Прашање за Христијанството III

  • Креатор на темата Креатор на темата exlexmk
  • Време на започнување Време на започнување
Има повеќе апсурди тука. Ако неможеле да распознаваат добро и зло, нема основа ни да се товарат за одговорност и да се казнуваат, проколнуваат и слично.
Втора работа, ако Бог е сезнаен, која е потребата да става некого на тест за да види што би направил? Нели е сезнаен? Тоа само по себе подразбира увид во сите можни исходи без разлика каде се наоѓаат временски.

Пораките ги упатуваш кон погрешна адреса.
Прво јас ќе те прашам, имаат ли животните душа? Колку што знам јас, повторно гледано од религиозен кадар, господ бог си создал сите суштества и им вметнал душа. Дали тие разликуваат добро од зло? Ако сите души одат во пеколот или во рајот, каде ќе одат нивните души. Или реинкарнираат?
Ајде ќе земам и понормален пример, има инвалиди, кои не можат да прозборат ниту свесно да размислуваат, разликуваат ли тие добро и зло па да одберат страна по која ќе пешачат во животот? Како господ ќе ги класифицира на судниот ден?
Господ не е сезнаен, никој не може да знае се. Како ќе ги знае оние работи кои ни паѓаат на памет? Ни ги чита мислите? Мозокот не е книга па за да може да се чита, патем и најбрзата работа која постои е мислата, треба сите мисли да ги следи!
Јас веќе ти кажав, веројатно преку оваа приказна се пренесува што би се случило со човекот ако во случај бега од религиските норми т.е. го послушале јазикот на змилата, а не господовиот и платиле поради тоа.
 
Баш интересно,каде за овакво нешто вели Библијата,бидејќи таа не е така безначајна книга,како што ме убедува цело време @MIKI1.За овакво нешто нема пишано ниту во Петокнижието,ниту Пророците во Стариот Завет прорекле за тоа дека мајката Божја ќе стане едноставо речено рамна со самиот Бог.
Тоа е еднакво на богохулие,а знаеме Евреите што им правеле на тие што се изедначувале со Елохим.Туку некој треба да си признае дека Јакововата црква во Ерусалим не го створила таквото обожавање на Мајката Божја,туку тоа е дело на Христијаните од Европа неколку векови после смртта на Апостолите и Марија .

Не е обична книга туку Свето Писмо!
Што не пишува ?Мал дел од Стариот и Новиот Завет сведочат за животот и улогата на Мајката Божја во Христијанството и Светот.
Светото писмо не е само обични и едноставни зборови туку секоја цртка и зборче има своја цел и толкување.

Веќе ти објасни Мики,
Православието и дава најголемо значење на Мјаката Божја за разлика од останатите отпаднати Протестански Секти и Римокатолицизмот и ништо не се разликвуваат по нивната теологија од Богохулниците и еретиците!

Не викаме дека е рамана но останува достојна за почит и слава помеѓу тоа што го оставила и го направила за нас.
Прочитај (Свадбата во Кана)

Како што Црквата го сведочи Светото Писмо така ја сведочи и мајката Божја
Црквата бележи во својата Историја многу сведоштва и записи како Мајката Божја им помага на народот со својата Боженственост и самата се појавува во Цариград.

За тоа дали е рамна со Бог не може да се каже Светот е единствено на едниот Бог,а мајката Божја непосредна близина како Царица и покровителка на човечкиот род.

Види тука:

http://preminportal.com.mk/content/view/13412/1/
 
Пораките ги упатуваш кон погрешна адреса.
Прво јас ќе те прашам, имаат ли животните душа? Колку што знам јас, повторно гледано од религиозен кадар, господ бог си создал сите суштества и им вметнал душа. Дали тие разликуваат добро од зло? Ако сите души одат во пеколот или во рајот, каде ќе одат нивните души. Или реинкарнираат?
Ајде ќе земам и понормален пример, има инвалиди, кои не можат да прозборат ниту свесно да размислуваат, разликуваат ли тие добро и зло па да одберат страна по која ќе пешачат во животот? Како господ ќе ги класифицира на судниот ден?
Господ не е сезнаен, никој не може да знае се. Како ќе ги знае оние работи кои ни паѓаат на памет? Ни ги чита мислите? Мозокот не е книга па за да може да се чита, патем и најбрзата работа која постои е мислата, треба сите мисли да ги следи!
Јас веќе ти кажав, веројатно преку оваа приказна се пренесува што би се случило со човекот ако во случај бега од религиските норми т.е. го послушале јазикот на змилата, а не господовиот и платиле поради тоа.
Не се пораки, туку здраворазумски заклучоци! Ако си создал некој без концепт за добро и зло, апсурдно е да бараш одговорност од истиот! Стварно незнам што толку ви е тешко да укапирате толку едноставна работа! Значи не е воопшто релевантно дали се работи за човек, робот, животно или вонземјанин! Ако неговиот креатор го создал да не распознава добро и зло, нема логика да го повикува на одговорност!

Што се однесува до болдот! Монотеистичкиот концепт на Бог вели дека тој е сезнаен и семоќен, што значи неможеш да кажеш дека тој неможе да знае се! Ако си ја читал библијата, ќе знаеш дека примери има колку сакаш кој говорат за тоа:
1. Јованово 3:
20 зашто кога нашето срце нè осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сè.

Матеј 10:
30 А вам ви се изброени дури и влакната на главата.

Евреите 4:
13 и нема создание кое е невидливо пред Него; туку сè е голо и откриено пред очите на Оној, пред Кого ние ќе дадеме сметка.

Итн, итн.
 
Библијата сум ја читал и знам дека има примери кои го кажуваат спротивното на она јас што го кажувам. Но не можеме да се потпреме на Библијата и библиските приказни, затоа што ако побараме одговори на нашите прашања ќе видиме дека изворите се многу плитки или тие податоци немаат материјална поткрепа туку само духовна т.е. дали веруваш или неверуваш во истите.
Не можеле да распознаваат добро и зло, за тоа се согласивме, но ме прашуваш за одговорноста и логиката! Јас сметам дека многу приказни немаат логика (можеш да ја прочиташ кратката дискусија помеѓу мене и Фландерс).
Она бог што го сознал било глупаво суштество. Ако веќе одиш на логика, кажи ми како може змијата да збори и човекот да ја разбира!? Дали од таа змија може да се извлече метафора?
Сега зборуваме за дрвото за доброто и злото, кое господ го имал во Едемската градина и му забранил на човекот да јаде од неговите плодови. Логички, кога го изеле плодот и го увиделе доброто и лошото, што значи дека тогаш почнале да ги распознаваат доброто и злото. А господ бог бил гневен и ги избркал од Едемската градина и ја запечатил.
Мислам дека ќе се разбереме овој пат!
Одговорноста настанала откако ги разграничиле.
Убаво те разбрав што сакаш да кажеш.
 
- Тоа не го менува фактот дека социјализацијата не е внатрешно - духовно својство на битието.
- Истото го прави и твоето "преумување".

Не те прашав за спредување на судските процеси со божјите, туку те прашав ако Бог нема потреба од нас, зошто заповеди, завети, закани, казни, награди....?

- Да, социјализацијата навистна не е внатрешно-духовно својство, туку електро-магнетско.
- Преумувањето е целосна спротивност на индоктринирањето.

- Заповедите, заветите, казните и сл. се само начини на кои Бог ја покажува својата грижа за човекот, односно начини на кои Бог ги приведува луѓето кон Него и кон нивното спасение.
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 22:42 ---
Баш интересно,каде за овакво нешто вели Библијата,бидејќи таа не е така безначајна книга,како што ме убедува цело време @MIKI1.

МИКИ1 не те убедува во безначајноста од Светото Писмо, оти такво нешто немам напишано.
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 22:49 ---
Туку некој треба да си признае дека Јакововата црква во Ерусалим не го створила таквото обожавање на Мајката Божја,туку тоа е дело на Христијаните

Која е разликата меѓу Јакововата Црква и христијаните?
 
-

--- надополнето: 17 јануари 2014 во 22:42 ---

МИКИ1 не те убедува во безначајноста од Светото Писмо, оти такво нешто немам напишано.
--- надополнето: 17 јануари 2014 во 22:49 ---

Која е разликата меѓу Јакововата Црква и христијаните?

За првиот пост имаш пишано такво нешто,дека покрај Библијата и делата на Црковните Отци имаат голема важност.Но лично сметат дека поважно е Библијата и само Библијата,се друго е излишно и додатно оптеретување за Христијанин како тебе.Ама ти типично за православен свештеник поважна ти е цркованата традиција.За другото доволно е да ги прочиташ Делата Апостолски и ќе увидиш за несогласувањата помеѓу Јаков и Петар.
 
- Да, социјализацијата навистна не е внатрешно-духовно својство, туку електро-магнетско.
- Преумувањето е целосна спротивност на индоктринирањето.

- Заповедите, заветите, казните и сл. се само начини на кои Бог ја покажува својата грижа за човекот, односно начини на кои Бог ги приведува луѓето кон Него и кон нивното спасение.
Со оглед на тоа што го сметаш преумувањето за спротивност на индоктринирањето, ништо чудо и социјализирањето да ти биде електромагнетско својство.
Дали и следниов случај е искажување грижа кон човекот односно еден од начините со кои Бог ги спасува луѓето:
1 Самуил 15:

3 Сега оди и удри на Амалик, изврши проклето уништување, врз него и врз сè што има; не поштедувај го, погуби ги мажите и жените, децата и доилчињата, говедата и овците, камилите и ослиците!’”
 
Дали и следниов случај е искажување грижа кон човекот односно еден од начините со кои Бог ги спасува луѓето:

Неверниците, за да го оправдаат своето неверие и за да ја (пре)насочат вината од себе кон Бога, редовно ја практикуваат токму оваа финта: се повикуваат на „соодветен„ библиски стих, изваден од контекст, кој (цитат) наводно, ја покажува Божјата одмаздољубивост, иако казната спомената во стихот веројатно има своја причина.

Казната за гревот е смртта, како што е познато.
 
Што те спречува да го кажеш контекстот? Каков црн контекст може да најдеш во убивање на деца и бебиња со цел да се одмаздиш?
 
Што те спречува да го кажеш контекстот? Каков црн контекст може да најдеш во убивање на деца и бебиња со цел да се одмаздиш?

Мене лично не ме спречува ништо: бидејќи Ти се повикуваш на наведениот стих а не јас, повели прочитај го, препрочитај го во текстот/главата/главите од каде си го препишал и увиди во што е работата.

Во спротивно, ќе ја повториш онаа позната протестантска грешка: градење ѓоамити вистинит став врз основа на само еден стих, и тоа стих надвор од контекстот, чиј дел е стихот.

За Црквата, вистината не е во делот/стихот, туку во духот од Светото Писмо.
 
Кој контекст може да оправда убивање на жени, деца и новороденчиња? Кој?
 
како христијанството ги осудува педофилите?
поготово кога тие се свештеници?!
Расчинети 400 католички свештеници поради злоупотребa на деца
Поранешниот папа Бенедикт Шестнаесетти во период од две години расчини речиси 400 свештеници поради сексуално злоупотребување на деца, јави Танјуг.
18012014165836_nm.vatik.jpg

Статистиката за 2011 и 2012 година покажува драматичен пораст на бројот на расчинетите католични свештеници во однос на 2008 и 2009 година (првите две години кога ватиканската Конгрегација за доктрина на верата почна да објавува податоци за бројот на расчинетите свештеници), кога свештеничките титули им се одземени на 171 свештено лице.

Пред 2008 година е објавен само бројот на пријавени случаи на наводна злоупотреба на деца и бројот на судења за тие дела, кои Конгрегацијата ги одобри.

Едно од можните појаснувања за порастот на случаите на расчинување во 2011, е тоа што во 2010 година во европските и светските медиуми значително е зголемен бројот на текстовите посветени на сексуалното вознемирување на деца од страна на католичките свештеници. Оваа година не е објавен бројот на расчинети свештеници, но Ватикан воведе нови прописи, со кои процесот на расчинување се олеснува и забрзува.
Документот за расчинување во периодот 2011-2012 година е изготвен со цел одбрана на Светата столица пред Комитетот на ОН за човекови права во Женева.
Највисока казна за сексуално вознемирување на деца за католичките свештеници е расчинувањето. Не постои ништо слично на затворска казна, ниту има мерки, со кои би се спречиле расчинетите свештеници да го повторат делото за кое се осудени
 
Кој контекст може да оправда убивање на жени, деца и новороденчиња? Кој?

Целта од Стариот Завет беше: да ги воспита и вразуми тврдоглавите јудеи и да ги подготви и удостои за доаѓањето и примањето на Месијата.
Целта од Новиот Завет е: Царството Небесно, во кое Христос не‘ покани, за да битусиваме заедно со Него во безвечерниот ден.

Ти благодарам на вниманието...
 
И за тебе нема ништо налудничаво за таа цел да користиш убивање на новорединчиња и деца?! Тоа за тебе е оправдан начин за воспитување и вразумување?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom