igor108367
Dark Lord Sauron
- Член од
- 25 јануари 2009
- Мислења
- 2.516
- Поени од реакции
- 113
Еве едно преводче од мене чисто да се пополни паузата измеѓу епизодите:
LOST - инспирацијата од Stephen King
Се ближи крајот на петтата сезона на „Изгубени“ а сценаристите Дејмон Линделоф и Карлтон Кјус одговараа на неколку прашања на фановите во кои прозбореа и за тоа од каде ја црпат инспирацијата за мистеријата наречена „Лост“.
Карлтон Кјус изјави дека и тој и Дејмон се големи обожаватели на Стефен Кинг, а идејата ја земале од неговото дело „The Stand“. Како што вели, „Изгубени“ не е 10та копија на некое веќе видено шоу кое се труди да направи 100 епизоди на тој начин што ќе биде слично на останатите серии. Наместо тоа, Лост ја зема идејата на новелата од 1000 страни во која вирус (superflu) ги убива повеќето од жителите на земјата..“ Она што им се допаднало на авторите е што книгата во мистеријата околу тоа што се случува е секундарна во однос на мистеријата околу тоа „кои се овие луѓе“, концепт применет и во Лост. Од останатите извори меѓу другото се користеле и со библијата како и со култната серија Twin Peaks.
Најчесто поставувани прашање ни се: „дали воопшто знаете што правите?“ и „дали ќе стигнете да ја раскажете приказната во толку мало време?“ - вели тој.
За нас е малку фрустрирачки што го раскажавме почетокот, го знаеме крајот, а можеме да пишуваме само за средината“ - вели Дејмон Линделоф. Нивна најголема желба е кога ќе заврши серијата, фановите да се чувствуваат дека вредело тоа што ја следеле со години.
Враќајќи се назад, кога би се прашале за што во серијата се каат, Дејмон вели дека прво што му доаѓа на памет е прераното заминување од серијата на Mr.Eko, лик со кој имале поинакви намери, но актерот не сакал да работи повеќе од втората сезона, па морале „да го убијат“.
Оваа сезона завршува на 13 мај и останува уште една кратка сезона до дефинитивниот крај на серијата и долго очекуваниот расплет.
Инаку и во The Stand се создаваат два преживеани табори кои кога ќе станат свесни дека другите постојат, се конфронтираат помеѓу себе и настанува епска битка помеѓу доброто и злото. Некои велат дека ова е најдоброто дело на Stephen King кој е автор со убедливо најзабеган ум и автор со рекорден број на филмувани приказни според неговите дела.
Мене искраено не ми е јасна врската на Лост со The Stand. Мислам принципот на опишување на карактерите во сите книги на Кинг е ист. Неговите дела се психолошки ставени во некој хорор свет кој е секогаш секундарен. Приказната е секогаш за емоции.
Исто во The Stand пред се е за верба, елемент кој воопшто го немам видено во Лост. Би било добро да се прекине со повикување на вакви мајсторски дела во секој можен филм само за да се добие на публицитет. Лост никогаш нема да биде ни десетинка од тоа што преставуа The Stand.