DKB Handball Bundesliga, Liga ASOBAL, LNH

Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Кирил Лазаров е најдобар стрелец и во Барселона оваа сезона. Со 201 гол, се наоѓа пред Никола Карабатиќ (178), Томас (165), Рутенка (162), Нодесбо (138).

http://www.fcbarcelona.es/balonmano/balonmano-equipo/detalle/noticia/kiril-lazarov-maximo-goleador-del-barca-de-balonmano?utm_medium=twitter[DOUBLEPOST=1394645407][/DOUBLEPOST]Почнува плеј офот во Данска, денес КИФ Колдинг - Бјерингбро Силкеборг. Добра можност да се види во каква форма ќе дојдат во Скопје + без "тракторот". Link...

http://www.hahabar.com/20140312/v--768863-531feb03601920.89303871.html
 
Последно уредено:
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
се средија малце Фуиксе ама Хамбург ги кине сеуште 10-6...[DOUBLEPOST=1395948989][/DOUBLEPOST]уште малце па почнува уште еден интересен меч ПСЖ- Данкерк...[DOUBLEPOST=1395949439][/DOUBLEPOST]gi napolnija...16-8... za HSV i toa kako od shala... ochajna igra na Fuchse[DOUBLEPOST=1395949817][/DOUBLEPOST]odlichna odbrana na Dankerk na pochetokov. vodi 0-2[DOUBLEPOST=1395950020][/DOUBLEPOST]e ova e vekje interesen mech. HSV-Fuchse ne go ni ukluchuvajte...3-4[DOUBLEPOST=1395950348][/DOUBLEPOST]au au au ...kakov gol na narsis...kolk mu skrshi na Sudri...[DOUBLEPOST=1395951972][/DOUBLEPOST]PSG - Dunkerque 12-15 po prviot del... so pobeda Dunkerque kje ima tri boda prednost pred PSG i Montpellier , a chetvrti se Nantes so 27. Kje bide toa interesna zavrshnica vo LNH, osobeno vo borbata za mesta vo LS.
 
Последно уредено:
Член од
27 ноември 2008
Мислења
5.539
Поени од реакции
4.066
Маркович :cuc:
Нека направат се Вардар да го земат.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Псж кои гревчиња се кутрите хаха..
Мизерија невидена,цел меч не успеаа ниту да поведат,камоли да имаат инцијатива и да диктираат темпо...
Никаква игра,никаква концепција,акции прочитани како селски буквар...
Се чека од Хансен да извади невозможен шут,иако на себе има двајца,некогаш тројца блокери,Нарцис во Француска репрезентација и Нарцис во ПСЖ се огромен контраст....
Никаква течност на нападите,ништо..
Колку беа очајни говори фактот шо тренерот последните 20 минути играше со Абало на десен бек...:icon_lol:
Дури и онај Диао(црнецот шо игра само во одбрана)го играше на десен...:pos:
Не знам за шо го чуваше Копљар?и зошто не проба со Халгримнсон на крај?
Какви само пробивања направи хаха,па Ацо Јоноски за него е Домагој Дувњак....:pipi:
А против една екипа со таква одбрана како Данкерк е самоубиство.....
Пола од головите ПСЖ ги даде од контра и полуконтра,на крај не можеа никако да дадат гол од позиционен напад,мораше Хансен да вади шутеви од кај стигне....
Имаа шанса за реми на крај,имаа контра ама Мелиќ ја промашимшутна во раката на голманот на Данкерк(Жерар)кој имаше солиден меч,баш во завршницата скина неколку зицери од 6 метра,ова беше клучно....(додуша и неколку од шутевите го погодија во тело)...
Многу паметно изигра Данкерк во напад,на граница на пасивен напад,чекаа да се направи пукнатина во зоната на ПСЖ и успеваа...
Голема недисциплина во играта на Псж...не можеа да останат компактни во одбрана,освен на моменти,и си користеше Данкерк,се ствараше вишок,пред се на пикер,ги избушија од таму...
Наполно заслужена победа на Данкерк,Патрик Казал го уби во поим ПСЖ....
Не е се до парите дефинитивно...
Да не изгубеа веќе добиен меч со Нант прошлата недела Данкерк веќе со едната рака ќе имаа титула во џеп,вака се направи интересна борбата за титула....
Сега Псж заостанува 3 бода зад Данкерк,го изгуби второто место,сега Монпеље е втор,како тргнале работите Псж ќе го истиснат на трето да игра квалификации за ЛШ...:pipi:
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
Гледав прееска првото полувреме од Антасуна - Виља де Аранда на СК, посмешен машки ракомет неам глеано одамна. Технички грешки, промашување зицери, домаќиниве ги скршија стативите, смешки. Инаку ПСЖ наредна игра со Нант, ако ја изгуби, отиде ЛШ...
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Не го гледав тој натпревар но ми мириса некако на наместена (30-31). Виља де Аранда се инаку аматерска екипа главно составена од спасувачи на базен и фитнес инструктори. Мислам со ова за квалитетот се е кажано. :)

За ПСЖ-Нант, мислам дека е подобро за нашиве клубови ПСЖ да победи, или пак да изгуби покрај оваа уште една до крајот (што е многу извесно), а Нант или Тулуз да ги добијат сите (што не е извесно). Ако изгуби хипотетички само од Нант ќе бидат трети, на само бод пред нив и ако завршат на таа позиција ќе играат на Њилд Цард турнирите, каде сигурно и ние ќе имаме претставник (првите два од ЛНХ одат директно). Но колку и да играат лошо не би сакал наши екипи да се паднат со ПСЖ, освен ако турнирот не е во Скопје.
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Месецов не очекува многу интересен расплет во ХБЛ, со неколку суперквалитетни дуели. Ако на ова се додадат и првите четвртфинални натпревари од Лигата на Шампионите, тогаш екипите од врвот на Бундеслигата во периодот од 12-21 април може да се случи да одиграат и до 4 натпревари.

Вака структурираниот распоред на ХБЛ, полн со клучни натпревари, очигледно оди во прилог и на нашите екипи кои играат ¼ финале во ЛШ. Металург веќе може слободно да мисли на Кил, додека Вардар по натпреварите на завршниот турнир на СЕХА, на 11 и 13 април, ќе има повеќе од недела за подготовка на гостувањето во Фленс Арена.

Еве го распоредот на натпревари на “големата” германска четворка за решавачките 10 дена од Април:

12.04 Полуфинале на DHB Купот

17.45 ч. РНЛ – Флензбург

13.04 Финале на DHB Купот

15.04 29-то коло во ХБЛ

20.15 Магдебург- ХСВ

16.04 29-то коло во ХБЛ

19.00ч. Флензбург- Вецлар

20.15ч. РНЛ – Кил (НЕ ПРОПУШТАЈТЕ!)

РНЛ- Кил = Меч за титулата. Моментално Кил е прв на табелата со 49 бодови. РНЛ втор со 47. Натпреварот во Шпаркасе Арена заврши со победа на Кил од 31-28, па така доколу РНЛ победи со 4 разлика (или пак 3, но примени помаку од 28 гола) ќе го преземе водечкото место во ХБЛ, што многу веројатно ќе значи и освојување на титулата во Германија.

Во последните 5 кола РНЛ ќе треба да игра уште со Бергишер, ХСВ (дома), Ајзенах, Мелзунген (дома) и Гумерсбах , а Кил со Хановер (дома), Лемго, Фленсбург (дома), Луибеке и Фуиксе (дома).

Флезбург, иако се само еден бод зад второпласираниот РНЛ, не верувам дека се надеваат на титула, без разлика што постојат теоретски шанси за тоа. Главна цел несомнено им е директниот пласман во ЛШ следната сезона, заради што немаат право на кикс против “просечниот” Вецлар. ХСВ ги “следи во чекор” од четвртото место на табелата со 44 бодови. Во последните пет кола Флензбург игра тому против ХСВ на гости, потоа против Мелзунген (дома), Кил, Балинген (дома) и Ајзенах. Распоредот на ХСВ пак за последните пет кола е Флензбург (дома), РНЛ, Хановер (дома), Лемго, Емздетен (дома).

19.04 ЛШ

18.30ч. Металург- Кил

20.04 ЛШ

19.15ч.РНЛ - Барселона

21.04. ЛШ

19.00ч. Флензбург- ВАРДАР


Поракометен април, здравје.... и тоа со црвено-црн шарм.... : )
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Пред супер атрактивните дуели од ХБЛ кои не очекуваат следниве денови, денес може да почнеме со ПСЖ - Нант. Многу битен меч за двете екипи. Моментално 4-5[DOUBLEPOST=1397158119][/DOUBLEPOST]14-14 на полувреме. Меч ни навидум налик на оној од купот. За разлика од тогаш Нант е сериозно ослабен со неиграњето на Никола Клер. ПСЖ мрак мракова...
 
Последно уредено:

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.238
Поени од реакции
19.396
Победа на мускули за ПСЖ..
Го гледав второто полувреме,Нант беше рамноправен,немаа среќа на крајот,погодија неколку стативи,една по малку среќна(рефлексна)одбрана на Аноне,имаа проблем со организација на напад во последните 5 минути,ПСЖ го искористи ова и преку Копљар и Хансен го реши мечот...
Важна победа за ПСЖ во борба за директен пласман во ЛШ,најверојатно титулата ја изгубија,зошто Данкерк е 3 бода пред нив...
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Титула за маестро КИРИЛ ЛАЗАРОВ, со 7/7 против Арагон. Единствен играч во Барселона кој го освоил шампионатот и купот на четири различни земји. Браво царе!
 
Последно уредено:
R

Rigel Kent

Гостин
Важна победа за ПСЖ во борба за директен пласман во ЛШ,најверојатно титулата ја изгубија,зошто Данкерк е 3 бода пред нив...
На трето место се и имаат меч со Монпеље на гости кој директно ќе одлучува за второ место.
 
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
1397246800_extras_noticia_foton_7_2.jpg [DOUBLEPOST=1397256914][/DOUBLEPOST] 2014-04-10_FC_BARCELONA_-_BM_ARAGON_071.v1397251674.JPG [DOUBLEPOST=1397289549][/DOUBLEPOST]МАЛА ИСПРАВКА: Мечот Рајн Некар Лоевен - Флензбург, почнува во 14.55 со директен пренос на шпорт1. Од 17.45 почнува второто полуфинале меѓу Фуексе и Мелзунген. Се извинувам на сите за грешната сатница погоре.
 
Последно уредено:
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Почнува ФФ турнирот за купот на Германија...[DOUBLEPOST=1397308350][/DOUBLEPOST]ухххуууу РНЛ- Фленс 2-5 . Многу добар почеток на Љубосјунгс...[DOUBLEPOST=1397310280][/DOUBLEPOST]полувреме 12-16 за Флензбург. Лоша вест - Матијас Андерсон се враќа во форма. Генерално не баш добар меч за гледање, со премногу исклучувања ... Во РНЛ многу слаб учинок на левите бекови и на Ландин.
 
Последно уредено:

Дим4е

NZT-48, want some?
Член од
24 октомври 2007
Мислења
7.242
Поени од реакции
8.312
Некако добив впечаток дека судииве се престроги спрема РНЛ и не ги пуштаат да ја играат одбраната што ја играат цела сезона
 
Последно уредено:
Член од
7 јануари 2012
Мислења
816
Поени од реакции
1.208
Прилично лош меч со оглед на тоа какви сме гледале претходниве години во полуфинале. РНЛ со многу грешки, многу исклучувања, нула голови од игра на сите бекови, освен Петерсон и сосема нормално следеше елиминација. Можно е и да калкулираа бидејќи имаат два поважни натпревари следнава недела, но во секој случај ова беше многу лошо. Повеќе РНЛ беше лош отколку што беше Фленс добар. Инаку четврто финале по ред во купот за Флензбург. Ниеднаш не победија. Најверојатно ќе им се насмевне среќата утре ако ја повторат оваа игра.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom