Лига на Шампиони 2016/17

  • Креатор на темата Креатор на темата Tomasino
  • Време на започнување Време на започнување

Ќе ИДЕ ли Вардар у Келн бе пеер?


  • Вкупно гласачи
    61
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Горе долу очекувани резултати,освен бламажата на Кил.
Овие се згубија тоталка,22-15 да водиш на 17 мин до крај,и да дадеш само 2 гола до крај,на домашен терен,пред 10К публика е за секоја пофалба:bravobe:,ама за ВИСЛА.
Браво за децата,секоја чест,како ги ебаа,машки,така се игра,без респект и страв кон противникот,ако беа малку посериозни на тие гостувања во Шафхаузен и Силкеборг ќе се бореа за далеку подобра позиција од тој фенер на табела кој носи пласман во нокаут фазата.
Фленсбург-Кадети,POSTPONED за месец март,хаха,демек не можел Фленсбург да најди место во календарот за мечот:pos:
Хаха,еј,меч од ЛШ ,редовно коло не можеле да ги усогласат термините:ROFLMAO:,аааааа ЧЕ ГО ПУКАМ ЕЈЈЈ.
Загреб играше во Вараждин ,затоа шо Арената беше зафатена заради Дејвис Куп,овие не можеле да играат бе,јасно е дека ЕХФ за едни е мајка,за други маќеа.
Веспрем рутински си тепа во Данска,на плеќите на ХАУБИЦИТЕ Илиќ пред се,партал напрај братот,искина,исто и Хипикот добар(а кога го играм јас глуми Рондо):kuracc:,Миклер опасен на гол.
Цело време водеа со стабилна позитива од 3-6 разлика,но последните 15ина минути Силкеборг успеа да напрај опасна серија од 5-0 и да за врати во мечот,21-22 беше резултатот,но повтрно кога требаше Веспрем додаде ГАС и рутински го реши прашањето на победникот.
Барса забележа машка победа,заслужено,нема дилема овде,освен во прво ПСЖ немаше сила за да се спротистави,Киро имаше ден,исто и Жалуз,плус Де Варгас скина доста топки и немаше каде да бега победата.
Нока малку заглави со стретијата,без Хансен во напад,не знам шо мислеше?Како ќе ја тепа Барса?
Сите голови беа некако НАСИЛА.во трк,пред се на Карабатакот,немаше тимска игра,немаше одбрана,го немаше Тити,на крај со 35 комада се враќаат назад.
Сепак и двете екипи ги гледам како речиси сигурни учесници во Келн,не ми се верува да има некоја екипа која може да им ги замрси сметките,посебно не за ПСЖ,Барса малку е шуплива доколку налета на некоја јака домашна екипа,па по рецептон на ЛАНСКИОТ КИЛ да има мака во реванш,ама не ми се верува.
Б Група
Сегед
залсужено повторно го преслуша Цеље,машка игра од двете страни,Цеље покажа уште еднаш дека е многу опасен тим,но против овој Сегед немаа шанси.
Сегед со ваква игра и со еден брејк на страна,Мешов пред се,зошто да не и РНЛ и Киелце,а дома со Вардар да се решат ко је јачи,оваа екипа има потенцијал за големи работи.
Вардар со таква игра во напад немаше шо да бара,иако тука беа,Милиќ беше џокерот,ги извади во второ,10ина тешки топки скина:bravobe:
Но против најсилниот Киелце сезонава толку беше силата,сеа Пољаците ба во фул состав,пред се во одбрана,се гледа колку фалеше Чкрапковски назад,и колку е поинаква одбраната со него,иако пак имаа шуплини,но сепак делуваа каде каде подобро,плус Карате Кид на гол,скина доста зицери.
Поработил доста Талант на одбраната,се виде голема разлика во играта посебно од мечевите со РНЛ дома и со Вардар во Скопје.
Вардар без идеја во поголем дел од мечот,без Кањелас во напад,со неконкретен Борозан во прво,со експериментот Деревен во второ,без Карачиќ во поголем дел од второ,со Душебеав како единствен расположен играч од надвор,плус Циндриќ,со отсечени крила,без контри и брза транзиција,СО ОВАА ИГРА НЕМА ПОБЕДА,јасно беше.
Иако имаа шанса во тие последни 10ина минути,но еден куп исклучувања на крај,без потреба повеќето си го зедоа данокот,и Киелце ништо не изигра,Лијевски аут тоталка,Јурецки изваден од ритам,му треба време,Биелецки ништо не даде,само Зорман мрдаше од бековите,се беше од крила и дупки по страните,и контрите,ова го реши мечот.
Како и да е,има време,допрва ќе се решава пласманот во групата,4 екипи се борат за првите две места.
Лузерски групи.
Монпеље
лесно во Русија,очекувано.
Елверум-Татран,не вреди да се коментираат овие две екипи,ТЕЛЕТАБИСИ СТАЈЛ..
Античките не успеаа,иако имаа некои шанси,барем како шо се очекуваше се одвиваше мечот.
Доказ дека Ла Риоха имаше големи шуплини во екипа беа тие 10ина чисти 1на 1 одбрани на Капелин против Металурзите,ова го прекрши мечот,кога ќе промашиш чисти шутеви од 3 метра пред гол нема шо да бараш,Капелин го имаше мечот на кариерата,настрана шо закуца 3,4 гола,којзнае можеби постави рекорд,не знам дали друг голман дал толку голови на еден меч.
Металург не успеа да ја искористи ЦЕЛТА НА ТАКТИКАТА,паметно од чиката шо играше со 7 играчи,ама за ова ти требаат повеќе играчи како Вања Илиќ,да го имаа Фитило друга песна ќе беше,вака со само 2 бека од кои едниот играше втор пикер,се беше оставено на Велковски десно,плус Илиќ не може,Дрогата не е играч кој знае да се снајде во услови кога треба прзо да се движи топката,иако можеби требаше да добие повеќе минутажа,можеби со некој ѓут вишок од надвор ќе беше подруго.
Во одбрана не можеше повеќе,тие беа играчите,плус Ла Риоха пушти во напад се шо имаше,успеаа да наметнат брз ритам и да го прекршат мечот,иако се мачеа до 19-19,на крај изненадување беше третиот десен бек Лораинцано,4/4 имаше братот,Лангаро како шо се очекуваше беше опасен,но најголема беља напрај Фернандез на лево крило,искина,еден куп топки поминаа на таа страна,плус Арсиќ немаше свој ден,и толку беше.
Сепак и 4 победи досега се голем успех,ако тепаат со мечињата таман за 10 бода,со таа победа во Прешов која требаше да си ја лапнат ќе беше друга приказна,ум за друг пат.
Во другата група.
Мотор
го изгази Бешикташ,нема лабаво,на крај ако не се дупеа на тие гостувања во Букурешт и Истанбул ќе беа и први,но и вака ќе бидат опасен противник за Монпеље,тешко ќе оди за Монпеље,многу јака е Мотор,од година во година се подобри,местото им е во јаките групи,не овде,сигурно се барем од Кристианстад и Кадети појјаки,ама јебига,нема правда.
Нант рутински со Холстебро,ИЗ ДВОЈКУ У КЕЦА,сите среќни,сите задоволни:cool:
Сеа двомесечна пауза,СП на програма,многу работи по ова ќе бидат појасни,како ќе се рехабилитираат сите тие играчи,зошто преку 90% од тие шо ќе ги гледаме во Франција играат во ЛШ,многу работи како ќе заврши групната фаза во ЛШ ќе зависат од евентуалните повреди на СП,слаба форма,умор и слично,многу работи можат да се сменат во февруари,засега вака стоеа работите.
 
Добра игра на АЈМО ДЕВОЈКЕ,вака така рашлапаа се пред себе,да не беше тоа глупирање со ФТЦ сеа ќе беа со перфектен скор,ама и вака е речиси совршено.
Опасна екипа скоцкаа сезонава,добро ги користи сите потенцијали Давид,доста паметно е шо им дава на сите шанса,речиси и да нема слаба алка екипата,да се види сеа дали повредата на Пенезиќ е сериозна или не?Ако е посериозно би ги пореметило плановите,преважна алка е Пенезиќ.
Е сеа само треба да се види дали ова е реална слика за квалитетите на ДЕВОЈКЕ или групата е слаба.
Реално оваа и претходната група на девојке е барем за класа послаба од другите,екипи како Астраханочка.Лајпциг,Турингер,Фтц не се на нивото од другите групи,посебно кога ќе се види дека еден Ростов испадна уште во прва фаза,а и сеа таа нова група освен Крим е КОЈ ОД КОЈ.
Ѓер веќе е добро позната приказна иако сеа без Хајди нема да се толку страшни,иако Ивет Брок доста ветува и прераснува во топ пикер, имаат многу индивидуалци кои можат да решат било каков противник,во Мерк добија сеа топ лидер,плус Горбиц се враќа полека полека,сеуште се топ фаворити за пехар.
Другите од групата се опасни тимови,пред се Митјиланд,овие се многу јака екипа ама се МЕНТАЛНИ,дома можат да победат било кој,ако сака и дрим тимот на универзумот да го имаат за противник пак ќе победат,во гости не ги барај,се губат тоталка,навистина чудна работа,иначе имаат огромен потенцијал можеби за Ф4,посебноСтине Јоргесен:bravobe:,оваа е како од друга планета:shook:,машина,топ во раката,како теледиригирани ракети се тие удари,слободно нека се проба во машка конкуренција,заедно со Неагу секако,многу наши бекЧИЊА во машка конкуренција можат вода да им носат на дамите.:цицки:
Цсм за разлика од лани изгуби доста,пред се со тренерот,иако грото од звездите сеуште се тука,Гулден,Мартин,Манеа пикерот,добија многу со Мајда во двата правци,машина е сестрата:drk:.
Добра екипа се Романките,имаа огромен пех шо беа во групата на смртта,па не собраа доволно бодови да пренесат понатаму,сеа ќе мора да одат по потешкиот пат,доста ги чинеше ремито со Ларвик дома,ама вчера успеаа во Љубљана да вратат брејк,па сеуште се во игра.
Треба да се барем 4ти на крај и најверојатно ќе бидат противник на Вардар во 1/4 финале.
Или пак Ларвик како лани,не ми се верува Ларвик да успее до крај да се држи на второ место,иако како почнаа и колку топло ладно играа во групата и овај пласман им е кец на десетка,не ми е јасно како успеаа да извадат бод во Букурешт,ете вчера и тепаа со Митјиланд,ама се стегнаа,иако се доста нестабилни,два пати од Крим го сркнаа:pipi:
Сепак се опасна екипа,не смее да не е така кога ќе се види дека имаат репрезентативки на Норвешка,секогаш се опасни,ама не се како порано,кога стигна Аманда факинг Куртовиќ да е ДЕВОЈКА ЗА СЕ јасно е колку е сатот,иако не е лоша сестрава ама премногу слобода има земено,многу голови дава ама и премногу греши,сепак лимитирани се во ростер и мора да ја играат,левак е тешко да се најди,оваа е некоја подебела верзија на Нора Мерк:pos:
И пикерот им е страшен,опасна е,машина,и левиот бек исто,192 см висока,топ во раката,тука е секако и Корен Риглеут,десното крило,легендата на Норвешкиот ракомет.
Ако налета Вардар на Ларвик најлесно ќе поминат,потешко ќе оди со ЦСМ а посебно Митјиланд,најдобра варијанта е Ларвик..
Вардар единствено има конкуренција во Будучност во оваа група,но и тие се далеку од некогашното ниво,поразот од Мец во првата група ги чинеше многу,а пак поразот од Вардар дома ги дотепа,сеа ќе се борат и за тоа второ место,ете ФТЦ напрај брејк со победата во Мец па се е можно,ако изгуби Будучност во Будимпешта и Скопје шо е доста реално можно е и да не бидат ни втори на крај:D
И Мец е многу јака екипа,страшна одбрана имаат,и ме чуди како успеа ФТЦ да ги тепа во Франција,со толку многу постигнати голови,сами се криви Мец,прифатија стил на игра кој не им одговора и ја платија цената,кога играат одбрана се е друго,опасна екипа,
Со само неколку играчи во ротација тешко Будучност да се одржи до Ф4,иако не мора ништо да значи ова,видовме лани шо се случи во Будимпешта,кога од четврт план ЦСМ искина се.
Тоа е заебано во ЛШ,шо цела форма мора да ја темпираш точно за тие мечеви на крај на април,видовме колку лесно се губи цела сезона,мала инспирација,мотивација,добра форма и се губи многу,плус се игра во Ѓер,ѓаволски тешко,но кога можеше лани ЦСМ да напрај чудо зошто да не Вардар.
Комплетна екипа имаат сезонава,како никогаш досега,плус јак тренер на клупа,сите услови се исполнети.
Како ќе оди ќе видиме,има време,засеа ова беше само загревање..
 
Балонмано,лега де кампеонес:drk:
Почнува новиот 5 неделен финален серијал,наредните 5 викенди ќе се дознае КОЈ ЌЕ ИГРА ВО 1/8 ФИНАЛЕ? А НЕкој ќе си игра во домашни лиги:icon_mrgr:.
Денес новата година ја отвораат два интересни мечеви,едниот супер дерби во Б групата.
РНЛ(шабан-шалабајзер бите)версус Киелце
Дали ја научи Талант лекцијата која му ја одржаа Швабите или повторно ќе си добие дабл пенетрејшн,видечеме вечерас на Франкфурт на Мајна.
Отворен дуел,ако се знае дека шалабајзерите на домашен терен се сосема друга екипа од онаа која ги прегази Киелце и Вардар во гости,овде се е отворено,и повеќе зависи од Киелце отколку од РНЛ,ако одигра Киеце како знаат имаат големи шанси,ако се глупираат како на домашен терен ништо не прават,РНЛ е стандард екипа,очекувана постава ќе истрча,иако можно е денес да бидат осакатени на бековска линија,ЧОКОЛАДНИОТ ДАНЕЦ Е НАЈВЕРОЈАТНО АУТ,исто и Рајкинд доста долго беше во аут,којзнае дали е вратен?,овие двајца ако не играат тогаш Киелце е во предност,посебно ако игра и Михал Јурецки,но сепак многу работи ќе зависат од голманите,ако не успеат Карате Кид и Носот Шмал да парираат на лудаците од голманите на РНЛ предноста е за Швабите,видечемо,како и да е,must see текма е оваа.
Предикш-тесен меч,нишалка,можеби и (Х)икс
Мешков-Сегед
Уште едно дерби во Б групата,мини дерби,два сериозни проекти во кои се фрлени големи пари,и овај меч треба да е на жица.
Сепак некако Унгарците делуваат покомпактно,имаат повеќе избор да ротираат,подобар тренер,во класи,можеби ова ќе е клучот,сепак реално РНЛ е можеби рамо до рамо со големата тројка во Б групата,страшно добра и надежна екипа.
Но и Белоруските тајкуни не смеат да се потценат,голем кеш е вложен и овде,имаат и тие тркачи,можат да изненадат,посебно на домашен терен,,овде голема улога ќе играат и судиите,ќе видиме какво судење ќе добие Сегед денес,познати се Белорусите со своите шеми со судиите:icon_mrgr:
Треба да е добар дуел,два добри тимови,репрезентативци на многу држави,ќе има фајт.
Предикшн-Тесна текма,според мене Сегед е поблиску до победа,некој минималец.
Сабота
Вардар=Загреб

Ќе ги отепа Вардар овие,нема каде да бегаат,Загреб надвор од Загребска Арена е сосема друга екипа,се виде и вчера со Античките како поминаа.
Шебе се повреди во сон http://www.svijet-rukometa.com/inde...a-spavanju-luka-sebetic-na-pauzu-zbog-koljena :eek::boksix:
Се врати Павловиќ,ама онај Павловиќ од ланската сезона со онај вчера на неколку минути шо го видовме во Скопје е голема разлика,некои велат дека повредата на рамото е пресериозна и прашање е некогаш дали ќе заигра во она ниво на кое се очекува од него,штета за дечкото,страшен потенцијал,страшен талент.
Како и да е,Загреб со само неколку повеќе од солидни играчи нема шо да бара во Јане.
Предикшн-лесна победа на Вардар,нема да ме чуди и да е убедлива.
Цеље-Кристианстад
И оваа е многу важна утакмица за крајниот изглед на Б групата,Цеље со победа овде избива во преден план за тоа 6то место,со оглед дека е директен дуел со Швеѓаните,а Загреб игра во Скопје,и ова е шансата на Словенците да направат брејк,3 бода пред конкурентите во завршните 4 мечеви од групата,не е мала работа,многу важен меч,со оглед дека до крај можно е ништо да не победат,играат во Скопје и Загреб ,таму тешко до бодови,посебно со Загреб затоа шо и Загребчани ќе гризат на тој меч,дома ги чекаат Киелце и РНЛ,заебана ситуација,затоа мора да тепаат овде,ако не тепаат на здравје.
Истото важи и за Швеѓаните,тука се некаде двете екипи,Цеље со мала предност затоа шо има повеќе играчи во ротација,и некако посериозно делуваат.
Предикшн-победа на Цеље,макар и со 1 гол разлика.
А Група
Супер дербито
Веспрем-Барса

Овде биче крви до колена,два големи тима во борба за пласман.
Веспрем е пред сериозен испит,да докаже дека во својата Арена нема попуст за никого(освен за ПЕ СЕ ЖЕ кој успеа на мускули да извади 2 бода).
Имаат квалитетен ростер,освен таа "повреда"на Палмарсон кој најверојатно го отсвири своето за Веспрем,се шушка дека сериозно ја спукале работата со Сабате,и најверојатно до крај на сезона Арон ќе си е повреден,па од лето си оди во Барса,таму ќе е стариот онај Палмарсон.
Клучна работа за Веспрем е кој од тие останати два средни бекови ќе понесат одговорност,Мате Лекај е солиден играч,исто и Шема орелот,тука треба Веспрем да ја направи разликата,со оглед дека најслаба позиција на Барса е токму таа плејмејкерската,со оглед дека ланскиот МВП на ЕП,Раул Ентрериос полека но сигурно го налегнаа годините,останатите млади мангупи не можат да одговорат на предизвикот,сите се леви бекови без некоја завидна техника и смисла за разигрување на другите,освен Киро кој дава топки до пикерите и Глувчето десно.
Силата на Веспрем се знае,голманите,еве и Алиловиќ се врати,ЧЕКАНИТЕ Илиќ и Наџ-пикерите и контра,полуконтра+атмосферата во салата,во таква атмосфера не е е лесно да се игра.
Барса од друга страна во Веспрем доаѓа во улога на аутсајдер,тешко дека ќе извадат нешто од МАЏАРСКА:icon_mrgr:,освен некоја луда партија на Де Варгас и барем два од бековите,Киро вака така е секогаш прв играч,ако се придружи некој од тие суртуци на лев бек(Жалуз,Ласе,Нгесан)и крилата и пикерите да брцнат нешто,во ваков случај можеби ќе успеат да ископаат нешто,ама многу тешко против КЛАНИЦАТА НА ВЕСПРЕМ,хаха,Терзиќ,Шуч,Ласло,Сулиќ,Копљар,Илиќ па и Анчин,зависи кој ќе игра,кој од кој,посебно првите 4ца:boksix::sakasuste::sakasuste::sakasuste:каков ќотек ќе се удри леле,леле,има одделението за трауматологија во Веспрем да има полни раце работа.:icon_mrgr:
Предикшн-победа за гладијаторите на Веспрем,од барем 1 разлика.
Кадетен- Кил
Кадетите не се лоша екипа,знаат да бидат доста незгодни,и во Кил покажаа дека можат да направат беља,ако не си ја сфати сериозно работата Кил можно е да има проблеми,но сепак разликата во класи е евидентна,не би требало да има никакви проблеми за победата,иако Кил сеуште има проблем со ростер,Вајнхолд е сеуште аут,Дисинџер веќе го заборавивме како изгледа кутриот,никако да се екипираат,сепак имаат играчи кои би ги донесле макар до 1/4 финале,а потоа се е отворено.
Предикшн-победа на Кил,би требало да е рутинска,ама и некоја понеизвесна текма не е исклучена,сепак треба Кил да е сигурен.
ПЕСЕЖЕ-Силкеборг
Овде ќе има газење,нема потреба да се трошат зборови.
Силкеборг го изгуби купот викендов шо измина,изгубија од Скјерн,овде нема шо да бараат,и тие знаат до каде им се силите,ќе се чуваат за некоја друга текма,сеуште имаат шанси за тоа 6то место,макар и теоретски.
Предикшн-Победа на милионерите од барем 7,8 комада
Недела
Висла-Фленсбург

Уште еден многу интересен меч,Висла со победа најверојатно ќе го осигура 6тото место,додека Фленсбург со победа овде,и плус шо имаат заостанат меч со Кадети дома ќе го нападнат и третото место.
Опасна екипа има Висла,опасен млад тренер ,дома се многу сериозни и непредвидливи,знаат да играат со било кој противник,со Барса водеа на полувреме,со Веспрем извадија бод,со Кил тепаа во Плок и извадија бод во Германија,спремна екипа,полетна,Коралес на гол,ќе има мака Фленсбург овде.
Посебно сеа затоа шо и тие не се сеуште влезени во ритам,плус доста се истрошија вчера во супер дербито со Кил,посебно Гландорф кој го издржа речиси целиот твар на десен бек,со оглед дека не игра Јакобсон па немаат ротација на десен бек,вчера и со Кил се мачеа на десен кога го пуштија Лауге на десен,тотално отсечена таа страна.
Треба да е интересен меч,ќе има туча овде/
Предикшн-неизвесен дуел до крај,мала предност за Фленсбург,ама нема да ме чуди и да изненади Висла.
ЛУЗЕРСКИ ГРУПИ
Овде се е решено,единствено е неизвесно во Д групата,со некој луд пораз на Нант во Португалија од Брага и победа на Мотор во Данска па на крај Мотор да избие на прво место,со оглед дека во меѓусебниот дуел се подобри,ама тешко Нант да испушти шанса овде,топ екипа имаат,и во Франција газат,нема да ме чуди и до крај да бидат во борба за титула со ПСЖ,вллогот е голем,бараж за 1/8 финале со Ла Риоха или Монпеље,сепак има разлика.
Не би требало да се заебаваат и ќе тепаат во Португалија.
Другите текми се ревијални.:icon_mrgr:
 
@Tomasino и Менсах и Рајнкинд се во составот пријавени, само Деки наш го нема. :D E сега којзнае колку се спремни, ама чим се пријавени сигурно се спремни за :boksix:. А кај Киелце го има и Јурецки.
 
Добро се поднаместија коцките во Б групата за Вардар. Мешков со мала драма на крај тепаше, РНЛ релативно лесно се справија со Киелце. Да не беа тие три гола на Штрлек за 2 мин на крај на прво мислам дека уште тогаш ќе ги решеа. Останува Вардар да одработи по план во сабота со Загреб и да се врати на прво место. Ако испадне така, тогаш следниот викенд во Сегедин ќе биде клучно многу работи да се разрешат за пол позицијата во групата.
Деки не беше во состав, го шетал Талески низ Манхајм и Франкфурт :цицки::pijanco:
 
Kako da bide u sostav ko povteden e? mada i da ne bese isto mu se faca.A moze i u sk da si ostane, kaj cikata uvek ima mesto.

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk
 
Nekoj asolen link za Besiktas- Dinamo ?[DOUBLEPOST=1486821447][/DOUBLEPOST]Nekoj asolen link za Besiktas- Dinamo ?
 
Последно уредено:
Каква партија на Борко :vozbud::bravobe::cuc:
Ги уништи на Веспрем :zver:
 
Борко, ау ау 10 зицери им скина. Спаваш ли мирно министерство за одбрана? :pos:
 
Волф машина!Убедливо најдобар голман во светот.:bravobe:
Екберг јаки голови даде,ниеден од нив не беше обичен,сите беа со некои "цаки".:icon_mrgr:
 
во Велукс лигата не се рачуна гол разлика вкупна, меѓусебни ??
на ТВ рекоа Вардар се врати на #1, ама не е така ??
 
во Велукс лигата не се рачуна гол разлика вкупна, меѓусебни ??
на ТВ рекоа Вардар се врати на #1, ама не е така ??

Прв е Вардар.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom