Плетење

Дали плетете?


  • Вкупно гласачи
    70
Знае ли некој/а да сплете овакво нешто?

41uoNAwMy2L._SX342_.jpg
 
Цела година дрндам дека сакам да научам и конечно почнав минатиот викенд, којзнае што ми текна, веројатно зимава ме мотивираше, ќе видиме до кога ќе ме држи. Инаку е баш зен момент, ептен опушта. Засега добро оди, уште да престанам да се "борам" со показалецот на левата рака.

Девојки да ве прашам, каде купувате игли по Скопјево? Јас најдов 4-ка во Багат и на Зелен пазар, ама 6-ки немаше. И да не се од оние малите пластични поврзани меѓусебно. А немаше ни некој голем избор на волница во Тетекс. Дајте некој совет околу опрема за плетење каде да побарам на друго место.

Сега се намерачив на едно капче, како поедноставно и помало. Еве го:



Инаку, најдов многу добар сајт со видео шеми за различни плетки, а има и одлични упатства за почетници. Сајтот, кога не им е паднат серверот, е:
http://www.watchknitting.com/
Ако не работи, можете да ги најдете на Youtube под истото име.

П.С. Можеби ќе биде подобро темава да се префли во Дом и семејство, вака има шанси да се изгуби во мноштвото на Општи, а тематски и повеќе припаѓа таму или можеби во Хоби. Бидејќи не знам кој е модератор на овој подфорум, рандом ќе ги цитирам @Луси Лу и @Олимпија.
Преместена :pipi:
Игли за плетење имаш на женски пазар на Бит Пазар. Волницата таму ти е исто поефтина.
Не знам да плетам, а сакам да научам. Ама ај тоа ќе го остаам за понатаму, сеа прво да научам убаво да месам :pos:
 
Најглупото нешто што ми се десило пред 8-9 години беше тоа што учевме како да плетиме на час по ОТП :facepalm:. Што е жалосно никој (нит машки нит женски) не успеа едно веленце помало да исплете, а не оценуваа за тоа
 
Знам ама не плетам. Имам интернет :) Ако се расипе компјутерот недај Боже имам една игла и по некое конче. Кафеавиот фустан не е комплициран правев такви бадемчиња кога се учев. Пред Христос изгледа беше.
--- надополнето: 2 декември 2013 во 09:34 ---

Вакви блузи ми плетеше мајка ми кога бев дете, ни една не си оставив за спомен. Имав неколку со вакви плетенки блузи и шалчиња. И некој со слика од конец во различна боја едната ја памтам со два листа од лозница.
 
Само што се регистрирав на форумов поради темава. Почнав да кукичам (хеклам, крошетирам) пред 1 месец и се заразив. Знае ли некој дали постои друго место освен Битпазар и продавницата на Теткс на Рекорд каде што може да се купи волница?
 
Само што се регистрирав на форумов поради темава. Почнав да кукичам (хеклам, крошетирам) пред 1 месец и се заразив. Знае ли некој дали постои друго место освен Битпазар и продавницата на Теткс на Рекорд каде што може да се купи волница?

На Бит-пазар во женскиот пазар провери,би требало да има.Исто сум гледала по трговскиве центри во Беверли Хилс и сигурно и во другите трговски центри би требало да има.Порано беше супер,се знаеше...Стоковна куќа-Скопје,Центротекстил,Трготекстил,Беко,Стоковна Илинден,26 јули и милион мали продавничиња по стара чаршија...милина беше...:)
 
Немам нерви за тоа. Мајка ми умее, и им се восхитувам на тие кои уживаат во тоа.
 
Јас до сега имам исплетено три џемперчиња со „грчки израз“ - демек без рамена и три шалчиња ама тоа одзимање и додавање на котелци не знам како иде, па мајка ми ќе почне да ми плете (што многу ме нервира затоа што различно плетеме) и ми се крши филм, ама ваљда некој ден ќе научам:confused: . Сега завршувам едно шалче за брат ми, па ќе почнам да си плетам уште едно џемперче. И да, смирува нерви многу!!!IMG10311.jpg
 
Дали знаете да плетите? Сакате да плетите? Дали би плетеле со вашите баби?
Ако сакате споделете некоја плетка.....Можиме и натпревар за најубав џемпер да организираме или собиранка- кајгана плетенка на која ке си донесиме вуница и уз муабет ке си плетиме :X3:
 
Дали знаете да плетите? Сакате да плетите? Дали би плетеле со вашите баби?
Ако сакате споделете некоја плетка.....Можиме и натпревар за најубав џемпер да организираме или собиранка- кајгана плетенка на која ке си донесиме вуница и уз муабет ке си плетиме :X3:
(y)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom