Првут (Перут) и Себореа

  • Креатор на темата Креатор на темата Sussaro
  • Време на започнување Време на започнување
За првут дефинитивно помага SENSUL но има малку непријатна миризба- нешто како на алги или слично
 
Го користам head and sholders 3 in 1 anti dandruff и не гледам никаква разлика, може и полошо. Некој лосион да препорачате од шампониве нема фајде си ги редам само ко трофеи
 
Го користам head and sholders 3 in 1 anti dandruff и не гледам никаква разлика, може и полошо. Некој лосион да препорачате од шампониве нема фајде си ги редам само ко трофеи

Пробај со Belosalic лосион, ти пишува како се нанесува. Внимавај, тоа е лосион што има во својот состав кортикостероид, а претерена употреба на кортико ја прави кожата зависна од него и бетер проблеми можеш да направиш. Максимум се користи 10 дена. Секако ќе мораш да отидеш на матичен по рецепт, пошо е изгор скап да го земеш приватно и не е паметно да користиш било каков лосион/крема со кортико без знаење на доктор.
Лосионот има кортико што служи да помогне со проблемите со чешањето, црвенилото, јадежот, пецкањето, а салицилната киселина што ја има во поприлично голема доза служи да го поттикне отстранувањето на луспите што се јавуваат како последица од дерматитот.ѓ

Од шампони може да ти кажам дека имам пробано скоро све, имам некакво мислење за Алпецин А3, но сепак Бекутан бебешкиот е на прво место.
 
А дали е можно првутот тој што се лепи за кожата на главата да го спречува растот на косата? Некој ако знае?
 
Го користам head and sholders 3 in 1 anti dandruff и не гледам никаква разлика, може и полошо. Некој лосион да препорачате од шампониве нема фајде си ги редам само ко трофеи

Купи си КЕТОКОНАЗОЛ шампон од Алкалоид, тоа е 2% раствор на кетоконазол што ги убива тие габичките што го поттикнуваат првутењето на кожата.
Се продава во шишенце од 100г и е некаде 210-215 денари, ама е единствен лек за оваа работа, мене само ова ми помага. Не е трајно, по неколку месеци пак ќе започне првутењето, ама е решение.

ketokonazol.jpg

Шампонот ќе го нанесуваш на влажна коса, ама не кога се бањаш, туку претходно, за да може подолго време да постои на косата, после нема да употребуваш друг шампон за време на бањањето.
Во упатството мислам дека пишуваше 2 пати неделно, додека го користиш овој шампон нема да користиш друг шампон. После можеш некој благ шампон за секојдневна употреба.
 
да не е јак овој? неќам да експериментирам многу пошто од толку мењање само полошо си правам
 
да не е јак овој? неќам да експериментирам многу пошто од толку мењање само полошо си правам

Како мислиш јак? Ова е медицински шампон за тераписки цели, не се користи цело време, туку 2-3 недели по два пати неделно. Оваа доза од 2% е најниска тераписка доза и е обичен антимикотик кој ќе го користиш локално, замисли ова е лек кој се пие како апчиња, ама ти ќе го ставаш само на косата по неколку минути.

Напротив, овие шампони кои си ги изнаредил се јаки и во нив имаат непотребни супстанци кои кај некои уште повеќе ја надразнуваат кожата и предизвикуваат лачење на лој и брзо регенерирање што го предизвикува првутот.

Мене од хед енд шолдерс ненормално ми паѓа косата, што е алармантен знак дека не е нешто во ред со составот на истиот и максимално го избегнувам.
Еве сега користам некој палмоливе, гледам дека повторно ми се враќа првутот и се канам да си купам пак од овој кетоконазолот деновиве, последен пат се мачкав при крајот на летото и од тогаш не сум имал првут.
 
Мене ова себореата ми изгледа фина работа кога неам што да правам и си ја чешкам главата и си ја корнам...Am I weird ?
 
Шампон против перут кој дефинитивно морате да го пробате е Vichy. Го има во аптеките на Зегин и е релативно скап, околу 700 и кусур денари. Јас го користам веќе добри 15 години...
 
Шампон против перут кој дефинитивно морате да го пробате е Vichy. Го има во аптеките на Зегин и е релативно скап, околу 700 и кусур денари. Јас го користам веќе добри 15 години...

И овој шампон се темели на средство, во случајов селен дисулфид, кој ги убива тие габичките кои го поттикнуваат првутењето. Според она што можев да прочитам слично е со овој кетоконазолот, ама ако е во концентрација од 2%, а не 1% како што е шампонот од vichy. Сепак послаб е.
Не сум пробал, ама за помалку пари, овој од алкалоид врши добра работа и не мора трајно да се користи за привремени резултати.
 
А дали е можно првутот тој што се лепи за кожата на главата да го спречува растот на косата? Некој ако знае?
Доктор ми кажа дека немаат врска фоликулите со скалпот. Мада од толку што имам читано на оваа тема мислам све е субјективно и нема конкретен одговор нешто што најмногу нервира кај што мораш сам да експериментираш и слично
 
И овој шампон се темели на средство, во случајов селен дисулфид, кој ги убива тие габичките кои го поттикнуваат првутењето. Според она што можев да прочитам слично е со овој кетоконазолот, ама ако е во концентрација од 2%, а не 1% како што е шампонот од vichy. Сепак послаб е.
Не сум пробал, ама за помалку пари, овој од алкалоид врши добра работа и не мора трајно да се користи за привремени резултати.

Само што во мал број случаи овој дерматитис е предизвикан од габичка. Тоа најлесно се приметува и без тестирања ако летно време на пациентот му се подобри ситуацијата со дерматитот, затоа што габичките се осетливи на UV зрачење, ако зимно време се влоши ситуацијата тогаш се претпоставува дека се работи за габичка...

Мене рецимо зимски период ми се смирува, се додека не почне јако Сонце и потење, тогаш почнува чешање, пецкање, црвенило по глава, чело, чак ми се појавува и на раце дерматитот. Се зависи каква кожа има пациентот, мене ме зафаќа по цела кожа затоа што таков тип на кожа ми е, сонцето не помага, туку одмага во овој случај.

Воглавном нема лек за овој дерматитис, тоа е хронична болест која се јавува по синусоида, со подобрувања и влошувања и не треба толку човек да се замара и да си става на душа.
 
Јас купувам еден Pantene и чат пат експериментирам пошо нели добро е да не менуваш многу, ама чешањето и повремениот перут ептен ми се фрка. Со Head & shoulders, Elseve, Schauma, Wash & go имам само лошо искуство...претпоставувам дека регуларниве ги пукаат со дополнителни глупости (за волумени, исправувања) кои ни ги праат овие проблеми...
Значи заклучокот е бебешки шампон или што? И каков бебешки, од кој производител?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom