Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
Јас купувам еден Pantene и чат пат експериментирам пошо нели добро е да не менуваш многу, ама чешањето и повремениот перут ептен ми се фрка. Со Head & shoulders, Elseve, Schauma, Wash & go имам само лошо искуство...претпоставувам дека регуларниве ги пукаат со дополнителни глупости (за волумени, исправувања) кои ни ги праат овие проблеми...
Значи заклучокот е бебешки шампон или што? И каков бебешки, од кој производител?
Џонсонс Бејби....
 
Купете си шампон без СЛС.СЛС го суши и иритира скалпот и настанува лупење и чешање на скалпот.у принцип повеќето кои мислат дека имаат првут,уствари имаат сув скалп и сува коса.
пред две години се преселив од мк,и почна да се појавува нешо као првут али некад дури изгледаше као кожа да се лупи од главата(дури страв ме фати пошо никад претходно немав такво нешто),и после миење одма почнуваше да се суши кожата,и стално ме чешаше.ги пробав сите шампони за првут од кои ми беше само полошо(сите имаа СЛС и дополнително го сушеа скалпот).најдобро решение е шампон без СЛС.иначе мене многу ми помогна Neutrogena T-gel for dry hair. не знам дали ги има во мк,али сигурно може да ги порачате од интернет и да пробате.
И некои од бебешките шампони делумно помагаат,оние кои немаат СЛС во нив.
 
Јас ќе препорачам промена на исхрана , значително намалување на маснотии во исхрана и изобилство на зеленчук и овошје. Јас кога бев во пубертет имав сличен проблем (првут) но потоа кога бев на режим на исхрана првутот го снема.

А најдобар шампон , се знае без конкуренција Head&Shoulders
Јок. Го користам повеќе од месец, не делува. Ми се чини дека дури и бетер ми направи.
 
Незнам колку е паметно но ова е совет од фризерка која ми рече неколку пати годината пожелно е косата да се измие со сјај за садови, глос така нешто.
Не дека имав намера да пробам но како викат браќата дека зорт те тера на се. И се случи во војска да немам прирака ни шампон ни сапун, но ете за некое чудо се најде глос за садови. А војска како војска треба да се снајдиш, па си реков зошто да не.
Искрено косата ке ти светни, како свилена ке стани. Кога ке се исуши е сува барут и малце е заебано да ја донесиш на некој ред, но секако цело време носиш капа така да и не е некој проблем. Некој негативни последици не видов ама рака на срце оттогаш и не пробав уште еднаш. Можи и фризерката имала право, кој да е знае.
 
Купи си КЕТОКОНАЗОЛ шампон од Алкалоид, тоа е 2% раствор на кетоконазол што ги убива тие габичките што го поттикнуваат првутењето на кожата.
Се продава во шишенце од 100г и е некаде 210-215 денари, ама е единствен лек за оваа работа, мене само ова ми помага. Не е трајно, по неколку месеци пак ќе започне првутењето, ама е решение.

ketokonazol.jpg

Шампонот ќе го нанесуваш на влажна коса, ама не кога се бањаш, туку претходно, за да може подолго време да постои на косата, после нема да употребуваш друг шампон за време на бањањето.
Во упатството мислам дека пишуваше 2 пати неделно, додека го користиш овој шампон нема да користиш друг шампон. После можеш некој благ шампон за секојдневна употреба.
Во 2 аптеки ми рекоа дека е јак и се користи во екстремни случаи (големи парчиња, себореа...). Земав лосион од билки од херба Стојанови.
 
Во 2 аптеки ми рекоа дека е јак и се користи во екстремни случаи (големи парчиња, себореа...). Земав лосион од билки од херба Стојанови.

Па супер е штом е јак, затоа и е делотворен.
Нема да го употребуваш за секојдневно миење, туку два пати неделно во текот на 3 недели. Така ми трае неколку тераписки циклуси. И плус потоа еднаш на две недели се бањам со него како превентива.
Последно го потрошив на крајот на летото и оттогаш дури сега пред нова година ми почна пак да се првути скалпот, пред две недели си купив и по неколку миења ми престана првутењето. Баш кога купував ми понудија и верзија од Реплек, ама не прашав колку пари е, овој од Алкалоид е 207 денари во Зегин, а во помали аптеки кошта 250-260 денари.
Не знам за лосионот, ама изгледа џабе.
Само што во мал број случаи овој дерматитис е предизвикан од габичка. Тоа најлесно се приметува и без тестирања ако летно време на пациентот му се подобри ситуацијата со дерматитот, затоа што габичките се осетливи на UV зрачење, ако зимно време се влоши ситуацијата тогаш се претпоставува дека се работи за габичка...

Мене рецимо зимски период ми се смирува, се додека не почне јако Сонце и потење, тогаш почнува чешање, пецкање, црвенило по глава, чело, чак ми се појавува и на раце дерматитот. Се зависи каква кожа има пациентот, мене ме зафаќа по цела кожа затоа што таков тип на кожа ми е, сонцето не помага, туку одмага во овој случај.

Воглавном нема лек за овој дерматитис, тоа е хронична болест која се јавува по синусоида, со подобрувања и влошувања и не треба толку човек да се замара и да си става на душа.
Знам дека мора да има некој друг фактор кој придонесува, но самата габичка, или барем нарушена микрофлора на кожата, дефинитивно има удел во првутењето, на пример некоја имунолошка сензитивност на таа габичка, или нешто слично.
Но, не знам од каде тоа дека ако во лето имале првут, значи дека не било од габичката, мислам дека тоа не е случај, на пример јас и во лето имам првут, ама ете од овој шампон ми исчезнува, што значи дека габичката игра улога.
Не можам да не се замарам и да не си ставам на душа, а верувам и другите кои имаат проблем со првутот, тоа е голем козметички проблем. Порано имав константно првут, немаше никаква синусоида, помалку или повеќе, но цело време имав првутење, откако ми го препорачаа шампонот пред неколку години, ситуацијата е драстично сменета.
 
Себореа проклетитис ја викам јас. Уште во средно ми се појави на главата, само првут... Со тек на време се повеќе и повеќе, се појавува, ќе ја снема, па пак. На мои 25 години ништо не ми помогнало, а по доктори и што не сум правела. Едино Реконазол шампон (кетоконазол) користам од време на време и на тој начин ја контролирам напаста. Пред 3 години почна и на лицето, позади ушите и кај веѓите. Се откажав од докторите пошто знаеа само да ми кажат внимавај на исхраната. Везе нема... Цела коса ми падна поради првутот.
Го пишувам ова заради последнава епизода што ми ја приреди мојата другарка Себореа...
Почна со косата, првут, чешање. За некој ден се појави на лицето, црвена пипер. Реконазол миење глеам џабе. Почна да се шири по телото, меѓу градите, накај стомакот, црвени кругчиња, ме чешаа, после кај долниот дел на грбот и кај вратот позади кај косата. Џабе реконазолот, не се издржуваше. Пак реков ај на доктор. Закажав во Воена болница. Само што ме виде докторката ми вика ауууу каква себореа девојче. Јебига...
Ме прати да проверам хеликобактер, некоја врска имало тоа со себореата, ама се во нормала.
На крај ми препиша Флуконазол таблети, Реконазол да се бањам со тоа и после бањање ми кажа да ставам Канестен крем и Белогент крем на лице и на тело ама да ги измешам заедно, и ако ме чеша да пијам Лоратадин. Почнав со терапија... Стаив се што треба, се напив таблети. По неколку дена, ни првут, кожа мислиш бебе ништо. Се до крај напраив се потрошија таблетите, кремите...
Не ми се веруваше. Ете сеуште не ми се појавила, чиста сум едно 4 месеци.
Ама знам дека ќе дојде повторно, тешко и е без мене:)
 
Знам дека мора да има некој друг фактор кој придонесува, но самата габичка, или барем нарушена микрофлора на кожата, дефинитивно има удел во првутењето, на пример некоја имунолошка сензитивност на таа габичка, или нешто слично.
Но, не знам од каде тоа дека ако во лето имале првут, значи дека не било од габичката, мислам дека тоа не е случај, на пример јас и во лето имам првут, ама ете од овој шампон ми исчезнува, што значи дека габичката игра улога.
Не можам да не се замарам и да не си ставам на душа, а верувам и другите кои имаат проблем со првутот, тоа е голем козметички проблем. Порано имав константно првут, немаше никаква синусоида, помалку или повеќе, но цело време имав првутење, откако ми го препорачаа шампонот пред неколку години, ситуацијата е драстично сменета.

Затоа што во трудови јасно пише: Состојбата со себорејата се смирува во лето во докажани случаи каде дерматитисот е предизвикан од габичка. Затоа што габичката е осетлива на UV зрачењето. И во поголем број од случаите дерматитисот не е предизвикан од габичка.

Шампонот ти делува затоа што е кортико, кортикото не делува само на габичка, туку фино лепо ги елиминира сите објективни и субјективни чувства на нелагода, црвенило, боцкање, чешање и тако даље. Кортикото помага извесно време, но штом концентрацијата на лекот ќе се намали во кожата ете ти ги истите проблеми. Дури и 2 пати кога ја миеш главата со шампонот (за профилакса), се создава доволна концентрација на кортико за да ти биде смирена кожата. Е сега што од друга страна кожата ти станува џанак на кортико и што после можат да ти се јават проблеми со црвенило, проширени капилари то е друга ствар.

Често пациентиве со себореја имаат проблем со години, пошо воглавно имаат таква конституција на кожа па наместо да ја заситуваш кожава со кортико, можеш да пробаш да ги смениш малку животните навики: да избациш конзервирана храна, пржена храна, лута храна, што повеќе овошје, зеленчук, да избегаваш стресни ситуации, пошто стресот се манифестира на кожа и ги влошува сите кожни проблеми.
 
Точно, ситуацијата со себорејата се смирува во лето и со поголема изложеност на УВ светло, ама тоа не важи за скалпот, затоа што косата ги блокира УВ зраците.
И во ваквите шампони нема кортико елементи, само антифугално средство.

Се разбира ситуацијата е далеку од толку едноставна дека главен виновник е габата, дефинитивно има улога типот на кожата, имунолошка преосетливост, реакција на кожата на метаболитите на самата габа и останати фактори, ама самата габа има улога, тое е увидено ако не од обсервација на присуството на габaта кај афектирани луѓе, туку особено од позитивниот терапевтски ефект на антифугалните средства во терапија на себореичен дерматитис и првут.
 
Ајде и јас да се произнесам со мое мислење. Не верувајте на се што ке слушнете во аптека, посебно за скапиве шампони. Нивна цел е повеке промет. :) Сум пробал повеке од поскапиве како Еucerin околу 700 ден, Fitoval околу 400 ден, Алпецин околу 600 ден и воопшто не ја подобруваат, тука ја вложуваат состојбата со перутот, пебно Алпецинот како Германски производ. Следно нешто што ке тестирам ке ве изветам. За црвенилата околу лицето постои маст - Мелем (околу 200 ден 40 мг има босанка и србска), јас ја пробав вторава, и прилично сум задоволен од неа. Пробајте нема да зажалите. Чекор назад, околу шампониве не си ги трошете париве на овие производи, бар мене не ми помогнаа. Не слушајте гаталец, слушајте паталец. :) Се надевам помогнав...
 
Здраво на сите,

Мојот дечко веќе одамна се соочува со тој проблем (перут). Бевме кај доста добар кожен доктор (во странство) и му даде многу јак лосион и ако верувате - после второ миење му исчезна првутот. Но тој лосион треба да се користи едвај месец дена и откако ќе се прекине - повторно се враќа истата ситуација.

Па внимателно читав по странски форуми и доста постови беа за примената на маслото од чајно дрво. Па сега со секое нанесување на било каков шампон дечко ми става две капки од тоа масло на рака со шампонот. Факт е дека тоа треба да се користи подолг период за да има некакви ефекти - но засега е ок. Тоа масло всушност ја влажни некако сувата кожа на косата (ако може така да се изразам).

Патем ако има некој што има ваков проблем и решил да смени исхрана - нека пише какви резултати има.
 
А каде може да се најде ова масло? Го има по аптеки?
 
А каде може да се најде ова масло? Го има по аптеки?

Искрено незнам зашто не сум во Македонија. Ама побарај по аптеките или по големите маркети - каде што седат маслиновото и другите масла. Би требало таму да го има. Ако дознаам во меѓувреме ќе ти пишам.
 
Ајде и јас да се произнесам со мое мислење. Не верувајте на се што ке слушнете во аптека, посебно за скапиве шампони. Нивна цел е повеке промет. :) Сум пробал повеке од поскапиве како Еucerin околу 700 ден, Fitoval околу 400 ден, Алпецин околу 600 ден и воопшто не ја подобруваат, тука ја вложуваат состојбата со перутот, пебно Алпецинот како Германски производ. Следно нешто што ке тестирам ке ве изветам. За црвенилата околу лицето постои маст - Мелем (околу 200 ден 40 мг има босанка и србска), јас ја пробав вторава, и прилично сум задоволен од неа. Пробајте нема да зажалите. Чекор назад, околу шампониве не си ги трошете париве на овие производи, бар мене не ми помогнаа. Не слушајте гаталец, слушајте паталец. :) Се надевам помогнав...

А си пробал Реконазол или Кетоконазол?

Јас откако го пронајдов пред некоја година се чудев зошто никој експлицитно не ми го препорача кетоконазолот, во вакви дискусии и статии по весници и слично секаде има наброено разни промени во животот кои би помогнале, помалку маснотии, повеќе вежбање, поблаги шампони, масажа на скалпот, миење со ладна вода и други курци палци, ама никаде немав сретнато изричито напишано: оди во аптека и купи кетоконазол.
Здраво на сите,

Мојот дечко веќе одамна се соочува со тој проблем (перут). Бевме кај доста добар кожен доктор (во странство) и му даде многу јак лосион и ако верувате - после второ миење му исчезна првутот. Но тој лосион треба да се користи едвај месец дена и откако ќе се прекине - повторно се враќа истата ситуација.

Па внимателно читав по странски форуми и доста постови беа за примената на маслото од чајно дрво. Па сега со секое нанесување на било каков шампон дечко ми става две капки од тоа масло на рака со шампонот. Факт е дека тоа треба да се користи подолг период за да има некакви ефекти - но засега е ок. Тоа масло всушност ја влажни некако сувата кожа на косата (ако може така да се изразам).

Патем ако има некој што има ваков проблем и решил да смени исхрана - нека пише какви резултати има.

Исто и маслото од чајно дрво се темели на истиот ефект, убивање на габичките, како и кетоконазолот, само што е послаб и и тој не е наменет за редовна долготрајна употреба затоа што може да се појави алергиска реакција по редовна употреба.
Има на пример во орифлеим производи со масло од чајно дрво, ама не знам зошто би пробувале со тоа, наместо со реконазол или кетоконазол.
На пример ова
http://mk.oriflame.com/products/product-detail.jhtml?prodCode=21350
којзнае колку малку има екстракт од чајно дрво и дали воопшто ќе има некој ефект во таа концентрација и колку е ставено само како реклама. Ако го имало во терапевтска концентрација ќе било поскапо.
 
Долго време користам синодерм гел,и е многу добар ,ама пред извесно време ми кажаа дека е опасно да се користи подолг период.Дали имате некои сознанија околу контраефектите на синодермот?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom