Што е со друштвото од основно?

  • Креатор на темата Креатор на темата ЃАВОЛЧЕ
  • Време на започнување Време на започнување
Со друштвото од основно не се дружам. Со неколку другарки кои тогаш ми беа едни од најдобрите и до ден денеска се поздравуваме кога ќе се сретнеме низ град, ама скоро и на тоа да останува. Се случуваше изминатите една две години да излеземе заедно, да се прошетаме и сл. но само на тоа остануваше. Секој си има сега посебно друштво, и така да сега за сега е на тоа, за понатаму ќе видиме... можеби ќе се прероди минатото, макар што тоа е скоро невозможно.
 
во основно имав само 3 блиску другарки, и само со нив продолжив да се дружам.
другите, одвај на здраво ...
 
Обични пријатели. Ништо повеќе. Времето минува, работите се менуваат, луѓето се менуваат. Но некои работи, не се менуваат.
 
Во основно имав 3 другарки со коишто се дружев, а сега не се дружам повеќе со нив.Се поздравуваме кога ќе се видиме и ништо повеќе.
 
Сеуште сум си со старото друштво,но сепак имам и нови пријатели.Како и да е едни ми се основците си ги сакам:pipi::smir:
 
со дел однив се гледам почесто а со другиот дел не се гледам почесто бидејки се во странство ама се имам многу со сите од основно..... а да не правиме муабет од средно ехеее одбер дружина бевме....
 
Друштвото од основно го киднапираа изванземаљци, го снема...сега брзо една школска ме побара на фејсбук, кога видов во несвест ќе паднев...со неа скоро и да не зборувавме тогаш...ама сега битно ми е пријатељица на фејсбук...божеееее:nesvest:
 
Друштвото го немам сменето. Од основно па се до ден денес сум во истата клапа. Собравме само по пат во средно уште 3-4 души..
 
Не се дружам со никој од основно ги мразам сите
 
Во контакт сум со неколку другари и другарки од основно, а една ми е и најдобра другарка.
 
Аих,насилници беа.Нека се гонат,местото им е во пеколот.
Oчи нејќам да им видам !
 
Не ни живеам во мк ама со бандата од основно сме цело време во контакт и кога се враќам дома редовно се гледаме! Најдобрата другарка ми е од основно, во клупа седевме заедно :)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom