MARKUS SCHULZ @ EXPO Center - 29.11.2013

Член од
21 септември 2008
Мислења
13.283
Поени од реакции
9.227


Дами и господа, Urban Dance со задоволство ве поканува на RE-Born, првиот чекор кон враќање на стариот сјај на нашето Скопје.
Со огромна чест на 29 Ноември презентираме едно од најголемите имиња на електронската сцена на сите времиња.
Мајсторот на емотивната музика, виртуозот позади микс пултот, директно од Америка, најдобриот Американски дј - DJ MARCUS SCHULZ

Headliner т.е главниот дј на TOMOROWLAND, ASOT, WHITE SENSATION, DANCE WALLEY

Летен Headlinе дј на најголемиот клуб во светот - Cream на Ibiza

За годината 2012/2013 тој е избран за најдобар Американски DJ според весникот DJ Times.

2008 година па навака нема излезено од врвот на листата на најдобри DJ-и во светот според списанието ДЈ МАГ
Remix мајсторот на Madonna, Armand Van Helden, Depeche Mode, Fat boy slim, Armin Van Buuren, Tiesto,


http://www.youtube.com/watch?v=d5hz5zykruE


Локацијата за настанот ке биде ЕКСПО ЦЕНТАР (eкс дискотека Колосеум - железничка станица, проширен и дограден простор со нов концепт на подиум,галерии,саунд и лајт)


Дата :Петок, 29 Ноември
Локација: Експо Центар (ех Колосеум)
Старт :22.00
Влезници во мрежата на 1/2 Југотон-гтц и купикартизасе низ републиката (www.kupikartizase.com)
-Главен Подиум -300 ден до среда 27 ноември, потоа 350. На влез 500
-Галерија со директен поглед на дј пултот – 500 ден
-Пакети во Галерија –Висока маса со 4 билети и флаша алкохол по избор – 3200 ден



Marcus Schulz се смета за еден од највлијателните DJ-и на денешницата. Комбинираното влијание на своите headliner настапи низ целиот свет, издавањето на својата музика преку неговата издавачка куќа Coldharbour records, издавачката куќа на Armin Van Buuren Armada и најголемата електронска издавачка куќа во светот Ultra, како и неделните изданија на една од најслушаните електронски емисии во светот Global DJ Broadcast, го зацементираат на врвот на најбараните и највлиталните имиња на светската електронска сцена. Тој редовно настапува на најголемите светски фестивали како што се Tommorowland, White sensation, Nature One, Dance valley, A State of Trance, Transmission, а не се забораваат ни летните годишни резиденции кои ги има во најголемиот клуб на светот Cream на Ibiza. Tој е headliner на трите најголеми електронски фестивали во светот Tommmorowland, A state of trance и Dance Valey. Секоја година Marcus Schulz е во врвот на најгласаната листа за најдобар DJ во светот според DJ Mag, а од 2008 година па навака нема излезено од листата на најдобри DJ-и во светот. За годината 2012/2013 тој е избран за најдобар Американски DJ според весникот DJ Times.
Освен издавањето на двата албуми “Scream” и “Do You Dream” (издадени за издавачката куќа на Armin Van Buuren Armada records) кои имаат огромен успех, тој исто така е човекот кој стои позади компилациите”Coldharbour Sessions” каде тој избира еден град и прави селекција на музика според типот на музика која се пласира во тие градови. Неговата компилација за 2012 “Los Angeles” според Mixmag е избрана за компилација на годината. Тој има направено remix-и на најголемите светски артисти меѓу кои Madonna, Armand Van Helden, Depeche Mode, Fat boy slim, Armin Van Buuren, Ferry Corsten, Cosmic Gate, Tiesto, Above & Beyond, Oceanlab. Eмисијата Global DJ Broadcast трае веќе 6 години и е една од најслушаните електронски емисии во светот со директен пренос на најголемите интернет радио станици како DI.FM и Afterhours.fm, а воедно истовремено се пренесува на повеќе од 50 радио станици од целиот свет.
Македонската клаберска нација ќе го има огромното задоволство и привилегија на 29 Ноември да го проследи DJ настапот на Marcus Schulz како прв дел од едицијата RE-Born во EXPO центарот на добро познатата локација на Железничката станица во Скопје.]

https://www.facebook.com/events/208024109380048/

Изгледа мрднаа работиве од мртва точка.. :)
 
Член од
12 август 2010
Мислења
2.892
Поени од реакции
904
Конечно нешто добро, ке се здробиме...:)
 
Член од
21 септември 2008
Мислења
13.283
Поени од реакции
9.227
Иначе глеам на флаеров Туборг како спонзор, баш со Туборг Колосеум пред 4-5 години ги носеше најголемите ѕвезди тука... Барем 50% да бидат добри како тогаш би било одлично. :)
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.150
Поени од реакции
7.807
Шта речи ?


со @stealth сме некаде во првиот ред. Штета што нема да можам овој пат да одам.
 

Satellite

Digital Dance DJ
Член од
25 декември 2007
Мислења
321
Поени од реакции
115
Тек ке станува интересно :D се гледаме на 29ти во стар Колосеум а.к.а. Expo centar :D
 

Satellite

Digital Dance DJ
Член од
25 декември 2007
Мислења
321
Поени од реакции
115
Се растури ClubbersGuide, се растурија и журките :)
Се растури Clubbersguide? Не разбирам како се растури? Журките прекинаа поради заситување на публика, поради голем приплив на турбо фолк од комшиите ни, поради комплетно непрофитабилни настани кои се случуваа неколку години назад (ако 90% од забавите се во минус, кој е мотив да се продолжи понатака), незаинтересираноста на публика итн итн итн...Редно е да се врати назад на како што беше и треба да биде, Marcus е феноменална прилика да се Направи тоа :D
 
Член од
5 април 2012
Мислења
7.150
Поени од реакции
7.807
Не разбирам како се растури? Журките прекинаа поради заситување на публика, поради голем приплив на турбо фолк од комшиите ни, поради комплетно непрофитабилни настани кои се случуваа неколку години назад (ако 90% од забавите се во минус, кој е мотив да се продолжи понатака), незаинтересираноста на публика итн итн итн...Редно е да се врати назад на како што беше и треба да биде, Marcus е феноменална прилика да се Направи тоа :D
Некако неповрзани се работите што ги зборуваш иако се сите точни вака ставени во целина не се.

Големи пари нема да сврти клубот од артисти како Маркус, транс музиката денес има помалку фанови од времето кога како што велиш ти одеа во минус од забавите.

Оние ДЏ-и што се екстра популарни неможеме да си ги дозволиме поради тоа што сега електронската музика е многу во подем и прескапи се артистите за наши услови. Ете пример кај Бугарите влезниците се движат помегу 25-40 евра.
 
На врв Bottom