Почина DJ Бабура

  • Креатор на темата Креатор на темата пм=MGLpM
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
11 декември 2009
Мислења
1.411
Поени од реакции
3.330
По кратко боледување, утринава во Скопје почина познатиот диџеј Бабура, односно Љупчо Петровски (44). Диџеј Бабура беше еден од најзначајните музичари во Македонија кој беше дел од растот на македонската модерна клупска и радиo сцена.
Настапуваше со сите светски диџеи што гостуваа во земјава, а со неговите музички сетови израснаа повеќе генерации во клубовите низ Скопје и низ земјава.
Тој почна уште во деведесеттите години со пуштање музика на радиото „Мега ФМ“, за потоа да продолжи во радио „Антена 5“, а потоа во „Сити радио“.


Превземено од Идивиди

 
Се знаев површно со него. Работевме едно кратко време у исто радио. Колку што знам имаше силно светли и силно темни моменти у животот.
Ми личеше како нормален, љубезен и човек, никад со носот у облаци, како многумина други познати фаци.
Што би рекле - ОК човек.

Господ нека го прости.
 
Некои медиуми објавија - по кратко боледување, некои - по долго и тешко, некои дека имал 42, а некои дека имал 44 години.
 
@Beric Dondarrion Maкедонските медиуми одат по принципот copy - paste, еден текст и сите го објавуваат истиот.


Скопје тагува: Кој беше диџеј Бабура?

Човекот со вистинско име Љупчо Петровски во Скопје познат како диџеј Бабура. По кратко боледување утрово почина диџејот без кој ноќниот живот во Скопје повеќе нема да биде ист.

babura2.jpg


Љубителите на ноќните забави ќе го запаметат како човекот кој ги правеше најдобрите ноќни журки во Скопје. Знаеше вистински да ја селектира музиката и соодветно да влијае на расположението и атмосферата. Во свежо сеќавање ќе останат петочните забави во Интермецо и саботните во ноќниот клуб Xo. Помеѓу колегите важеше за професионалец кој совршено добро ја познаваше работата.

Професионално, почетоците му датираат од неговиот ангажман во „Мега ФМ“ радио во 90-тите години од минатиот век. Подоцна Бабура се префрла во редовите на „Антена 5 Радио“, каде што останува сè до почетокот на оваа декада. Од таму заминува и го основа новото урбано - градско радио.

Кариерата ја завршува како дел од менаџментот на скопското "Сити радио".

Утрово слушателите на оваа фрекфенција ги разбуди музика која беше најава за тажната вест за неговата смрт.

Во професионалниот пасус му се запишани безброј сетови во Македонија и голем број гостувања ширум Европа и професионални настапи на иста сцена со познатиот диџеј Тиесто.

Во приватниот дел од биографијата му стои информацијата дека е сопруг и татко на две мали дечиња. Јавноста минатата година беше информирана дека легендарниот диџеј Бабура има принова и станал татко на две момчиња.

Пријателите го знаат како човекот со ведрa душа и позитивно раслоложение. Секогаш максимално искрен и чесен. Силен поддржувач на урбаните промени во градот и промотор на ново и современо Скопје.

Тие што го познаваат за жал денес со нескриено разочарување конститираат дека изгубиле голем пријател чија енергија сериозно ќе недостасува во нивниот живот и во урбаниот живот на метрополата.

Почивај во мир Бабура!
 
Некои медиуми објавија - по кратко боледување, некои - по долго и тешко, некои дека имал 42, а некои дека имал 44 години.

Тоа е најмалку битно, нели веќе него го нема дали бил 44 или 42 нема никакво значење а најмалку дали било тешко или лесно заболување. Бог да го прости.
 
мене ме интересира од што умрел ?
 
мене ме интересира од што умрел ?
Обично по кратко боледување е тоа срањето наречено рак.

Никогаш не сум го слушал но го почитувам тоа што го правел во правецот коj најмногу го исполнувал. Нека почива во мир.
 
Последно уредено:
На времето Секој викенд беше муабетот на Никифор или на Бабура. Епа Бабура. Знаеше да ја опне 2,3 пати we gonna feel it и a bit patchy у вечер али пошо осеќаше дека тоа му бара подиум. За мене беше најбољи наш Дџ а ебем ли га зошто али тие идат увек први. Штета за подиумите , уште поголема за двете мали што најверојатно сега почнале тато да викаат. Гаси светла, нема никој на подиум.
 
рак, брзогалопирачки со метастази по цело тело, од плуќа па натака, за месец и нешто од откривање.
Нека му е лесна земја и фала за убавите моменти.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom