Хелоу френдс,
начекав шанса да се уфрлам на форум по подолго време за да го елаборирам моето мислење по повод Оскарите и да ве искарам за некои од коментарите, по што херојски ќе побегнам и нема да добиете шанса за дебата
Штета, зошто Оскарите се тема за која секогаш сум расположен, но што е тука е.
Одма на главното додека не сум заборавил: неочекувана според мене критика и разочарување од Артистот. Посебно овде имам забелешка на VLJ кој до сега сигурно знае дека многу ги респектирам неговите мислења, па затоа ме изненади што го критикуваше доделувањето на Оскарот за најдобра машка улога, иако има изгледано само 30 минути од филмот. Мислам дека не е во ред, ги разбирам другите кои го изгледале но не вака. Јас лично очекував дека Оскарот ќе му го дадат на Клуни чисто поради реномето, но факт е дека французинот одглуми за сите пари. Тоа што филмот е нем не ја прави неговата работа полесна туку потешка, затоа што му е одземено едно средство за изразување, а најтешки се улогите во кои треба многу да постигнеш со говор на телото и гестикулации. Расел Кроу имаше некои такви улоги во кои малку зборуваше но многу направи. За мене, Дужардин имаше врвна претстава, јас се соживеав со неговиот карактер, со неговата приказна, тој ме внесе во филмот. Мислам дека предност на неговата улога во однос на оние на Клуни и Пит е што тој одигра во филм кој ќе остане во сеќавањето како уметничко дело и како освежување во минатата филмска година, додека Клуни и Пит искрено глумеа во филмови кои ќе се заборават брзо. Иако немаше да биде незаслужено ако Клуни добиеше Оскар, сепак ова е сосема во ред за мене.
Понатаму, и јас пред да го гледам филмот имав мислење дека ќе победува само затоа што е различен но сепак после гледањето сватив дека филмот си ги заслужува критиките и дека едноставно е подобар од конкуренцијата во еден куп сегменти. Морам да кажам овде дека сеуште не ми е гледан Хуго на Скорсезе, но останатото безмалку се ми е гледано. Не можам да ги разберам споредбите со Хурт Локер, филм од кој Аватар беше јасно подобар. Знаејќи дека филмови како Tree of Life и Melancholia не поминуваат кај Академијата, нема ништо што би требало да не изненадува оваа година.
Падна муабет за Мајкл Шенон. Не знам дали Take Shelter воопшто исполнил
услови за да биде разгледуван од Академијата. Претпоставувам дека тој филм воопшто не е ни разгледуван. Исто така Тилда Свинтон заслужи барем номинација за We Need To Talk About Kevin, па дури и дечкото што го глумеше Кевин одглуми топ.
Инаку, да имаше награда во која ќе се земаа во предвид сите улоги на еден актер во тековната година, Џесика Частеин ќе ја освоеше глатко.
Оскарите ги гледам за забава и од тој аспект вчера беше ОК, имаше добри моменти и лоши моменти, нешто над просекот. Били Кристал малку зарѓал но нуди некаква стабилност, барем нема да потоне бродот. Монтираните материјали беа одлични, Циркусот исто, некои од презентерите како оние двајцата со гонговите беа јаки, но некои беа катастрофа како Роберт Д.Џуниор, Бен Стилер итн... многу претенциозно и вештачки. Крис Рок е цар!
Колку французите не разбираат англиски тоа е чудо едно...
Мислам дека филмски гледано ова беше пристојна година. Знаеме за многу подобри кога конкуренцијата била жестока, но знаеме и за очајни години. Ако чувствувате неправда во некој случај, сетете се дека Николас Кејџ има Оскар, а Едвард Нортон нема, и ќе ви помине одма. Испробано
Ете тоа, нао ај шел гоу.
Поздрави!