мкд владе
arch-enemy
- Член од
- 21 ноември 2009
- Мислења
- 19.988
- Поени од реакции
- 25.101
Вака, мене не ми сметаат луѓе кои веруваат во нешто. Мене ми сметаат луѓе кои мислат дека ако јас не верувам во истото нешто во кое веруваат тие, јас треба да бидам убиен. И тоа е огромна разлика.
За вториот дел, секако дека има начини територијалната целост на државата да биде задржана. Ама во тој случај, бар јас не гледам начин како Македонија би останала држава на македонскиот народ и како нацијата би ги задржала денешниве културни особености.
Такви има секаде и во секоја религија, муслиманите не се ништо посебни околу тоа. Само ако заприметиш тука на форумот одма ке ти стане јасно дека повеќето членови сметаат дека се повеќе Македонци само затоа што се православни и дека сите останати не вредат нити заслужуваат да се нарекуваат Македонци. Од друга страна се чудат зошто некои такви Македонци( не сите ) не се баш најлојални граѓани и дека некако помили им се други националности од нивната веросиповест и се поистоветуваат со нив. Од друга страна овие првите око нема да им трепни да сменат националност и да се потпишат со две раце дека се бугари само да земат пасош. Така да искрено незнам зошто се сметаат дека се толку посебни и уште потрагично што вероисповеста ја ставаат над националноста. Божем тие ја сменија нацијата заради еден пасош или кола и затоа е тоа во ред, а другите сменаја вера пред којзнае колку векови за вреќа компири и затоа нечинат.
Да ама тие си останаја Македонци додека овие станаја бугари.
За другиот дел незнам како е сега по устав ама после охридскиот договор не ке да е баш така или и да е така во пракса е многу поинаку. Ако беше работата за губење на територија и размена на население, прекројување на граници тогаш незнам зошто воопшто сме се мачеле и досега. Сепак работата може да се исправи, ке треба време и правилна политика но едно треба да ни биди јасно а тоа е дека покрај нас Македонците тука живеат и голем број на други националности и тоа е факт. Никој нема да мистериозно да исчезни. Сепак со многу поинаков пристап на работите имаме шанси да се извлечеме, за делење на територија никогаш не е доцна. Ете првиот и очигледниот проблем го воочивме тука и на сите им е јасен, а тоа е вероисповеста. Кога тоа ке се тргне од равенката работите би станале многу појасни. И за да не се разбереме погрешно никој не вика да се забранат или така нешто, но драстично да се намали нивното влијание во секојдневниот живот. До толку да се намали што никој нема ни да отвори тема или да се најди на вести дека некој преминал во нешто. Тука има уште многу да се направи но сето тоа во духот на секуларното уредување на државата.