Мистичен
Човек
Беше ден за "берба". Се собравме на старото место, старата екипа, старите волци. Каде да нападнеме денес? Каде нема да се сетат на нас? Одамна немавме нападнато во паркот. Таму обично паѓаа лесни пленови. Беспомошни девојчиња, богати копиљаци кои бегаат од часови за да пашнат по некој џоинт, грбави пензионери, по некоја млада мајка занесена во играта на своето дете... мобилни, накит, паричници, ситен плен... но, подобро нешто отколку да гладуваме. Откако ги уапсија Кец и Кочо кога ја опнавме поштата во Карпош 1, се потешко се одлучувавме на нешто крупно. Бегај, опасно стана веќе.
Се симнавме од скапаната 19-ка кај Соборна и тргнавме накај паркот. Пројдовме од кај "Жабарот". Ѓоре семкарот ми крена рака, му отпоздравив:
- "Каде бе деца, на работа"? (се насмеа под брк, знаеше каде одиме)
- "На работа чичко Ѓоре, мора да се работи" (онака, сериозно му одговорив). "Помини после до кај нас, може ќе има нешто интересно како за тебе" - дополнив. Стариот ги знаеше сите во бизнисот. Не се ценкаше и веднаш ни даваше пари. Упола цена беше фер цена во бизнисот.
Продолживме накај паркот. Ја поминавме "Софка" и "Езерце", дојдовме до "Уранија" и тениските игралишта. Адреналинот почна да ми работи. Се симнавме по скалите кај "Кабрио" и продолживме накај внатрешноста на паркот. Кај првите клупи не чекаше Кичо, беше дојден со точакот. Почнавме да разработуваме тактика. Од другата страна на езерцето здогледавме две женски фигури како седат на клупата. Кичо се качи на точакот да сврти круг, да извиди ситуација. Се врати.
- "Мајка и ќерка се, лесен плен. Ми личат на богати, старата носи убава ташна, се кладам дека внатре има мобилен и паричник. Лижат сладолед. Само има еден проблем, ташната и е на рамо" - рече Кичо.
- "Те боли кур. Мора да ја симне од рамо, да го одмори додека лиже сладолед" - му реков. "Aко не, на другиот начин. Краткава деветка во џебов ќе ги посере од страв. Дај да побрзаме додека нема луѓе. Јас и Жико ќе седнеме на клупата до нив. Штом ја симне ташната ќе ти титнам на мобилен и тогаш ти настапуваш".
- "Океј, одете ајде".
Се доближивме и седнавме на клупата до нив. Уживаа во сладоледот. Ме фаќаше вака жал понекогаш, ќе ти проработи совеста, јеби га, ама и стомакот ми кркореше. Барем не купував дрога со парите како другите џепароши. Се храневме дома сите, моите знаат дека работам во кафич. Не ми текнуваше друга лага. Oткако двајцата останаа без работа, се тргна по ѓаволите. "Ми оставаат многу бакшиш" - им викав. "Богати искачаат таму кај што работам".
Девојчето ми беше познато, но никако не можеше да ми текне од каде ја знам. Носеше убави наочари, од тие модерните, шмизлинските. Мразев кога не можев да се сетам на фаци кои ми се познати. Во размислувањето ме прекина раката на старата која ја остави ташната на клупата. Сега е моментот. Му титнав на Кичо. За неполни 10 секунди го здогледав залетан со точакот и оп, ташната отиде. Почнаа да врескаат и двете:
- "Крадеццц, ауууу, ташната луѓеееее... Дечкооо, помагај, фати гоооо"!
Почнав да трчам демек по него. Уиграна тактика ни беше ова, сто пати сме го правеле. Направив десетина чекори, пцујам, влегов у филм ко џандар да сум, алфа не ми е рамен. Кичо кидна, не се гледаше веќе во далечината. Застанав, дојдоа до мене и девојчето и мајката. "Нема шанса да го стигнам, на точак е мамето негово лоповско" - им реков задишан. Додека старата плачеше, девојчето ги извади наочарите, се поднасмеа и ми рече:
- "Ејј, па тебе те знам"
- "Од каде"? - ја прашав (си помислив готово, наебав сега)
- "Како од каде, од последната собиранка од форумот на Кајгана. Тогаш се запознавме, или беше премногу пијан да се сеќаваш? Јас сум, walker girl, ти текнува"?
Ми олесна. Си помислив ме препознала кога сме пљачкале другпат тука. Од собиранката било. Знаев да дремам на тој проклет форум во доцните вечерни часови од маалското нет кафе. Таму се собиравме. Форумот ни беше како релаксација, а има и згодни девојчиња. И се насмеав и и пружив рака.
- "Слушај сега" - и реков. "Јас ќе одам да пријавам, а вие бидете тука".
- "Но јас имам мобилен, мојот не го украдоа, јас ќе се јавам" - рече малата.
- "Ти јави му се на татко ти и кажи му што се случило, да не ве мисли и нека дојде да биде со вас кога ќе дојде полицијата" - се извадив
- "Океј, нека биде така" - го извади мобилниот од џеб и сврте. "Ало тато, мама е во солзи бидејќи и го украдоа накитот додека јадевме сладолед во парк. За среќа тука се погоди едно другарче, да бевме сами којзнае што ќе ни се случеше. Тој отиде да пријави. Сега ќе дојдат, ние сме кај клупите до езерцето... да да, од зоолошката према Вардар..." - се потивко го слушав нејзиниот глас како што се оддалечував.
- "Наивни" - си мислев во себе. Додека има овци ќе има и волна.
Го поминав стадионот, на сигурно бев веќе. Копуците ме чекаа позади "Опатија". Насмеани беа, одвај чекам да стигнам до нив да го преброиме пленот...
--------------------------------------------------------------------------------------------------------
Напомена: сите лица и настани во расказот се измислени и секоја сличност со нив не е намерна