A
AnFem
Гостин
Знае ли некој/а да сплете овакво нешто?
ПреместенаЦела година дрндам дека сакам да научам и конечно почнав минатиот викенд, којзнае што ми текна, веројатно зимава ме мотивираше, ќе видиме до кога ќе ме држи. Инаку е баш зен момент, ептен опушта. Засега добро оди, уште да престанам да се "борам" со показалецот на левата рака.
Девојки да ве прашам, каде купувате игли по Скопјево? Јас најдов 4-ка во Багат и на Зелен пазар, ама 6-ки немаше. И да не се од оние малите пластични поврзани меѓусебно. А немаше ни некој голем избор на волница во Тетекс. Дајте некој совет околу опрема за плетење каде да побарам на друго место.
Сега се намерачив на едно капче, како поедноставно и помало. Еве го:
Инаку, најдов многу добар сајт со видео шеми за различни плетки, а има и одлични упатства за почетници. Сајтот, кога не им е паднат серверот, е:
http://www.watchknitting.com/
Ако не работи, можете да ги најдете на Youtube под истото име.
П.С. Можеби ќе биде подобро темава да се префли во Дом и семејство, вака има шанси да се изгуби во мноштвото на Општи, а тематски и повеќе припаѓа таму или можеби во Хоби. Бидејќи не знам кој е модератор на овој подфорум, рандом ќе ги цитирам @Луси Лу и @Олимпија.
Вакви блузи ми плетеше мајка ми кога бев дете, ни една не си оставив за спомен. Имав неколку со вакви плетенки блузи и шалчиња. И некој со слика од конец во различна боја едната ја памтам со два листа од лозница.
На Бит-пазар во женскиот пазар провери,би требало да има.Исто сум гледала по трговскиве центри во Беверли Хилс и сигурно и во другите трговски центри би требало да има.Порано беше супер,се знаеше...Стоковна куќа-Скопје,Центротекстил,Трготекстил,Беко,Стоковна Илинден,26 јули и милион мали продавничиња по стара чаршија...милина беше...Само што се регистрирав на форумов поради темава. Почнав да кукичам (хеклам, крошетирам) пред 1 месец и се заразив. Знае ли некој дали постои друго место освен Битпазар и продавницата на Теткс на Рекорд каде што може да се купи волница?
Дали знаете да плетите? Сакате да плетите? Дали би плетеле со вашите баби?
Ако сакате споделете некоја плетка.....Можиме и натпревар за најубав џемпер да организираме или собиранка- кајгана плетенка на која ке си донесиме вуница и уз муабет ке си плетиме
@KembaW Заради тоа ни откажа фудбал?