Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.998
Има повеќе апсурди тука. Ако неможеле да распознаваат добро и зло, нема основа ни да се товарат за одговорност и да се казнуваат, проколнуваат и слично.
Втора работа, ако Бог е сезнаен, која е потребата да става некого на тест за да види што би направил? Нели е сезнаен? Тоа само по себе подразбира увид во сите можни исходи без разлика каде се наоѓаат временски.
Пораките ги упатуваш кон погрешна адреса.
Прво јас ќе те прашам, имаат ли животните душа? Колку што знам јас, повторно гледано од религиозен кадар, господ бог си создал сите суштества и им вметнал душа. Дали тие разликуваат добро од зло? Ако сите души одат во пеколот или во рајот, каде ќе одат нивните души. Или реинкарнираат?
Ајде ќе земам и понормален пример, има инвалиди, кои не можат да прозборат ниту свесно да размислуваат, разликуваат ли тие добро и зло па да одберат страна по која ќе пешачат во животот? Како господ ќе ги класифицира на судниот ден?
Господ не е сезнаен, никој не може да знае се. Како ќе ги знае оние работи кои ни паѓаат на памет? Ни ги чита мислите? Мозокот не е книга па за да може да се чита, патем и најбрзата работа која постои е мислата, треба сите мисли да ги следи!
Јас веќе ти кажав, веројатно преку оваа приказна се пренесува што би се случило со човекот ако во случај бега од религиските норми т.е. го послушале јазикот на змилата, а не господовиот и платиле поради тоа.