Рок спектакл на Архангел во СЦ Борис Трајковски 20.12.2013

Plan B Production
Здраво,
Концертот ке биде преместен за кратко, во среда ке има конечна информација и ке се знае датата. Поздрав
Ова ми го прати еден пријател на фб.
 
Слабо некако концертов , преместен , не преместен , како и да би било добро да се одржи.

Па да видиме што ќе испадне, апдејтирај те ја темава да знаеме што се дешава.
--- надополнето: 13 октомври 2013 во 14:59 ---
Слабо некако концертов , преместен , не преместен , како и да би било добро да се одржи.

Па да видиме што ќе испадне, апдејтирај те ја темава да знаеме што се дешава.
 
Инфо за концертов има нешо? Нели рекоа денеска ќе пуштеле...
 
Дупли пост за да видат сите. Денеска отидов до југотон и си прашав.

Ми рекоа дека концертот се одложил за декември. И дека за првава дата ниту карти не спремиле а не па да пуштат. Инаку експлицитно прашав демек дали би имало концерт ми рекоа да.

Е сега колку што се компетентни вработените во југотон толку е и информацијава. :rolleyes:
 
Сеа за сеа го сменив насловот на темата. На фан страницата на ФБ на ПланБ продукција стои инфо само за Џибони. Коа ќе има ново инфо, ќе менувам пак наслов на тема.
 
Ова се дешава зашто кај нас реално освен Авалон се другово се некои продуцентски кукичиња шалабајзерски.
 
Од настанот на фб се објавија цените за картите.
Само има голем број коментари во кое велат дека само Ристо Вртев ќе е, а не целиот состав на Архангел.
 
Ристо Вртев ќе свири со луѓе кои не се членови на Архангел и кои никогаш не твореле музика во групата и не се присутни на албумите. Ристо одамна им прави сплетки на оригиналните членови (патем и автори) уште од времето кога добро ги продаде правата на Литиум, без нивно знаење. Потоа ги остави со куси ракави после концертот на Сајмиште 2005, криејќи се од нив до ден денешен. Еве и сега ги ескивира, со цел да помине поефтино со надворешни музичари, но истовремено упорно се труди да ги присвои комплетните заслуги за групата. Да не беа Гино, Перо, Мите, Мишко, веројатно Ристо ќе пишуваше само стихотворби или во најдобар случај ќе пееше даркерско-манастирска музика, налик на Мизар, што беше негова првобитна намера пред да се сретне со идните членови. Впрочем и името на групата (Архангел) што тој и го даде, јасно го покажува тоа.
 
Сигурно е ова? Јас уште се мислам дали да одам, некако ме одвраќа ова од одење, а би сакал еднаш да отидам на концерт на Архангел.
 
И јас читав статија денес, демек Вртев ќе биде единствениот член од Архангел, плус филхармонијата во позадина, па замерки имало од фановите зошто концертот не е крстен Вртев и филхармонијата.

АКо е вака ептен е безвезе. Покрај текстовите, музиката е таа која ја одрази нивната специфичност на специфичен начин.
 
Сигурно е ова?

Најсигурно. Со години веќе се знае дека Вртев е на ратна нога со сите останати членови на Архангел и дека после распаѓањето никад не свиреле или пак има шанси да свират заедно.
 
Да да, ова е точно за Вртев. Денес купив карти од 700 денари за фан пит и прашав за бендот. Ми рекоа дека само Вртев ќе биде од Архангел плус филхармонијата. Нормално дека не ми е сеедно, но искрено не би сакал да го пропуштам ова.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom