EП 2016 - Група А (Франција, Романија, Албанија, Швајцарија)

  • Креатор на темата Креатор на темата ManUtdChampions
  • Време на започнување Време на започнување
Примањето гол во 90тите минути веќе станува како правило за Албанија, многу пати се повторува истото. Да се бориш 90 минути, а потоа за 5 минути да примиш 2 гола, ова влијае и врз играчите, се плашам дека за Романија нема да бидат мотивирани како што влегоа против Франција.

Гледам дека за слабата игра на Франција ги обвинувате само играчите на Франција, но не ги фалите играчите на Албанија кои трчаа за секоја топка ... се виде разликата кога се заменија поквалитетни играчи со послаби, одма се отвори играта на Франција, тогаш паднаа и головите.

сеа, сеа кај да е ќе ги пофалиме...
Шо треба да кажиме појќе од тоа што го кажаа сите погоре. Борбено пожртвувано изиграа, со една-две шанси за гол против мртва Франција
 
Енвер Хоџа може да биде горд на брачава
 
Добри бункераши се, нема што... ама треба и голови да се клаваат.
Инаку имаат шанси за нареден круг, да пуштат еден дрон на Франција-Швицарска и еден на Албанија-Романија.
Таман по -3 ќе им удрат на Швицарска и Романија, а +3 на Албанија и ете ти второ место во група. Полесно од ова, здравје.
 
O ta chifsha non, pushtaj dron!

Има за што да жалат браќава. Цана во сите тие пре-еуро документаричиња го покажуваа како father-figure, најстар, најпочитуван, најискусен, а он направи глупост од невидени размери на првиот меч.

Сјебаа колосална шанса на тој меч за 1-1, и можеби и за пролаз даље да искубеа бод. Денес откако влезе Џака сениор, мајчето им се расплака на комшииве. 2-3 пати му избегаа играчите што требаше да ги чува.

@Stefan-kobe Аман не го турај Дешамп на колец, Погба сабајле у влечки си дошол на доручек, па го казнил со едно полувреме. За Гризман слушнав податок од нашиве коментари, што го зимам со резерва, дека изиграл 62 натпревара сезонава за Атлетико, па заслужен одмор добил.

Генерално, интересна беше замислата со 2 брзи и продорни крила да игра Дешамп.
 
Последно уредено:

Не знаев за ова со Погба, мада ја не мислев на тоа дека го остави на клупа, него кога игра дека не го игра на право место. И Гризман исто. Гризман е полушпиц или шпиц, овој го бута на крило, затоа е целиот анемичен и неприметлив. Според мене треба 4-2-3-1 да игра, со Канте и Погба, пред нив Паје на 10ка, лево Мартиал/Гризман, десно Коман и напаѓач Жиру/Гризман. Првиов нека игра со екипи кои се инфериорни во скок играта, во останатите нека ровари Гризман напред на шпиц, а Жиру на клупа. Овака со Матуиди и Канте нема креативност, нема идеја во играта на Франција, се обидуваат на сила да направат нешто. Канте до сега игра одлично, речиси без грешка.
 
И ја би сакал да го видам Гризман како шпиц, пошто Жиру денес 6 шанси со глава не ги реализираше. Баш кога ги гледав денес Марсијал и Коман по крила, си мислев дека брз играч на шпиц би бил далеку поефективен, особено ако го имаш Паје и Погба зад нив.

Али, останува да видиме што ке направи за наредниот меч, би требало да биде посериозен тест со Албанија 2.0
 
Белки ќе дадат албанците барем едно голче во последното коло, глупо е да си заминат од првенството без воопшто да се израдуваат.
 
Албанците играат доста цврсто, докажаа дека успехот со пласман не ЕП не е случаен. Но, едно нешто забележав, и на квалификациите и сега.. Луѓето не можат (или не знаат) да дадат гол. Треба некој да им каже дека мора да постигнат гол. Фудбалот се игра за голови..Завршницата им е една голема нула..безидејно, аматерски на моменти делува сето тоа.
 
Немаат квалитетен Шпиц.. Оној Садику игра во Албанска Лига колку што знам, така да неговиот (не)квалитет излезе на површина во вакво натпреварување.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom