Што е со друштвото од основно?

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Основците? Па во исто маало живееме со сите, кога ќе се сретнеме се поздравувам (со одредени), но никогаш не излегуваме заедно.
Се разидовме на почеток на средно и контактите ни се изгубија. Јас се запишав во училиште каде немаше ниту еден од моето основно училиште. Ниту еден од 3те класа од моја генерација.
Една ми остана добра другарка и потоа до 2ра година средно и со неа изгубив контакт по некое време.
 
Со три другарки од основно уште сум во другарство.
И толку.
Останатите... Поим немам кои беа и кои се.
 
Оние со кои се дружев во основно сега се женети, чуваат деца и слично. Ми остана само дружбата по Facebook и ЈСП бусови со 2 другарки со кои не се согласував многу-многу на времето.
Упс, корекција, синоќа му инсталирав виндоус на еден другар со кого учев основно, па се немав видено скоро цела деценија :)
 
Со некои сум заедно со некои се разделивме
 
Само со една другарка од основно после 5 години не-зборување повторно се дружиме интензивно...многу сум среќна поради тоа,а жал ми е што тие 5 години и мрчев...:toe:
 
Друштвото од основно?-Хахахах.
Па добро, со оглед на тоа што повеќето од кога се запишаа по гимназии некако си го подигнаа егото и се прават дека не те знаат на улица или по ходник во гимназија, не, не контактирам.
Иако, фала богу дека има исклучоци, со нив редовно се слушам/гледам(зависи и од околностите) а едната и од нив до ден денес ми е најдобра другарка:).

Затоа кој ги шиша..нека си го креваат они егото:wink:..и кај мене е слично со повеќето,нормално некои останаа со кои секогаш може да се напраи моабет!
 
Не ги познавам веќе
 
секој свој пат си фати.. застанува до тебе у автобус ни а ни б не ти вика.. те забораил или со сиа се праи дека те забораил......
 
незнам што е со друштвото ама се гледам со некои другарчиња по кафици на улица и дискотеки кога и да се видиме се дешава истиот муабет ајде да се видиме да се соберем да си напраиме асалем муабет...
 
Само со еден другар со кој не бев тогаш блиска останав во контакт и се гледаме секој ден, секако, сега поинтензивно се дружиме.

Со оние што ми беа најблиски, иако живееме во иста населба, не се гледаме затоа што не искачаме на исти места. Одиме еднаш во два месеци на кафе, се информираме за новостите преку ФејсБук. Другите не ги имам видено.
 
Со тие што најмногу си се дружев во основно, сеуште се дружам интензивно :) Со другите онака на здраво, со некои ни на здраво. Али у глобала зачував вистиниско пријателство кое што трае од основските денови
 
имам 3 другарки со кои и ден денес се дружам т.е. се гледаме од време на време - онака кога ке се договориме - едната ми е другарка од градинка, а другата од основно (со двете учев во средно), а со сите останати сум во добри односи кога и да се сретнеме си викаме здраво, ново / старо си кажуваме и се почитуваме колку можеме нормално поради обврски и сл. :toe:
 
so tie od osnovno si se druzam i sega,nekogas obvrskite si go pravat svoeto,no sepak ako ne se vidam se slusame po telefon,ubavo mi e koga ke napravam muabet so nekoj drugari, sto mozam da smetam na niv za nekoja rabota,nekoj drugari ostanuvaat vredni vo mojot zivot;)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom