Рок спектакл на Архангел во СЦ Борис Трајковски 20.12.2013

Меѓу другото, Борис Трајковски е сала не-обработена акустично, така што многу ме изненадува што една филхармонија се залета да свири таму, ај да разберам слаткар-маткар....


Не бе, пред некое време кажаа дека салава е најопремена акустично и дека веќе не постои закаснување на звукот и затоа дека нема ехо.
 
Ај и јас да напишам нешто:

Концертот беше fail невиден :facepalm: ...

Прво, да почнам со очигледното: до кога со доцнење за почеток на концерт??? Разбирам да се доцни до 10 минути, ама 45 минути?

Друго: не знам кој им бил звучен техничар, ама типот треба да си најде друга професија.
Бев во први редови, а филхармонијата ја слушнав се на се 5-6 пати во тек на цел концерт. При таа близина не може да се обвини акустиката на салата, бидејќи има неколку звучници директно на сцената пред публиката. Испадна како филхармонијата воопшто да немаше улога. Исто така, освен на "Милион долари", пијаното не беше присутно на ниту една друга песна.
(Не знам како било позади или на трибини, нека каже некој дали се слушаше филхармонијата).

Трето: досега Архангел ги свиреле сите нивни песни на концертите во траење од над два и пол часа (сум ги гледал 4-5 пати претходно), а 1h40m е потпросечно за ваков концерт (обично концерти траат по 2 часа).

Четврто: Георги Шарески беше како почетник во свирење на гитара. Можеби си е добар за џез (не сум го гледал), ама на концертов појма немаше од свирење.
Како што кажав и претходно, не го слушнав пијаното на ни една друга песна, така да, и тоа е дел од катастрофата.

Единствена светла точка на цел концерт беше расположението на Мучо (басистот).


Крајна оценка за концертот:
4/10 (дури и ова е премногу)
 
Се сложувам дека не беше најсјаен концерт но сум приствувал на многу полошо организирани концерти, пример пред 3-4 години на ZZ Top во Борис Трајковски беше уште полошо а беше најавувано како рок спектакл и организирано доста време уназад. Земено во предвид колку амбивалентна беше организацијата концертот беше супер. Од друга страна време траењето исто така ме разочара бидејќи ако се земе во предвид колку временски размак имаат меѓу концерти и колку траеле прошлите концерти саат ипол е малку. И за крај очекував да се отсвират рубин кармин,разговор без смисла,шал од жал,билборд икона,im sad итд.. Светла точка ако не се лажам најави нов албум за идниот концерт :)
 
Јас не сум разочаран од концертот оти не ни имав преголеми очекувања, во стилот дека ова ќе биде најдобриот концерт на кој ќе бидам во животот. Не, освен дека фалеше уште пола саат, нешто за што сите гледам се согласуваме, јас немам други замерки оти реално тоа што го видов го очекував.

Очекував солиден концерт, да ги слушнам некои драги песни кои одамна не сум ги чул, да се извикам малце, да запознаам една фина екипа ( за што ептен ми беше мило) и тоа во суштина. Дури на мое изненадување Вртев доста добро отпеа, мислев дека ќе биде доста полош како вокал.

А плус ми беше што ги доживеав скопските магли и неприроден снег, ми беше ептен необично патување до Скопје и назад.

Таа заедничката фотка, кој ја има нека ја стави тука на темата, да остане во архивата на форумот.
 
Вчера Скопје во тој термин беше чисто ко никогаш до сеа...

Кога мислам чисто, мислам... она, чисто.

Па имаше магла, прст пред око не се гледаше, не е никој будала да шета на тоа време! :confused:
А да имало луѓе не сте можеле да ги видите, нели од маглата.
Филхармонија............. :facepalm:
--- надополнето: 21 декември 2013 во 20:10 ---
Нели едно време имаше муабети коа биле jamiroquai дека била тапа акустиката па после тоа наводно ја средиле...е јас коа бев на Игор Џ. пак некако лошо беше ozвучувањето.Навистина разочаран бев.

Не е таа сала за концерти и точка.
 
Врв на концерто беше типот шо се прекачи преку оградата за во вип ложата и ја зарежа жена му позади. Си се смести царо.

:pos:

Кајгана круго беше најцврст и имаше добра атмосфера. Не знам што ја тупите за техничките грешки коа совршени верзии ако ви се слушаат можете да си слушате дома на јутјуб без вриштење од публиката. Едино Чудесен Свет не ми ја исполнија. Се туфкам ради тоа највеќе. Другото кул.
 
Како шо кажа еден член погоре, ова беше некако како кавер бенд на Архангел + Ристо Вртев. Него, остајте тоа, јас у целата гужва видов едни дечко и девојка, младички си беа, може 1-2 година средно, среќнички си беа, се запознаваа ако не грешам. Баш ми е мило шо ете, на некој може му тргна вчера, се надевам ќе се дружат уште долго време. Има убави моменти од целиот настан вчера, не викам не.
Пример, вчера ни стигна сметка за струја три ипол илјади, а на одење сме ја заборавиле ламбата пред врата пуштена. Да не траеше концертот саат ипол пак ќе ни стигнеше висока сметка. Фала Рики. :D

Не беа Архангел, затоа и не беше такво какво што треба да биде, јас уште си ги сакам, и секогаш ќе си ги сакам. И Ристо, и поезијата на Ристо, и Архангел како бенд. Еве, му простувам. :D
[
 
Како шо кажа еден член погоре, ова беше некако како кавер бенд на Архангел + Ристо Вртев. Него, остајте тоа, јас у целата гужва видов едни дечко и девојка, младички си беа, може 1-2 година средно, среќнички си беа, се запознаваа ако не грешам. Баш ми е мило шо ете, на некој може му тргна вчера, се надевам ќе се дружат уште долго време. Има убави моменти од целиот настан вчера, не викам не.
Пример, вчера ни стигна сметка за струја три ипол илјади, а на одење сме ја заборавиле ламбата пред врата пуштена. Да не траеше концертот саат ипол пак ќе ни стигнеше висока сметка. Фала Рики. :D

Не беа Архангел, затоа и не беше такво какво што треба да биде, јас уште си ги сакам, и секогаш ќе си ги сакам. И Ристо, и поезијата на Ристо, и Архангел како бенд. Еве, му простувам. :D
[

Ламбата и цела година да ја оставите пуштена нема три ипол илјади за струја да ви дојде. :D
 
Откај знаеш бе може стварно ламба била.

Ја протрљале под пазуви па ја заборавиле на одење. Успут духот што излегол од неа уклучил фен , калолифер и машинка за бријање.
 
Andrew како најмал и најличен од сите деца што бевме таму, можеше да собере неколку цури али повеќе беше сконцентриран на Рејдиохед, овај, Архангел де :D

Не сум во големите фанови на бендов, има бар 5 други мкд бенда што ги слушам повеќе од дечкиве, но ми се одеше на нешто поквалитетно годинава, не памтам дека пратев нешто добро оваа 2013та.

Не сум бил на друг концерт на Архангел претходно, но како што гледам сите велат дека во 2011та било боље.
Како и да е, Шорти пиша прилично точен опис на некој од аспектите од концертов. Посебно се согласувам дека филхармонијата беше беспотребна, т.е. само на 2-3 песни се осети дека добро ја склопиле и убациле, впрочем одлично звучеше таа склопка што за жал само на неколку песни ја имаше како што треба. Друга маана е што не се отсвиреа бар уште 3 песни, за тоа со отсуството на оригиналните членови нема што да се коментира де, знаевме и пред да идеме на концертов.
Се' на се' сепак си поминав убаво, Вртев си истера на ниво, слушнав песни што сум сакал да ги слушам во живо, а имаше неколку што за жал не се отсвирија а заслужија (Архангел, Рубин Кармин).
Ставам генерално ОК оценка за концертов, поголемите фанови на бендов, ќе си дадат свое мислење за неговата успешност.

И да, добри дечки запознав, убаво ќе биде да правиме уште свирки, концерти итн. (y)
 
Ве исчитав и ич не ми е криво шо не бев. Шом Вртев се фати на оро со Јован Јованов, тури му курот.

Уше едно позитивно мнение за концертот.:facepalm::(
 
Забравив да речам, слаткар беше на концерто. :icon_lol::icon_lol:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom