Ња,ња,ња, леле вие сте жртви, секогаш е друг крив.... Значи крив ви е турбофолкот (според која логика? ист народ ви иде на журки?) а не сте си самите криви со милион Greatest Hits/Кафе дел Скопје/Охрид/Мралино журки годишно кои се сите исти к**ц под друго име, со истите диџеи, потпуно истата музика (што не е ни хит, а па далеку од greatest) и беден/никаков концепт? И чат-пат Таламаска/Скази/Астрал ако дојдат. И толку не приметуваш дека баш ова (а не турбофолкот или некој однадвор) резултираше со како што самиот викаш “комплетно непрофитабилни настани , незаинтересираноста на публика итн“.
Па нормално, и јас порано ви висев на секоја журка у први редови со поштено купена карта ( и сум ве бранел на форумов кога имало аргументи за тоа) ама нормално ќе станам незаинтересиран како публика кога почнавте да правите copy-paste журки ради реда и да не нудите ништо ново години по ред (минус White Dimension што реално е повеќе напумпан настан одошто е квалитетна понудата ама ај). За тоа резилот што го правите последниве нови години со вртење DVD-а од па да не праам муабет.
On topic, браво за Маркус, дефинитивно одам
ОК, ајде по ред, пошто немам намера нити да се расправам нити ништо него чисто колку за да биде се јасно.
1. Скопјево максимално се засити и од журки и од ДЈ-и и од се. Факт: 90% од забавите кои беа направено со нешто различно, нови ДЈ-и донесени кои не биле веќе тука, различен концепт, кај нас не прошле. Како факт можам одма да ти набројам 10 забави кои биле ненормално прод проекции со карти а имињата кои биле на тие забави биле феноменални (и како артисти и како ДЈ-и и како имиња кои значат многу на електронска сцена). Не зборам за наши забави само, зборам за глобално. Најглупото од се е тоа што кај нас ако името не е исфурано по радија, донесено 10 пати итн, нема да привлече раја. Ако не се најави као нешто грандиозно, нема да повлече раја, ако не се "напумпа" нема да привлече раја. Типичен пример е колосеум со имиња како Ferry Corsten, Menno De Jong, Ashley Walbridge, Hernan Cataneo и уште тон имиња, а карти не се продале ни 3/4 од тоа што се очекувало. Македонче (no offence taken и секоја чест на исклучоци) галами за забавата, демек еј овој е јак, донеси те го овој, муабет со подршка невиден, интерес огромен...за да на крај на 2 дена пред журка 90% од луѓето се јавуваат дај гратис, прашуваат кој е на врата, бараат кој да ги пикне на саем, колосеум или кај и да е да се дешава журката гага. Кој интерес има организатор да направи забава кога на ден на журка сваќа дека е влезен максимално во минус. Не е да се нема желба да се донесе нешто јако, едноставно не се исплати. Ти си свесен, јас сум свесен, сите се свесни за овој муабет. Нај јак муабет ми е кога ке се појави некој дај Hardwell, Avici итн, а цената за овие ликови е 100 000 евра за петок, 150 000 за сабота. Од кај пари за такво нешто?? Ке ми каже некој спонзори?? Има спонзори, се покрива од тоа, ама колку ќе ти даде спонзор? 15 000 евра, 20 000?? Be real. Сите ги знаете фактиве, сите ви се познати, ама никој нејќе да ги погледне од таа страна. Дека се трудиме да смениме нешто, се трудиме. Заради цела ситуација која стана, ради тоа и носиме вакво јако име од типот на Marcus, поради тоа и ставаме глава под нож затоа што редно е да се смени нешто и да се врати ко што беше. Ради тоа и White dimension се направи. Ако ми кажеш дека Woods, Graham и Tomcraft се тапа имиња, не ги бива, провери малце повеќе...далеку од нафурано, ако не ги биваше немаше да имаат пун распоред од четврток до недела.
DVD-ја на забави више нема да има, што е доста доста е; Greatest hits:..не знам, мислам дека веќе ќе го нема...сакавте свежо, различно, добро, еве такво нешто. Ние зимаме залет, не кажуваме дека не сме направиле нешто лошо, кажуваме дека се враќаме на старт и пробуваме да вратиме нешто кај што било и да вратиме нешто што очајно ни фали на сите.
Толку од мене, се гледаме на 29. Фала за критика, прифатена повеќе него што мислиш. Ќе пробаме да направиме нешто во наредниов период да изгледа различно и да не е досадно и НЕ ДО толку веќе видено. Веруј, колку што тебе ти фали, мене дупло повеќе...
Peace out