето е завршено на .

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Сара Џесика Паркер добила овде награда за најдобар коњ у филм...

И with all respect to Meryl, али доста и е, нека не изиграва Алушевски сеа, нека остави место за помладите...
Немој ти како Миланка за Том...:icon_mrgr:

Во филм, не можеш баш да оставаш место на помладите... Кој би ја глумел еве Маргарет Тачер? Не може млада девојка да ја глуми... Башка за да се одглуми лик како Тачер потребно е ооооооогромно искуство. Секому според заслугите. Ако младите не ги бивало годинава, нема да се номинирани. Не дека додуша Оскарите се репер за нешто, ама лично ретки ми се младиве глумици што ме одушевуваат. Ти за Мерил збориш, а дедето што на 82 години доби Оскар за споредна улога? :icon_mrgr: Филмовите се такви, потребни се глумици од сите возрасти, секаков тип на улоги се потребни. :)
 

VLJ

Член од
14 ноември 2011
Мислења
2.277
Поени од реакции
4.314
На Мерил треба да и' се даде некој почесен оскар за животно дело и повеќе да не ја номинираат, бидејќи речиси секогаш ќе ја смачка конкуренцијата.
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
4.346
Поени од реакции
3.754
Ај за The Artist оскар за најдобар филм ќе разберам (жирито од академијата се палат на артистички филмови што само они ги разбираат), ама за главна машка улога пред Гери Олдман уште не можам да се помирам. Може се одлучиле да снимат нем филм пошто 2 збора англиски не знаеше оној :ROFLMAO: Инаку за Мерил Стрип иако ми е одбивна и неможам да ја поднесам, мислам дека заслужи оскар. Како глуми значи... класа е, тука нема збор.

Идната година ќе биде поинтересно, се надевам на The Hobbit дека ќе ги истури со оскари!
Баш болдот е прашањето, не дека е ова филм што само они го разбираат, многу е едноставен со плитка, да не речам глупава приказна. Да е таков че разберев, ама вака. башка хепи енд има :D Кај има уметнички филм со хепи енд ? :icon_mrgr:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.965
Поени од реакции
57.716
Немој ти како Миланка за Том...:icon_mrgr:

Во филм, не можеш баш да оставаш место на помладите... Кој би ја глумел еве Маргарет Тачер? Не може млада девојка да ја глуми... Башка за да се одглуми лик како Тачер потребно е ооооооогромно искуство. Секому според заслугите. Ако младите не ги бивало годинава, нема да се номинирани. Не дека додуша Оскарите се репер за нешто, ама лично ретки ми се младиве глумици што ме одушевуваат. Ти за Мерил збориш, а дедето што на 82 години доби Оскар за споредна улога? :icon_mrgr: Филмовите се такви, потребни се глумици од сите возрасти, секаков тип на улоги се потребни. :)
Абе не сакам да ја хејтам, секоја чест за нејзините успеси, мене лично не ми била никогаш меѓу поомилените, али и спуштам капа.

На дедото Пламер тоа му беше прв оскар на 82 години. Нешто такво ќе видиме и по 40тина години кога старец со избледена долга (долга е најважното) коса ќе се појави на сцената со себе водејќи ја неговата жена, штотуку прогласената за најубав скелет у светот. И секако United colors of Beneton хорот у позадина. :ROFLMAO:

Еве, Џек Николсон ќe го земам, он после третиот оскар, полека се откажа, сите филмови послем (освен Departed океј) му се некои Адам Сендлер комедии. Мислам дека и Мерил треба да направи така... ма да она ко што има 32467 номинации, каков филм и да сними пак ќе ја номинираат... :D
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.620
Поени од реакции
59.444
Хелоу френдс,

начекав шанса да се уфрлам на форум по подолго време за да го елаборирам моето мислење по повод Оскарите и да ве искарам за некои од коментарите, по што херојски ќе побегнам и нема да добиете шанса за дебата :) Штета, зошто Оскарите се тема за која секогаш сум расположен, но што е тука е.

Одма на главното додека не сум заборавил: неочекувана според мене критика и разочарување од Артистот. Посебно овде имам забелешка на VLJ кој до сега сигурно знае дека многу ги респектирам неговите мислења, па затоа ме изненади што го критикуваше доделувањето на Оскарот за најдобра машка улога, иако има изгледано само 30 минути од филмот. Мислам дека не е во ред, ги разбирам другите кои го изгледале но не вака. Јас лично очекував дека Оскарот ќе му го дадат на Клуни чисто поради реномето, но факт е дека французинот одглуми за сите пари. Тоа што филмот е нем не ја прави неговата работа полесна туку потешка, затоа што му е одземено едно средство за изразување, а најтешки се улогите во кои треба многу да постигнеш со говор на телото и гестикулации. Расел Кроу имаше некои такви улоги во кои малку зборуваше но многу направи. За мене, Дужардин имаше врвна претстава, јас се соживеав со неговиот карактер, со неговата приказна, тој ме внесе во филмот. Мислам дека предност на неговата улога во однос на оние на Клуни и Пит е што тој одигра во филм кој ќе остане во сеќавањето како уметничко дело и како освежување во минатата филмска година, додека Клуни и Пит искрено глумеа во филмови кои ќе се заборават брзо. Иако немаше да биде незаслужено ако Клуни добиеше Оскар, сепак ова е сосема во ред за мене.

Понатаму, и јас пред да го гледам филмот имав мислење дека ќе победува само затоа што е различен но сепак после гледањето сватив дека филмот си ги заслужува критиките и дека едноставно е подобар од конкуренцијата во еден куп сегменти. Морам да кажам овде дека сеуште не ми е гледан Хуго на Скорсезе, но останатото безмалку се ми е гледано. Не можам да ги разберам споредбите со Хурт Локер, филм од кој Аватар беше јасно подобар. Знаејќи дека филмови како Tree of Life и Melancholia не поминуваат кај Академијата, нема ништо што би требало да не изненадува оваа година.

Падна муабет за Мајкл Шенон. Не знам дали Take Shelter воопшто исполнил услови за да биде разгледуван од Академијата. Претпоставувам дека тој филм воопшто не е ни разгледуван. Исто така Тилда Свинтон заслужи барем номинација за We Need To Talk About Kevin, па дури и дечкото што го глумеше Кевин одглуми топ.

Инаку, да имаше награда во која ќе се земаа во предвид сите улоги на еден актер во тековната година, Џесика Частеин ќе ја освоеше глатко.

Оскарите ги гледам за забава и од тој аспект вчера беше ОК, имаше добри моменти и лоши моменти, нешто над просекот. Били Кристал малку зарѓал но нуди некаква стабилност, барем нема да потоне бродот. Монтираните материјали беа одлични, Циркусот исто, некои од презентерите како оние двајцата со гонговите беа јаки, но некои беа катастрофа како Роберт Д.Џуниор, Бен Стилер итн... многу претенциозно и вештачки. Крис Рок е цар! :) Колку французите не разбираат англиски тоа е чудо едно... :)

Мислам дека филмски гледано ова беше пристојна година. Знаеме за многу подобри кога конкуренцијата била жестока, но знаеме и за очајни години. Ако чувствувате неправда во некој случај, сетете се дека Николас Кејџ има Оскар, а Едвард Нортон нема, и ќе ви помине одма. Испробано :)

Ете тоа, нао ај шел гоу.

Поздрави!
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.736
Поени од реакции
27.727
На Вуди Ален му се премногу меинстрим церемонииве?

И што беше со 2те типки од bridesmaids што го спомнаа Скорсезе и се напија алкохол(претпоставувам)?
 

Cannon

Doctor
Член од
22 март 2009
Мислења
5.101
Поени од реакции
5.841
Оскарите се одамна веќе overrated, кога само ќе видите кој се членува во академијата се ќе ви стане јасно, има голем број на луѓе кои се таму а немаат врска со филмот (а се таму најчесто поради тоа што се во некоја врска со некој филмски продуцент или сл, како на пример неговата жена итн.)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
http://edition.cnn.com/2012/02/27/opinion/anderson-oscar-night/index.html

Еве една интересна анализа која има малку повеќе критика што се однесува до Оскарите.

На Вуди Ален му се премногу меинстрим церемонииве?

?
Јас некако и го разбирам. Поентата на актерите/актерките и сите останати во филмската индустрија е да се спонтани, да знаат да импровизираат, во тоа е уметноста на глумата. Оскарот од година во година станува се повештачки и повештачки, говорите се читаат од ливчиња, нема некој говор кој ќе те наежи или кој ќе го запаметиш. Посебно внимание ми привлекоа Џорџ Клуни и Бред Пит, по извештачени и по неприродни насмевки во текот на целата церемонија одамна немам видено. И што мајка тогаш би барал Вуди Ален таму? Не е Оскарот таа гламурозна и величествена манифестација која порано била.
 

karlovic

имам срце ама имам и фрижидер
Член од
5 ноември 2010
Мислења
616
Поени од реакции
161
Што се однесува до победниците, Артист како и 90% од вас тука, осеќам дека ќе го изгасам после 10мин гледање.Мерил Стрип, краљица, немам зборови за жената, заслужен оскар ама исто и оваа Октавија Спенсер толку ми беше душичка коа доби за споредна, што слатко си се изнасмеав:)За французинот не зборам, нека научи прво англиски.
Hugo деф. растури според мене иако можеа и + еден два оскари да му доделат(се надевам ќе најдам време да го sирнам деновиве).
Били Кристал sвер, ама чоеку прекини више со пеењето аман:D
Како мислиш дека спорд тебе требало да му доделат уште еден или два оскари кога не ни го имаш гелдано филмот??

А за французинот ај да не коментирам каква глупост кажа
 

Tegla

Interista
Член од
20 февруари 2012
Мислења
5.113
Поени од реакции
9.062
Не е Оскарот таа гламурозна и величествена манифестација која порано била.
Гламурот е сеуште присутен, Оскариве се онакви кавки што од поодамна биле, барем од кога ги гледам, а ги гледам десетина и повеќе години. Поентата е да се прикажат во најдобро светло глумците и тимот кој работел на филмот. Нашминкани во креации на познати креатори и со скап накит, насмеани и со еден тон поздрави до мајка им и татко им и не знам кој уште не. За мене лично Оскар е едно големо модно шоу, каде квалитетот на филмовите е споредна работа. Се знае добрите и интересни филмови својот успех го покажуваат финансиски со полнење на кино салите. Мислам и дека самите режисери и продуценти повеќе им се смешкаат на милионите кои ги заработуваат одколку на златната статуетка која ќе им собира прашина во витрините (не дека не ја посакуваат) :)
 

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Гламурот е сеуште присутен, Оскариве се онакви кавки што од поодамна биле, барем од кога ги гледам, а ги гледам десетина и повеќе години. Поентата е да се прикажат во најдобро светло глумците и тимот кој работел на филмот. Нашминкани во креации на познати креатори и со скап накит, насмеани и со еден тон поздрави до мајка им и татко им и не знам кој уште не. За мене лично Оскар е едно големо модно шоу, каде квалитетот на филмовите е споредна работа. Се знае добрите и интересни филмови својот успех го покажуваат финансиски со полнење на кино салите. Мислам и дека самите режисери и продуценти повеќе им се смешкаат на милионите кои ги заработуваат одколку на златната статуетка која ќе им собира прашина во витрините (не дека не ја посакуваат) :)
Не мислев гламурозна во тој смисол... Се фати за едно зборче од целиот текст... :)
 

wot

aloof
Член од
20 мај 2008
Мислења
19.645
Поени од реакции
34.067
Io noob, контрадикторен си. Го браниш Артистот затоа што е.. револуционерен од некој аспект со аргумент дека Descendants и другите се филмови кои лесно ќе ги заборавиме а од друга страна ми го форсираш The Hurt Locker во кој заборавивме што беше генералниот плот против Аватар кој беше фантастично нешто од визуелен аспект, новости, камера-достигнување.. кога некој ќе ми спомнеше 3д ми текнуваше на децата шпиони во кино преку училиштето.. сега прва асоцијација ми е Аватар. Нема кој не слушнал и го гледал. Hurt Locker.. беше јасно полош од скоро било кој таа година.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom