Плетење

Дали плетете?

  • Вкупно гласачи
    70
Првиот котелец го прафрлам,а последниот го плетам..
Имам една колешка Унгарка,она обратно,првиот го плете а последниот го префрла.
Кога ја прашав,зашто...ми вика исто е,нема врска тоа,само едниот да се префрли другиот се плете...инаку ако е ќе се наддаде котелец..
Мислам дека сега ти е јасно ;)
Јасно е. ;)
Мене ми имаат речено дека тоа зависи што плетеш. Ако плетеш џемпери, работи кои мора да ги составуваш и шиеш од кога ќе ги сплетеш, го плетеш и првиот. А ако плетиш шалчиња, капи, само се префрлал.
 
Јас мислам дека нема врска тоа,јас се исто плетам...
 
Јас пред две години посакав да научам да плетам. Повеќе се учев неголи што целев на проекти, но сепак успеав да исплетам една ташничка, футроли за мобилен и претежно минѓуши. Еве сега ми дадовте идеја зимава конечно да сии исплетам и еден шал.

Сеуште сум на почетно ниво, а баш би сакала да научам да плетам блуза или пак да ги научам различните шеми на плетење.
 
Ајде ќе се потрудам да ставам повеќе туторијали овде. И јас не знам кој знае колку да плетам, ама се трудам. До сега сум совладала едно 3 - 4 плетки успешно. Зимава треба да ме научат уште некоја плус. :)
 
Јас исто барав туторијали на јутуб, арно ама сите поинтересни плетки не се на англиски :).
Еве и од мене туторијали

Некој туторијал за плетење чорапи? Ама полесен да е :)
И совет за волница која нема да се упка. Е фала. :D
 
Некој туторијал за плетење чорапи? Ама полесен да е :)
И совет за волница која нема да се упка. Е фала. :D
Ане, јас колку што знам чорапи се плетат на 5 игли. Таа "технологија" уште не ми усовршена, кој знае дали и некогаш би научила.

Упка? Што значи тоа?
Ако најдам нешто за плетење чорапи ќе пишам овде.
 
Ане, јас колку што знам чорапи се плетат на 5 игли. Таа "технологија" уште не ми усовршена, кој знае дали и некогаш би научила.

Упка? Што значи тоа?
Ако најдам нешто за плетење чорапи ќе пишам овде.

Знам за тоа, четири игли ти се зафатени, а со петтата плетеш, комплицирано ми е. Ама памтам баба ми плетеше и со една игла па после ги шиеше, мислам дека полесно беше тоа. Таков туторијал ми треба. Ама штом не знаеш, ништо работа :)

Упка, дипка, не знам како е зборот уствари :D
 
Некој туторијал за плетење чорапи? Ама полесен да е :)
И совет за волница која нема да се упка. Е фала. :D

Mојот совет за волница е да гледаш во составот,да не биде синтетика,обично е со поголем процент волна, а помал синтетика....ако е 100% волница може да боцка :) да не е 100% синтетика :)
 
Picture 867.jpg убаво, само да било со две бои плетката.
 
Цела година дрндам дека сакам да научам и конечно почнав минатиот викенд, којзнае што ми текна, веројатно зимава ме мотивираше, ќе видиме до кога ќе ме држи. Инаку е баш зен момент, ептен опушта. Засега добро оди, уште да престанам да се "борам" со показалецот на левата рака.

Девојки да ве прашам, каде купувате игли по Скопјево? Јас најдов 4-ка во Багат и на Зелен пазар, ама 6-ки немаше. И да не се од оние малите пластични поврзани меѓусебно. А немаше ни некој голем избор на волница во Тетекс. Дајте некој совет околу опрема за плетење каде да побарам на друго место.

Сега се намерачив на едно капче, како поедноставно и помало. Еве го:

Инаку, најдов многу добар сајт со видео шеми за различни плетки, а има и одлични упатства за почетници. Сајтот, кога не им е паднат серверот, е:
http://www.watchknitting.com/
Ако не работи, можете да ги најдете на Youtube под истото име.

П.С. Можеби ќе биде подобро темава да се префли во Дом и семејство, вака има шанси да се изгуби во мноштвото на Општи, а тематски и повеќе припаѓа таму или можеби во Хоби. Бидејќи не знам кој е модератор на овој подфорум, рандом ќе ги цитирам @Луси Лу и @Олимпија.
 
Перлице на женски пазар има поголем избор на конец. За игли таму не сум прашала ама можно е да има. Мене баба ми ми купува игли од пазар. Ама не од Скопје. :)

Иначе имаш едно затуцано, сиромашно на изглед продавниче, спроти зградата на Кјуби, баш на автобуската станица. Таму има игли, по 5 или 10 денари се, ама тенки се, мали бројки, мислам до 4 имаат само. И во Багат на рекорд, таму се од 100 денари нагоре иглите. Само не знам бројки што имаат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom