Лига на Шампиони 2016/17

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Заслужи да биде во тим на колото пред Циндриќ. Не дека не изигра супер и Циндриќ ама вчера освен головите Фитиљот имаше и неколку јаки асистенции.

Имаше стварно Кузмановски ѕверска партија, ама не се согласувам баш. Циндриќ практично скоро сам го растури РНЛ, 7 гола и преку 10 асистенции ако не грешам. Плус точно е дека нивото на противникот е многу различно макар што тоа и не го земаат во предвид секогаш.
 
Не дека не заслужил и Циндриќ, пишав дека изигра супер. Работата е што по една таква страшна партија на талентирано дете кое допрва треба да покажува и е анонимус ЕХФ треба да го награди со признание. Сепак не треба да значи дека ако играат во послабите групи се небитни. А за нивото на противникот кога зориме. Па и Металург не е ниво на Вардар. Варда е моментално и подобра екипа од РНЛ. Во моментов со ПСЖ можда и во најдобра форма. Циндриќ е опкружен со играчишта во Вардар. А Фитиљ вчера во напад играше најчесто со Велковски, Талески и Печенковски и Обрадовиќ на пикер понекогаш.
 
Добро, секој голем клуб, без разлика на која школа е младите талентирани играчи кои се слаби дефанзивци одреден период ги игра строго во одбрана. Често и Барса, Кил, Веспрем и остали играат млади играчи по цела полусезона во одбрана, па после ги пуштаат да шутираат напред. Така добиваат две работи, ем играчот ја учи одбраната ем во вториот дел од сезоната имаат џокер во нападот.

Така и со Кузмановски може да биде случајот, па да профитира и тој а и Металург.

Но пошто е во прашање Червар, не е чудо да го заборави во одбрана и да го запусти ко грото играчи до сеа. :D

Сепак испадна подоброто сценарио и беше добар потег на Червар, реално. Али па да не им се повредеше Обрадовиќ чисто сумњам дека ќе го пуштеше Фитило на слобода. Како и да е, добро е што учи и одбрана и се оформува во комплетен модерен играч и уште подобро е што го форсираат на среден бек.
 
Он и коњаникот каков тандем би биле аууу :pijani: Каков Југо и Видара, каков Калински и Панчев. . . :LOL:
Немам толкави ракометни познавања јас :icon_mrgr:
Плус, одамна се пензионирав од извештаите :pos::icon_mrgr:

Томасино си кине по темиве, ептен ми е мерачки кога ќе му налетам на долг пост, без разлика во која тема е напишан :icon_mrgr:
Го држи форумов жив :icon_mrgr:
 
Немам толкави ракометни познавања јас :icon_mrgr:
Плус, одамна се пензионирав од извештаите :pos::icon_mrgr:

Томасино си кине по темиве, ептен ми е мерачки кога ќе му налетам на долг пост, без разлика во која тема е напишан :icon_mrgr:
Го држи форумов жив :icon_mrgr:

On i Xsago se eksperti samo Tomasino vmetnuva elemnti za ljubitelite na komedijata dodeka Xsago e klasika :)
 
On i Xsago se eksperti samo Tomasino vmetnuva elemnti za ljubitelite na komedijata dodeka Xsago e klasika :)

пред неколку години имаше уше еден член со големо познавање, не ми текнува на ник али некаде по темиве прочитав дека за Шпанија заминал и затоа прекина со пишување
Коњаникот послем банот не е истиот, претходно многу јаки анализи за натпревароте на Фк Вардар имаше


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
пред неколку години имаше уше еден член со големо познавање, не ми текнува на ник али некаде по темиве прочитав дека за Шпанија заминал и затоа прекина со пишување
Коњаникот послем банот не е истиот, претходно многу јаки анализи за натпревароте на Фк Вардар имаше


Sent from my iPhone using Tapatalk
Мислиш на @bbbbbb а Коњаникот овде лапна модераторско место, а со Вардар пола Европа ја прошета нормално дека ја нема слободата од времето кога беше млад ултрас :icon_lol:
 
ЛАНГСЕС ДЕРБИТО уште еднаш покажа дека НЕМА ФАВОРИТИ во овие дуели.
Откако Љубо Врањеш со комплетна втора постава буквално ГО ИЗМОЧА КИЛ СРЕДЕ ШПАРКАСЕ АРЕНА сеа на ред беше Кил да врати.
Посебно по минатот пораз во Фленсарена кога Кил беше избушен со 10ка и вчера се очекуваше некоја сигурна победа на Фленсбург,ама не беше така на терен.
Премногу грешки на Фленсбург,пробивања,грешни додавања,себичност,плус во прво Волф искина со неколку тешки топки и Кил го диктираше темпото,посебно по стартните добри минути на Фленсбург кога Јакобсон добро отвори,после се изгуби цела постава,крилата затворени,Тофт Хансен даде неколку гола,пред се од отпадок.
Кил доминираше во прво,целосно го контролираа мечот,17 гола дадоа,и тоа со Матијас Андерсон на гол,доста паметно одеа на зона,со некоја дуел игра еден на еден или со Јакобсон или со некој влез на Зајц против Џим Готфридсон на 5ка.доста мудро ги користеа сите тие дупки во одбраната,посебно во таа транзиција кога ќе се отвореше некоја дупка во зоната,Кркмата добро ја користеше секоја таква ситуација,или сам одеше ГЛАВЕЧКИ да закуца или даваше топки во НФЛ КВОТЕРБЕК СТИЛ до играч шо беше во налет,се на се заслужено Кил го доби првото полувреме.
Во второ како две различни екипи да излегоа на терен,влезе Мелер на гол,Фленсбург ја стегна одбраната и ги откажа целосно стрелците на Кил,за 10 и кусур минути Кил даде само 2 гола а прими 7 и мечот се сврти во полза на Фленсбург,но кога требаше да нагазат и да диктираат темпо тогаш како да се уплашија од предизвикот и го вратија Кил во игра.
Премногу технички грешки,малку и судиите ги изреметија со тој чуден критериум секој контакт со зона да го судат како пробивање,посебно Лауге се изгуби во таа игра,Јакобсон напрај неколку врзани грешки во серија,пробивања,грешни додавања,и тоа со играч повеќе на терен,и кога не се корисат вакви шанси искусна екипа како Кил ќе те казни,Вујин даде неколку екстра тешки голови од надвор(таа двојка со Зајц и Вајнхолд на десен не функционира како треба),Билик влезе и беше џокерот на крај,2 екстра тешки голови закуца и Кил го однесе мечот во своја предност,а со самото ова го натера Фленсбург безглаво да ја брка предноста,последните 5 минуи беа класична антипропаганда на технички ракомет,повеќе технички грешки од шутеви на гол,и на крај,сепак,Кил заслужено слави,подрски беа,знаеа шо сакаат,за разлика од Фленсбург кој некако со страв влезе во дуелот,а и Врањеш свесно ги остави ГОЛЕМИТЕ ПИШТОЛИ на клупа,пред се Гландорф и Мае,па со тој лимитиран состав не можеа целосно да парираат,посебно не без некој лидер во екипата кој ќе повлечи,сите беа под својот просек,затоа така конфузно делуваше се.
Кил со овие бода се враќа некако на некое ниво,ама подалеку од 5то место не ми се верува да земат,иако ако тепаат на тие домашни мечеви пред се со Веспрем и Барса можеби и ќе кренат барем едно место погоре,посебно шо Фленсбург има многу тежок распоред,гостувања во Веспрем и Барселона,во Плок каде со ваква игра ќе изгорат како свеќи,плус ПСЖ на домашен терен,ова се 4 екстра тешки мечеви кои ако не ги изиграат сериозно лесно ќе ја одредат натамошната судбина во сезоната,иако противниците од другата група се по мерка,но добро ќе е за нив да избегнат некој од Киелце или РНЛ,како и да е,Фленсбург оди на бундеслига сезонава,ЛШ е само дополнителен бонус,да се уиграат останатите играчи,не се замараат многу овде.
Кил од друга страна со оваа екипа резултатите треба да ги бара во иднина,кога ќе се уиграат Волф,Сантос,Билик,Нилсон со останатите,посебно ако се врати Дисинџер на она ниво на кое треба да е.
Останата понуда,денес.
Медведи-Елверум

Отвораат денес,меч на ЌОРИОТ И СЛЕПИОТ,понепредвидливи екипи од овие нема.
Медведи ја исчукаа Ла Риоха,МАШКИ,37 парчиња,изгубија ко магариња од Татран TWICE,а од друга страна Елверум го тепа Татран во гости,изгубија од Металург на начин како РК Охрид не би изгубил,и кога ќе видиш работата е ЗАБЕГАНА ТОТАЛКА.
Денес се е отворено,Елверум е без стартниот лев бек кој не играл и со Античките,со тие ниски брзи бекови ќе видиме како ќе се снајдат против мечињата.
Нон стоп го бараат тој суртукот од пикер кога немаат идеја,сеа без ротација не баек тешко ќе оди.
Ќе видиме како ќе оди денес,би требало Медведи да е некој фаворит,иако во оваа луда група се е можно,сите тие екипи од 3-6 место се тука некаде,максимално изедначени па нема изразити фаворити.
ВИКЕНД
Мотор-Динамо

Многу важен меч за Мотор,по сензационалната победа во Франција сега е моментот за Мотор,со две победи дома и во гости против Холстебро ете ги Мотор на второ место.
Сепак заслужено,опасна екипа имаат.
Динамо можеа доста повеќе,по мене овај тим е тука некаде,веднаш зад Мотор,и да тепаа барем еден меч во гости од тие мечеви со Холстебро и Брага и посебно тој меч со Бешикташ дома ќе беа доста сериозни кандидати за второ место,опасна екипа,У УСПОНУ,имам пишено за Динамо каква екипа има,со мали корекции опасна екипа ќе имаат за иднина,во случај да ја одбранат титулата од опасните душмани,пред се од Добруџа Суд на Бранче Ангеловски и Ракчевиќ,ако успеат да ја одбранат титулата догодина ќе имаат опасна екипа,ако не ќе паднат и сигурно нема да имаат толку голем буџет како сегашниот,сепак Романија е ова,таму не се знае до денес како ќе е со парите,една инспекција во клубот и толку:kluc:
Вардар-РНЛ
Овде се освен победа на Вардар е изненадување,мислам дека нема да има проблем околу победата,но овај пат Јакобсон сигурно нема да остави се на случајот,би требало да пружат повеќе отпор,посебно се опасни вака,ќе ги пушти резервите,пред се ЧОКОЛАДНИОТ ДАНЕЦ НА ПЛЕЈ,на крила Деки и Стенхаузер,за голман немаат алтернатива,ќе мора Ник Слотер да брани цел меч.
Нема да имаат сила за цел меч да парираат,очекувам да е како на ланскиот меч,кога се држеа до кај 40та минута некаде,па после ќе ги реши поголемата ротација на Вардар.
Ќе видиме,сепак Вардар ќе треба да е претпазлив,секогаш најопасни се Швабите кога ќе ги потцениш,но овај Вардар не е Киелце,имаат играчи шо се гладни за игра и да не му оди на некој имаат замени,затоа се толку силни,за разлика од Киелце кој е прелесно да го прочиташ.
Би требало да тепа Вардар,со некоја пристојна разлика од барем 3 гола.
Сегед-Кристианстад
Овде треба да е лесна победа за МАЏАРИТЕ,влезе во форма Сегед,ако успеат да направат некој брејк во гости,пред се во Германија или Полска ништо чудно и за 3то место да се борат.
Монпеље-Ла Риоха
Директен дуел за прво место,клучен за двете екипи.
Монпеље полека фаќа залет,конечно почнаа да се уиграваат,сепак неколку нови играчи имаа,потребно беше време да се види шо екипа се.
Монпеље е фаворит,нема дилема тука,Шпанците се опасна екипа,би требало да пружат некој добар фајт,но не ми се верува да имаат сила до крај да се држат со оваа екипа на Монпеље,пред се таа клупа треба да го реши мечот,поголема ротација има Канаје на располагање,тоа треба да е клучно,плус одбраната и голманите се далеку поспремни,ова треба да е клучот.
Ла Риоха има неколку солидни играчи кои ако имаат ден се јао оружје,но таа слаба одбрана ги заебава ептен,во Шпанското првенство некако се вадат,ама во ЛШ имаат преголеми ослцилации и не успеваат секогаш да се вратат ако заминат работите во погрешен правец.
Треба да тепа Монпеље,подобра екипа се во секој случај.
Кадетен-Висла
Можеби клучен меч за Висла во броба за 6то место,мора да тепаат една во гости,а во Швицарска ако не тепаат нема каде.
Мора да искористат шанса,сепак за класа се подобар тим од Швајцарците,ќе видиме,сепак не се наивни Кадетите,Часар,Линигер,Шиба,Мариновиќ на гол,домашен терен,се е можно.
А Пољак си е Пољак,со јаките игра јако,со слабите знае да се изгуби,класична ИСТОЧНО ЕВРОПСКА ПСИХОЛОГИЈА:pos:.
Сепак Висла е појјак тим,во предност се,иако не мора ништо да значи ова,на гости не победува секогаш подобриот тим,туку похрабриот и поконкретен тим.
НЕДЕЛА
Бешикташ-Нант

Не би требало пак да се заебава Нант,иако не ја исклучувам можноста да го сркнат пак,сепак во Истанбул не се игра лесно.
Опасна екипа се Османлиите,Доне и Озбакар партали прават,овие двајца треба да се преселат во некоја подобра екипа,имаат квалитет,неспорно е ова.
Плус ако има ден некој од странците,пред се Прибак и Вражалиќ можат да направат беља Турците,сепак Нант е за класа појјак тим,би требало да е во предност овде и да тепа.
Клучен меч за Бешикташ,ако овде направат сензација ќе задржат шанси за понатаму,ако не ќе си ја чукаат главата зошто изгубија од Холстебро:icon_lol:
Кога сме кај Холстебро,небитен меч со Брага,ЗА КЛАДИЛНИЦИ,или ќе ја играат на голови како шо се очекува да паднат 70 гола,или ЌЕ ГИ ЗАЕБАТ СИТЕ:pos:
ПЕСЕ ЖЕ-ВЕСПРЕМ
Дерби овој пат пред ТЕАТАРСКА ПУБЛИКА во Парис,за разлика од пеколот во Веспрем.
Во таа салата цела со знамиња:pos:,нацртани,театарска атмосфера,ама не игра публиката овде,КАКВА ЕКИПА ИМА ПСЖ:shook::shook::shook:
Лудаци класични,страшна екипа,ако не се лажам вчера најавија дека на мечот со Монпеље се врати и Бараше,е со овај касап сеа во одбрана уште појјаки ќе бидат.
Карабатаците,Јеспер Нилсон,Бараше,Мелгард:pistoldz:плус СТАРИТЕ ВЕШТЕРИ НА ГОЛ:sakasuste::sakasuste::sakasuste:
Пак ќе тепа ПЕ СЕ ЖЕ,Веспрем без ротација тешко ќе даде фајт,Палмарсон е преважна алка за овај тим,не знам и тој Сабате тикварот од серијата ТЕЛЕТАБИСИ зошто и Анчин не го уфрлува во таа ротација,во неделата цел меч Ласло го одигра во два правци,во напад тотално бескорисен,пред се со шутеви кон гол,во одбрана многу дуели изгуби од Лука,мора да го пушти Анчин малку,има скок шут другарчето,опасен пуцач,можеби ќе го проба во Париз,посебно ако тргни колата низ брдо,а како игра ПСЖ сигурно ќе има УДОЛНИЦИ.
Се освен победа на ПСЖ еизненадување,иако треба да е тесен меч,сепак Веспрем има опасна екипа,не смеат да се отпишат вакви лудаци,плус и тие имаат голмани кои можат да решат меч,вистинско дерби,меч за гурмани.
Барса-Силкеборг
БАРСА САКА РЕПЕТЕ,шо би рекле Комити:pos:,уште едно ќотече ќе си добијат иако овде ќе издоминираат повеќе.
Сепак класа се за Силкеборг,освен да ги немаа некои тиквари како Шипршак кој не е учен ќотек да јади,како само ислучи киклопот во Данска,се изнервира дека го шлапаат и зеде го турна тој чуварот како партал,хаха,арно и тој Данецот не очекуваше иначе да паднеше чист црвен ќе беше,без Сораиндо Барса има доста проблеми на линијата,изгледа повреден е зверот,без него тешко оди,мора Нодесбо да покрива,кое играчиште е овај лудак значи,класа пикер,звер.:bravobe:
Ќе тепа Барса овде,иако ќе има фајт од Данците,барем на почеток:sakasuste:
Античките-Татран
Треба да фатат серија Античките и да тепаат,подобра шанса од Татран нема да имаат.
Екипа по мерка,еднаш лесно ги чукнаа во СЕХА,после во ЛШ изгубија добиен меч,сеа треба да е полесно,па којзнае,ако изгуби Ла Риоха во Франција(а треба да изгуби)после Античките да решаваат на директен дуел во Ла Риоха во Шпанија за второ место,се бива:icon_mrgr:
Не би требало да има проблеми за победа,во Скопје Металург е сосема поинаква екипа,ако не се глупира чиката со составот со таа постава во напад предводена од Фитило и Обрадовиќ ќе ги решат Словаците.
Киелце-ППД
Овде е чист кец,нема дилема.
Нема да дозволи Талант да има проблеми овде.ќе летаат шамари,како шо е збеснат Талант има да ги тепа со стап ако се заебаваат:boksix:.
Цеље-Мешков

Овде треба да е сосема различен меч од Белорусија,мислам дека овој пат Мешков ќе изигра далеку подобро од првата текма,ја научија лекцијата и ќе тепаат во Словенија.
Цеље не игра добро под притисок дома,се губат,во гости се подобри зошто одат растеретени од императиви,тој притисок им се одразува во игра и противниците ова вешто го користат.
Се зависи од Мешков,ако влезат сериозно во мечот ќе тепаат,појјаки се,подолга клупа имаат,и пред се подобри голмани,овде Пежиќ или Мијатовиќ треба да ја напраат разликата.
Ќе видиме,интересен меч во секој случај ќе е,доста важен за двете екипи,Цеље со добар резултат ќе избие во преден план за 6 то место,а Мешков ако тепа би имал некоја шанса за повеќе од то место.
 
@Tomasino браво друже, како не ти е мака и за овие слабите дуели да пишуваш секое коло. :cuc:

Инаку Бараше веќе неколку кола е во поставата на ПСЖ, само вчера доби шанса последните 5 минути со Монпеље. Инаку страшна игра на ПСЖ вчера, многу повеќе разлика требаше да е од 6, еден куп зицери изнапромашија, а и Портнер во второ доста скина. Како само лесно правеа вишок за Лука и Уве, повеќе од пола голови им беа така или од пенали направени на тој начин. Друго што се забележува во ПСЖ во последно е Ремили, како само се вклопи во играта, како 5 години да игра заедно со нив, комплетно го истисна Степанчиќ кој е изгубен во време и простор во последно. Одлично почна и тој на почетокот на сезоната, ама сега е дупка. Премногу е спор и тромав во движењето, единствено скок шут што има, на дуел игра одма го фаќаат и отиде нападот. Вчера и за тоа малку време што беше еден куп грешки направи, па повторно влезе Ремили. Сега и со здрав Бараше (мада прашање на време е и тој кога ќе се повреди пак, целиот изврзан како мумија е) нека се мисли Степанчиќ за својата минутажа.
 
БАРСА САКА РЕПЕТЕ,шо би рекле Комити:pos:

Не е од Комити песната, на Тетекс-Шкендија е промовирана. :D

Металург ако тепа, а би требало да не се избрука, ќе биде на бод од пласман потанатму. :pos:

Какви смешки е таа група :shook:
 
Се надевам Кузмновски не е опасно повреден. Месец и пол отприлика има до првенството се надевам ќе се опорави. Без него готова е репрезентацијата, нема играч кој може да покрива таму каде што ќе треба да игра тој (замена за Миркуловски).

Инаку за натпреварот со Татран, како попарени почнаа откако им се повреди Кузмановски уште во 2рата минута. Цела концепција им се уништи. ама штом се консолидираа лесно си ги исплескаа. Ако не се повредеше Фитиљот, 10+ ќе ги победеа 100%. Слаби се Татран, само на "ура" победуваат понекогаш кога ќе им тргни. Освен Рабек и Хрстка, се друго е под ниво за ЛШ, а и на Хрстка не му одеше на овој натпревар.

Од друга страна, добро е што Талески пак се враќа во ритам. Добар беше и со Вардар, добар и денес. 2 натпревари им доби на Металург сезонава и овој и првиот со Елверум.
 
ГРУПА А
Во дербито на колото ПЕ СЕ ЖЕ уште еднаш докажа ЗОШТО Е НАЈГОЛЕМ ФАВОРИТ ЗА ТИТУЛАТА СЕЗОНАВА.
Машина се,страшна екипа имаат сезонава,посебно ако имаат активирано ТИТУ ОМЕЈЕР MODE ON.
Кога имаш таков ЛУДАК ОД ГОЛМАН се е лесно,во прво имаше близу 50% одбранети удари,и тоа грото зицери,10 одбрани,страшно нешто,ете ја разликата.
Но и Псж се мачеше во напад против касапската одбрана на Веспрем,Степанчич во овај период ги дршеше во напад,5 парчиња закуца,плус 4 дадоа и Нико и Хансен,надворешната линија ги одржуваше во игра,крилата и пикерите беа затворени,посебно Уве промаши неколку зицери и пенал,и голманите на Веспрем беа во елемент,но и покрај се на полувреме 14-12 за Парис.
Во второ Веспрем тргна МАШКИ,и успеа да напрај 3-0 серија и речиси 7 минути да ги затвори сите приоди кон голот,но после тргна ПАРНИОТ ВАЉАК,ги сомлеа,од 16-15 за Веспрем некаде во 4та минута ПЕ СЕ ЖЕ напрај серија од 9-1 и ги уништи,само 23% имаа процент на напад во тој период во второ гостите,Омејер кинеше на голот и толку беше.
Уве даде 6 комада од игра за само 10ина минути,ги уништија со таа брза транзиција,и заврши и оваа приказна.
Веспрем според мене е единствен кандидат кој би можел некако да парира на овие лудаци,и можеби и Барса,другите се едно скалило подолу.
Но Веспрем има проблеми сезонава,не играат како треба,а имаа страшен ростер,недоволно ги користи своите потенцијали Сабате,пред се Анчин да десен,а и Палмарсон го изолира во постава со Шема и Копљар,далеку подобри би фукционирал со еден Илиќ на лев,каде би имал повеќе простор,вака на лев целиот товар на противничките касапи го изеде тој.
Сепак Веспрем има простор за напредок,опасна екипа се,и не смеат во никој случај да се отпишат,фаворити ќе бидат против било кого да играат од другата група,а има време до пролет кога ќе се бијат главните битки.
Засега вака стојат работите во Европа,ПСЖ па сите останати.
Кадетен-Висла
Висла не искористи брејк и ќе се мачи со Силкеборг за тоа 6то место,плус и тој пораз од 9 разлика шо го сркнаа во Данска скапо ќе ги чини,
Добро почнаа со Кадетен,имаа игра првите 40ина минути и после застанаа,очекувано беше дека Кадетите ќе дадат фајт,баш за тоа играат тие во групата,најслаби се од сите ама се борат машки,а ако начекаат шанса да те чукнат ЧУКААТ,и така испадна,Висла покажа на дело дека е ЗЕЛЕНА ГОСТИНСКА ЕКИПА,дома едно лице,во гости друго,иако дадоа добар фајт во Парис и Фленсбург,но кога си фаворит во гости треба далеку повеќе ,пред се во напад,со само 25 гола без учикок на пуцачите Томаж Гебала и леваците Ивиќ и Де Толедо тешко оди,иако пониските добро се снајдоа,пред се Тарабокиа и Дуерте,а и Житников имаше ден,но недоволно беше ова,посебно во второ,немаа идеја како против Часар,а и од десната страна на нападот на Швајцарците примија многу голови,кога се ќе се сумира залужен пораз,вака тука се некаде со Силкеброг,кој дома ќе игра со Кадети и голем фаворит,па можеби и тој меѓусебен меч во Плок ќе реши кој ќе е 6ти на рај,сепак Висла е сеуште во предност зошто покажа дека знае да игра со големите дома,и не е исклучено да исчукаат уште некое големо име,пред се Фленсбург.
Барса врати мило за драго за ќтеко,ги силуваа 15 разлика:D,кога си играа Данците со оган се изгореа,немаше милост.
ГРУПА Б
Вардар-РНЛ

Уште еднаш на дело се покажа зошто РНЛ СЕ ШАЛАБАЈЗЕРИ И ЛУДАЦИ.
Со РНЛ,со СТАРА ПУШКА,ИЗНЕРВИРАНА ЖЕНА :цицки: И СО НИКОЛА ГРУЕВСКИ НА ИЗБОРИ
20150518Nikola-Gruevski.jpg
:zloo: НЕ СЕ ИГРА МАЈТАП:pos:

Иако Вардар потфрли ТОТАЛКА,РНЛ како шо се очекуваше дојде да игра,со комбинирана постава,ако не се повредеше Деки тој ќе играше,јасно беше дека ЧОКОЛАДНИОТ ќе игра,дека Рајкинд ќе добие минутажа,дека Стенхаузер ќе игра,ова се знаеше и се очекуваше.
И сеа не ме чуди поразот на Киелце дома,овие лудаци кога ќе начекаат село без кучиња удираат машки,нема тука милост,Шваба си е Шваба,како ајкули се,ако намирисаат крв толку од тебе.
Нема врска толку тоа АЛИБИ на Раул дека играле 7на6 во поголемиот дел од мечот,не држи вода ова,посебно не откако за неколку миниту сркнаа 3 гола на празна мрежа,плус Енди Шмит цело прво беше резервиран и беше аут од игра,во второ искина,Вардар овај меч го изгуби само заради голманите и слабата одбрана,немаше прекин на игра,немаше агресивност во одбрана,а кога мангупи како ЧОКОЛАДНИОТ и Рајнкинд ќе видат ваква килава одбрана пукаат,14 гола од игра сркна Вардар токму од овие двајца,со удари пред се надвор од 9 метри,тука нема врска дали ти играле 7на6 во одбрана,овде голманите решаваат.
Ете Тити,со таа касапска одбрана пред себе,со Мелгард,Карабатаците,Ремили или Степанчич бепе оставен на МИЛОСТ И НЕМИЛОСТ на пуцачите на Веспрем,едно 10 чисти зицери скина лудакот,ете таа е разликата.
Штербик топка не фати од дистанца,Милиќ скина две или три и толку беше,кога немаш сигурност во голманите нема шо да бараш,посебно се виде во напад,Ник Слотер ги уништи во поим,класика голман е овај,без разлика на се пак ќе си го собери својот просек од +10 одбрани,тој е таа сила шо ги носи овие две сезони,плус таа одбрана пред него.
Вардар во напад потфрли,26 гола за еден од најдобрите напади во Европа на домашен терен е премалку,а последните неколку гола на Вуко беа на решен меч,поразителен факт.
Како буквар беше прочитан Раул во напад,со иста постава од Франкфурт,со мала корекција што сеа почна со Карачич и Душебаев на почеток,се држеа добро првото,имаа и предност во поголемиот дел,но се виде дека РНЛ ќе го диктира темпото,посебно во второ кога Раул напрај голема грешка шо кога РНЛ беше најсилен во одбрана,тој период околу 40та минута одигра едно добри 10 ина напади со Македа кој беше тотално АУТ,ниту топки до пикер имаше од таа страна а најмалку топки до крило,плус со Кањелас кој немаше позиции за ОТВОРЕНШУТ како во Германија и немаше шанси со ваква игра,тука го скрши РНЛ Мечот,одлучувачка серија напрај.
Вардар немаше идеја за таа згусната одбрана,пикерите не успеаа да направат простор и да ја рашират средината,Тимур беше во зимски сон,со онакви удари против Ник Слотер:pos:,хаха,каде бе?:pipi:
Вардар немаше игра,а кога не оди играта еден на еден и влезовите во зона тогаш само шутеви од далеку те вадат,а Вардар немаше ништо првите 20 минути,освен неколку рандом шутеви на Кањелас,се беше на сила,без идеја и акција.
Плус и техничките грешки беа сведени на минимум од страна на РНЛ,за разлика од првата тека и толку беше,апсолутна доминација во двата правци,заслужена победа.
Е сеа очекувајте од овие да кикснат во Загреб,:pos:таму ќе бидат како ТЕЛЕТАБИСИ,убеден сум во ова,Загреб,или пак во Цеље,едно гостување ќе го ебат па јанамајка да е.Лудаци:pijani:
Цеље-Мешков
Хаха,која ЛУДА ПАРТИЈА БЕШЕ ОВА,72 гола паднаа,овде немаше ни О од одбрана,не се знаеше ни кој пие ни кој плаќа.
Мешков диктираше темпо,нон стоп беа во водство на почеток,а Цеље стигнуваше и претежно еше НИШАЛКА РЕЗУЛТАТОТ,на крај Цеље имаше подобар финиш на полувремето и успеа да заврши со 1 гол +,во второ иста слика,луда игра во напад,како кошарка да се играше,не постоеа одбраните.
Малку се заостри играта на крај,во еден момент Мешков остана со само 3 играчи во поле,но и тоа не го искористи Цеље,многу грешки во тие моменти кога требаше да ја преземат иницијативата,ќе ги отепаше Бранко Тамше на тајмаут:pos:,вика ШО ИГРАЈТЕ ВИЕ,НЕ МЕ ГЛЕЈТЕ КО ТЕЛЕТИ:pos:
вака остана Мешков да диктира,и водеа цело време,имаа и среќа во напад шо доста топки се одбија до нив и лесно даваа голови.
Последните неколку минути беа лудило,на помалку од 4 минути до крај Мешков имаше+4 и речиси добиен меч,арно ама се случи тоа што се случи.
6 гола примија за 230 секунди:ROFLMAO:
:pos:
На крај и ќе изгубеа Мешков,арно Вукиќ тргна машки на се или ништо и спаси бод.
Луда текма.
СЕГЕД лесно дома,очекувано,опасна екипа напрај Пастор,допрва ќе бидат поопасни,уште се уигруваат..
Киелце се изнамачи со Загреб,не знаеја кај се во прво,и во второ на почеток Загреб се дрѓеже иако се стопи тоа водство од полувреме,ама пак беа тука некаде,до 10ина минути пред крај,после немаа сила и го реши Киелце ечот,повеќе на икуство отколку со некоја игра,со Вардар се е отворено,нема фаворити овде,и Киелце е во криза,веќе подолго време,Вардар сега влезе во црна дупка,кој ќе успеаа да ја среди одбраната подобро ќе тепа,и се ќе зависи од голманите,ако Вардар нема голман во Полска тешко ќе оди,истото важи и за децата на Талант,отворена група е оваа,и Сегед се замеша сеа,се е мо=но во последните 7 кола,таа екипа шо ќе напрај брејк на гости ќе е на првите две места,засега Швабите најдобро стојат зошто имаат најдобар распоред,немаат пораз на трите најтешки гостувања и собраа 5 бода,го сркнаа само од Мешков,и сеа тие дома решаваат се,ако ги тепаат сите текми дома со Мешков,Сегед и Киелце и да не се изглупираат некаде на гости со аутсајдерите ќе бидат и први,ама мислам дека ќе се :гомце:некаде,познати се по ова.:cool:
Во лузерските групи.
ГРУПА Ц
Монпеље
докажа зошто е најсилна екипа воо групата,на терен,машки ги распарчија Шпанците.
Сеа Шпанците ќе се тегнат со децата на Лино,кој ќе тепа таму оди на Нант.
Елверум,неам коментар,луда група.:pos:
Античките како шо очекував,рутински со Татран,не му одговараат на Татран екипи како Металург,кои касапат,имаат јаки голмани,тие се за со некои телетабиси екипи како Медведи па да си трчкаат таму
Овде немаа шанса,иако пробаа,ама Лино ги уништи во одбрана,плус Арсиќ јасно е се,и Талески и Обрадовиќ имаа ден.
Штета за Фитило,баш кога влезе детето во ритам:place:,втор пат слична повреда има,пред 3 години во Пелистер ја скрши истата рака,еве сеа и овај малер,најверојатно нема да игра на СП,не најверојатно туку речиси сигурно,дури и да нема 2 месеци пауза,ќе ги пропушти подготовките,не е наивна повреда ова,и Вуко имаше ваква повреда на ЕП,му требаше некој месец да се врати,штета навистина.
Ќе видиме сеа без него шо ќе направат во Шпанија,да играше тој ќе беа ептен во игра,вака заебано ќе е ,иако Ла Риоха има слабости,штом изгубија од Русите јасно е колку се непредивдиливи,и тие се нестабилни,имаат опасни поединци како Виго,Лангаро,Рокас и тн, ама немаат одбрана и стабилни голмани,а Металург го има ова,во утакмици со МИНИМАЛЕЦ Металург има повеќе шанси,не се снаожаат добро Шпанците во ДРЖ НЕ ДАЈ ритам,ќе имаат доста нервоза и ова е шансата на Металург,е сеа како ќе оди со искасапаена бековска линија ќе видиме,без 4 бека останаа,како и да е интересен меч во секој случај кој ќе ги реши дилемите,ако извади барем бод има шанса Металург,зошто Ла Риоха со ваква игра ќе се мачи и во Прешов,а Металург сигурно ги добија Мечките во последно коло дома,ќе видиме.
ГРУПА Д
Нант
не дозволи никакво изненадување,зошто првото место беше во прашање,мораше да тепаат во Турција и докажаа зошто се појјаки.
Немаше Бешикташ никакви шанси да парира,освен повремени блесоци на Толга Озбакар,Доне и Вражалиќ,недоволно за ништо друго освен пораз.
Јаки беа со едно музиче шо го пуштаа откако ќе дадеа гол Бешикташ,тој спикерот ќе го каше=е стрелецот и пуштаа некој ритам ТУП,ТРРР,МРРРРР:pos::pos::pos:,во турски ориентален музички стил:ROFLMAO:
Мотор влезе во форма,го уништија Динамо,уште по прво се знаеше се,секоја чест,опасна екипа,да не се глупираа ќе беа дури и први.
Брага и Холстебро си изиграа ревијален меч,не вреди ни да се коментираат.
 
Последно уредено:
golot za 36-35 treba da nevazi.Janc e vo poleto na meskov koga ovie zabivaat.Mozese fino posteno da izgubat radi sudijata :S
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom