Со себореата првите 10 години се тешки, после се навикнуваш и исто ти се фаќа. А си имал црвенила и перут, а си немал све ти е равно.

Ја со себореата мака мачам веќе 21 година.
Што све не сум пробала, кај све не сум отишла и пак ми е исто.
Иам зборено со еден дерматолог (кој многу го ценам и почитувам) и тој ми кажа дека себореата е наследна болест која се пренесува рецесивно (од татко на ќерка, од мајка на син) и како и другите кожни болести нема лек. Мачкаш ќе го снема, престанеш да мачкаш ете го пак.
Доброто кај оваа состојба на кожата е што по одредено време целата структура на кожата се менува, се регенерира и добива структура на кожа како на бебе. Тие што имаат оваква состојба на кожата на стари години немаат брчки, тек послем 65тата година им се појавуваат.
За да се стави под контрола оваа „болест“ треба многу да се внимава на исхраната. Значи да не се јаде конзервирана храна (кечапи, мајонези, паштети и сл.), да не се јаде премногу зачинето, љуто, да не се пие многу алкохол, да не се јаде премногу чоколадо, да се јаде природна храна и да не се нервира многу. Кај женската популација највише е изразена пред и за време на месечниот циклус.
Перутот е само пропратен елемент на оваа состојба на кожата, но не значи дека ако имаш перут дека имаш и себореа.
Мене највише ми одговара да користам шампони Head & Shoulders и повремено кога ќе ми букне себореата да се мачкам со Decotal (difluorcortolone) cream. За лицето (пошто и таму имам црвенила и перут) се мијам со Assoderm syndet сапунот и послем ставам Becutan крема.
На почетокот ми беше фрка дека ми искача перут и црвенила ама послем сфатив дека што поише го рецкам толку тоа за инат се појавува.
Добар третман е и со шампонот Oronazol ама и тој како и Decotal кремата се аплицираат на измиена коса. Oronazol се аплицира 1 ден откако ќе се измие косата со обичен шампон, а Decotal кремата се аплицира 2 саати откако ќе се измие косата со обичен шампон, со што кремата не смее да се аплицира поише од 3 дена узастопце.
Со среќа и не се замарајте многу.
