Рок спектакл на Архангел во СЦ Борис Трајковски 20.12.2013

Колеги форумџии, никако не можам да најдам екипа од кај мене (од Кавадарци) за одење на концертот. Ако има некаква организирана форумџиска екипа нека каже во најскоро време.
 
Ќе се иде. Минатиот пат се собравме форумџии и нефорумџии во Галеб кафаната претходно. Се надевам дека ќе не` организира Сусаро. :)
 
Пишете кои карти ги меркате да знаеме каква е ситуацијата

Sent from my GT-I9100 using Tapatalk
 
Првите два дена оргазми од воодушевувања за настанов, сега темава спие.
 
зедов за во партер јас од купи карти за се, има во тобако сити и one. ќе се дружиме :D
 
Даваат „кибрит“ гратис?

Инаку, не знам дали да идам. Ваква величествена работа ретко се случува и уште поретко смее да се пропушти. Шо знам.
 
Преѓеска си зедов карта и јас. За партер. Не знам дали ќе биде баш за скокање концертов, ама па некни читам филхармонијата „само ќе чувала грб“ на бендот. Ми нема некоја логика да се издигаат 60 и кусур души со се` инструменти за позадински полнеж... Баш и не знам што да очекувам, но ова ми беше најсигурна варијанта, а и најефтина. Се гледаме на 20-ти. :)
 
Исто, партер. Ги видов тие статии... Можда несреќно избран наслов зошто:

- ни они (никој уствари) не се сигурни за Вртев vs. бенд, па нејќеле да го постават насловот "Сите покрај Вртев", иако во текстот пишува дека ќе настапат како шестчлена формација, или
- не им текнало ништо попаметно ко наслов, па "ќе им го чуваат грбот" од текстот го свртеле на "само ќе им го чуваат грбот" во насловот.
 
Во друга статија пак прочитав дека Вртев ќе го дружат 7 членови, чии имиња се чуваат во тајност... Познавајќи ги методите на интернет парталите, одбирам да не верувам во ништо што ќе прочитам и да си го чекам концертот.

Вака ми е најубаво. Не знам ни кој ќе се појави на сцена покрај Вртев, не знам ни колку ќе учествува Филхармонијата во изведбата, не знам ни дали имаат спремено различни аранжмани за песните... Како да одам на промоција на нов состав со непознат материјал. И баш затоа ми е интересно.
 
Се' пишуваат освен тоа што треба и што наверојатно ќе се случи, т.е. од оригиналниот состав да нема никој освен Вртев.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom