Но ти рече дка преумувањето е внатершно дејствување, социјалните потреби и контакти не се внатрешно дејство, туку надворешно.
Пак ќе те прашам - што е разликата помеѓу индоктринацијата и преумувањето?
Да, реков и пак велам: преумувањето е состојба од човековиот дух, кога тој (духот, нели...) ќе Го препознае и сретне својот Творец и кога истиот тој дух, со своите духовни очи, ќе почне да се гледа себе си, односно да ја гледа состојбата од своето битите: дух, душа и тело.
Социјалните потреби не се само надворешни и телесни, туку се и внатрешни потреби, оти човекот е створен по образ и подобие Божјо: како што Отецот и Синот и Светиот Дух се во непрекидна личносна релација, така треба да биде и човекот, како поединец/личност, во однос на другите човеци/личности околу себе.
Разликата меѓу индоктринацијата и преумувањето веќе ја начнав: при идноктринацијата, индоктринаторот му наметнува доктрина/учење на индоктринирариот субјект, со цел индоктринаторот да го манипулира индоткринираниот во корист од индоктринаторот, а кај преумувањето, преумениот субјект слободно волно (доброволно) го прифаќа туѓото/Божјото учење, со цел преумениот да се спаси, оти за таа цел Бог и стана Човек: да не‘ спаси од гревот, од смртта и од ѓаволот.
Индоктринацијата е насилно и надворешо наметнување на својата волја врз индоктринираниот, а преумувањето е внатрешна состојба од преумениот, каде преумениот го прифаѓа учењето Божјо доброволно.
Во краен случај, Бог нема потреба од нас, туку ние имаме потреба од Него. Кај индоктринацијата, индоктринираниот нема потреба од индоктринаторот, туку е обратно.
--- надополнето: 16 јануари 2014 во 21:43 ---
Место да ми дадеш било каков одговор,ти вешто избегнуваш.Еве ти едно прашање,колкава улога има Богородица,и каде е нејзиното место во Небесната хиерархија,според православната наука?Погоре е од Светиите,но точно каде?На престол ли е до Бога Отецот, и каде е тоа запишано дека е така во Библијата?Посочи ми со било каков стих,дали од Стариот или од Новиот завет?Да не напишале случајно старозаветните пророци,дека она ќе има посебна улога на Небото.
Мајката Божја е „...почесна од херувимите и неспоредливо пославна од серафимите...„, како што пее и учи Црквата. Тоа значи дека Богородица ги има надминато и врвните ангели по својата чест и дело.
Тоа значи дека Богородица има свое место во Царството Небесно, непосредно до свој Син Единороден, но Таа не го завзема престолот Божји, кој е екслузува само за Творецот.