Не знам какви гости ќе имаш односно каква категорија (студенти, пензионери, бекпакери) но набрзина ќе ти приложам еден план ако јас би имал гости како би организирал една тура. Ќе почнам од север на југ зошто не знам каде ќе ја поставиш базата за пречек и испраќање
1 Ден (Кокино)
Сместување во планинарскиот дом (капацитет 18 кревети) во село Малотино (Кумановско) и мала аклиматизација со појадок и прошетка наоколу. Трекинг до опсерваторијата Кокино попладнето и враќање назад
2. Ден (Водно и Матка)
Тргнување утрото до ПД Даре Џамбаз - Водно (капацитет 25 кревети), мала релаксација, ручек и попладнето мал трекинг до Матка и разгледување на кањонот.
3. Ден (Скопје)
Најверојатно ако е помлада екипа веќе ќе почнат да мислат на алхохоли и помалку се уморни до дводневниот трекинг затоа 3 ден би го го резервирал за посета на Скопје (Јаја Паша, Музеј на град Скопје, Стара чаршија, Стоби ако има некој мераклии по рушевини) и можно е вечерта во зависност од екипата да се одведе во некој од локаливе.
4. Ден (Берово)
Тргнување утрото и сместување во Чиплигова Колиба.
Прошетка до Беровско езеро, рибарење или пак само уживање во околината.
5.Ден (Смоларски Колешински водопади / Прилеп)
На одење од Берово кон Прилеп застанување на Колешенските и Смоларските водопади и пристигнување вечерта во Прилеп (сместување пансион Бреза)
6. Ден (Зрзе - Крушево - Прилеп)
Тргнување утрото до манастирот во село Зрзе и негова посета, после ручек малку одмор и посета на Крушево со спомениците, враќање вечерта во Прилеп
7. Ден (Пелистер Хераклеа)
Сместување во ПД Пелистер, трекинг до големо и мало езеро, Јоргов камен и црвени стени, на одење или враќање посета на Хераклеа и Битола градот
8. Ден Охрид
Ме мрзи да пишувам сам си знаеш (обавезно поминување по стариот пат преку Галичица и посета на видиковецот)
9. Ден Пешна и Брод
Пештерата Пешна со смештај во локалниот мотел и општо посета на Брод
10Ден ован Бигорски - Рајчица - Водопадите кај Ростуше - Маврово
Не знам дали е изводливо се ова да се посети во еден ден но ќе си одбериш сам што да посетиш. Јас би прошол на враќање од Охрид до Рајчица манастирот, за да застанам во Бигорски и потоа еден трекинг до водопадите.
Храна јас би се обидел да најдам во селата, бачилата или некој мали локални ресторани. Би ги однесол еднаш или два пати на некоја вечера останатото ќе биде конзерви или инстатнт супи
Ове не е интрнари за 7 или 9 дена за ова е потребни најмалку 2 седмици да го изведеш како што треба и сите да бидат здрави и живи. Ова се само некој типсови за твое планирање