DKB Handball Bundesliga, Liga ASOBAL, LNH

  • Креатор на темата Креатор на темата bbbbbb
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам зошто ама мислам дека од Барса ќе го јадат уште дома. Најинтересни мечеви ми се чини дека ќе бидат Вардар- Флензбург и Кил- Металург.

И јас истото го мислев. РНЛ ги почитувам многу, всушност мислам дека заслужија фајнл фор сезонава, најјака германска екипа се ама едноставно Барселона е прејака. Тешко тешко некој ќе им се спротивстави. Од друга страна, со оглед колку се очај ПСЖ досега, претпоставувам дека Веспрем полесно ќе помини отколку со полјаците во претходното коло. Созреа Веспрем за фајнл фор.
 
Ако игра Кил вака со Металург ќе изгуби солено во Скопје....
Посебно ако одбраната на Металург изигра како шо знае....
Никогаш не биле послаби,барем не во последните 14,15 години откако ги следам,очекувано,направија смена на генерација,очекувано беше да има кризи,ама сега влегоа во една лоша серија...
Со Магдебург дома одвај куртулија од пораз,немаше кај да бегаат со Ловен,да не се заебаваше Ловен на крај ќе беше дебакл за Кил....
Не би ги отпишал РНЛ со Барса,иако Барса е вистинска машина и тие знаат дека овај двомеч тешко дека ќе се реши уште на првиот меч..
РНЛ е вистински гигант моментално,и навистина штета е шо паднаа со Барса,зошто заслужија овие две екипи да играат на Ф4...
Според мене победникот од овај двомеч ќе ја освои ЛШ...
Како и да е,да се вратам на темата,навистина ќе биди добро за Бундес Лигата да се добие нов првак,малку да се смени таа монотонија,Кил,Кил....заслужува оваа сезона Ловен титула,дефинитивно...
 
Француската федерација одземале 2 бода на Монпеље.. Дали е некој скандал бидејќи првите 2 места идат во ЛШ, а со овие -2 на Монпеље паднаа на 3 позиција , додека ПСЖ се искачија на 2 место... Нешто тука мирисаааа :cautious:
 
Аууу каков меч на Данкерк синоќа,покажаа дека ја заслужуваат титулата...
Патрик Казал навистина им даде победнички дух,не се откажаа ниту кога губеа со 6 разлика во 40 минута.....е ова е вистински шампион....
Монпеље тргна јако,го имаа мечот,нон стоп водеа со висока разлика,дадоа дури 17 гола на полувреме...
Ништо не навестуваше дека второто полувреме ќе има таков епилог..
Мечот продолжи со исто темпо,Монпеље стигна до 21-15 некаде во 40 минута,и тука застанаа..
Оттогаш на теренот играше друга екипа,ја стегнаа одбраната,се разигра голманот Жерар,Монпеље едноставно беше отсечен,дадоа само 4 гола за 20 минути,од тие 4 гола еден беше од пенал,еден беше под фаул...комплетно отсечени,одамна не сум видел ваков пресврт....филмски пресврт на Данкерк....
Паметно ва напад,тактика ала Металург..
И на крај беше најјакото...
Последна минута,24-24 напад на Данкерк,брани голманот на Монпеље,домаќините во напад...
Пенал за Монпеље на неполна минута до крај,Гигу за 25-24..
Напад на Данкерк,на некаде 30 ина секунди до крај пенал за Данкерк,успешно реалзиран,25-25...
И Монпеље оди во последен напад,имаа доволно време домаќините за добар напад,дури и голманот го извадија и ставија играч со маркер(Кавтичник)...
Но уште на самиот почеток на нападот,неуспешно укрстување на левиот и десниот бек на Монпеље,силно упатена топка до Доленец и топката оди во аут..
Уште некоја секунда до крај,играч на Данкерк ја зема топката и веднаш по изведениот аут шутира директно во голот..
Играчот со маркер на Монпеље немаше време да се замени со голманот и трча накај голот да ја фати топката но беше пребавен,топката оди кон голот, двајца играчи на Монпеље први стигнаа до топката но веќе беа во просторот од 6 метри,и Гребил мораше да ја фати топката зошто сигурно ќе беше гол,судијата оправдано досуди пенал за Данкерк,времето веќе беше завршено....
На крај успешна реализација на пеналот и огромно славје на Данкерк,среде Монпеље,во една незаборавна утакмица...
 
Шпанскава лига ја имаше баш сега на Спортклуб ова коло Пуерто го гледав против Ла Риоха поради да видам Димитриевски како ќе изигра, во напад играше повеќе имаше 3-4 гола а и добро асистираше и изнуди неколку пенали. Ја изгубија Пуерто највеќе поради лошата одбрана а и голманов на Ла Риоха квалитетен имаше околу 20 одбрани.
 
Копа дел Реј за Кире Лазаров. Трета по ред. Само напред мајсторе. Останува уште ЛШ, за совршена година.[DOUBLEPOST=1399230199][/DOUBLEPOST]12-15 za HSV protiv RNL na poluvreme. Ako ne se popravat mnogu lesno celiot napor od minatiot mesec i pobedata nad Kil kje mozhe da im bide zaluden...[DOUBLEPOST=1399230766][/DOUBLEPOST]хахаха неверојатно 4-0 им прават за нецели 2 минути 15-16[DOUBLEPOST=1399231126][/DOUBLEPOST]ауууу значи Ландин ако не попие барем по една у глава по утакмица исто ко да не играл. Каков нок даун од Дувњак...[DOUBLEPOST=1399233570][/DOUBLEPOST]хахах каков меч. 32-31 за РНЛ, со поништен гол во последната секунда на ХСВ. Остануват први на табелата. Од почетоков на вториов дел од сезонава сакав ова да го кажам, но денес дефинитвно се уверив дека Анди Шмит е моментално најдобар централен во свет. Едноставно брилијантен е. Не е ни чудно што Барселона се интересира за него и сака заедно со Ландин да ги донесе во пакет. Шут, пас, брзина, интелегенција. СЕ. Извонреден играч.

Инаку потресно беше тоа што му се случи на Џорџиќ. Многу перспективен играч е и искрено се надевам дека нема да ја има судбината на Оскар Карлен. Се надевам ќе се врати посилен....
 
Последно уредено:
Охоо моментално ПСЖ го срка од Монпеље(31-25)на 8 минути до крај,ако изгубат отиде и второто место,ќе си играат бараж догодина...
Не е се во парите,14 милиони фрлени во ветер....:icon_mrgr:
Треба тренер,треба голман,многу треба..
Има време,наредна сезона,со нови милиони кон нови победи...:icon_mrgr:
 
Пик Сегед го освои ЕХФ купот со победи над Монпелје и Фуксе Берлин на фајнл форот во Берлин. Уште еднаш се покажува каков бил тој триумф од 10 разлика во вајлд кардот баражот од Металург. Браво за Унгарците во секој случај.

И уште повеќе, замислете што ќе биде СЕХА лигата идната сезона ако се остарат прогнозите, со влез на тим кој е на фајнл 4 во ЛШ, шампионот на ЕХФ купот и два тима кои беа во топ 16 во ЛШ. Зборуваме втора после буднеслигата, па СЕХА може да биде и подобра од Бундес лигата според длабочината (најјаките екипи се сепак појаки).
 
Пик Сегед го освои ЕХФ купот со победи над Монпелје и Фуксе Берлин на фајнл форот во Берлин. Уште еднаш се покажува каков бил тој триумф од 10 разлика во вајлд кардот баражот од Металург. Браво за Унгарците во секој случај.

И уште повеќе, замислете што ќе биде СЕХА лигата идната сезона ако се остарат прогнозите, со влез на тим кој е на фајнл 4 во ЛШ, шампионот на ЕХФ купот и два тима кои беа во топ 16 во ЛШ. Зборуваме втора после буднеслигата, па СЕХА може да биде и подобра од Бундес лигата според длабочината (најјаките екипи се сепак појаки).

Топ 8 :)
 
Последно коло во Бундес, ист број на поени и ист број на гол разлика после прво полувреме :) ќе биде интересно сега второ, Кил ги гази Фуш.
 
и ја изгубија, овие Фуш веза немаа утакмицава па и уназад ептен се ослабени без Јашка и Игропуло се ништо..освен Хајневетер ако не беше он ќе тепаа Кил уште доста поголема разлика.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom