прошетај ги малце и низ западна, однеси ги на вруток, однеси ги во некое од мијачките села (Галичник, Лазарополе, Гари, Ростуше, Битуше...) има што да се види... патот од Маврово до Галичник е незаборавна глетка...старите куќи во галичник, црквата, можеш и до некое бачило да ги однесеш, сигурно не биле никогаш. Од Маврово накај Дебар на тој пат ти е и манастирот св Јован Бигорски, тука се и селата што погоре ти ги набројав освен Галичник до кој се оди од друг пат... после Бигорски.. по патот имаш дебарска бања

после иде уште еден манастир... селото Јанче со нов и преубаво среден хотел со ресторан, после може до Вевчани, па од тука Струга и Охрид, тоа ти е една убава тура во западна Македонија