Себореа проклетитис ја викам јас. Уште во средно ми се појави на главата, само првут... Со тек на време се повеќе и повеќе, се појавува, ќе ја снема, па пак. На мои 25 години ништо не ми помогнало, а по доктори и што не сум правела. Едино Реконазол шампон (кетоконазол) користам од време на време и на тој начин ја контролирам напаста. Пред 3 години почна и на лицето, позади ушите и кај веѓите. Се откажав од докторите пошто знаеа само да ми кажат внимавај на исхраната. Везе нема... Цела коса ми падна поради првутот.
Го пишувам ова заради последнава епизода што ми ја приреди мојата другарка Себореа...
Почна со косата, првут, чешање. За некој ден се појави на лицето, црвена пипер. Реконазол миење глеам џабе. Почна да се шири по телото, меѓу градите, накај стомакот, црвени кругчиња, ме чешаа, после кај долниот дел на грбот и кај вратот позади кај косата. Џабе реконазолот, не се издржуваше. Пак реков ај на доктор. Закажав во Воена болница. Само што ме виде докторката ми вика ауууу каква себореа девојче. Јебига...
Ме прати да проверам хеликобактер, некоја врска имало тоа со себореата, ама се во нормала.
На крај ми препиша Флуконазол таблети, Реконазол да се бањам со тоа и после бањање ми кажа да ставам Канестен крем и Белогент крем на лице и на тело ама да ги измешам заедно, и ако ме чеша да пијам Лоратадин. Почнав со терапија... Стаив се што треба, се напив таблети. По неколку дена, ни првут, кожа мислиш бебе ништо. Се до крај напраив се потрошија таблетите, кремите...
Не ми се веруваше. Ете сеуште не ми се појавила, чиста сум едно 4 месеци.
Ама знам дека ќе дојде повторно, тешко и е без мене
