Дали се исплатува замена на обичните со штедливи сијалици!?

  • Креатор на темата Креатор на темата Stefus Corp.
  • Време на започнување Време на започнување
Не е баш така со од ибеј лед-овите ете јас нарачав и можам да кажам дека тие што ги зборите од 10 долари може да ги користите само како ноќно светло џабе кинезите да пишат и 2000лумени кога не се
 
тоа дека штедат ДА, ама ако дома имаш 10-ина сијалични места. а со тоа не менуваш често, па тука некако заедно со помалата потрошувачка на струја се добива добра математика. ама ако имаш 3 и менуваш на 3-4 месеци, тогаш и нема потреба.
тоа е едно, а друго е и видот на светлината. луминесенцијата е многу различна, исто ко и неонките. кој каква светлина преферира. јас сум за обична (жолта) светлина споредено со белата.
а кога би имал можност, би ги реновирал станот и би ставил од ЛЕД, по 10-ина во соба, па да се добие некоја интересна игра со светлината. вака, “нормален“ си останувам на жолтото
П.С. една од можните причини за често менување на сијалици е недобрата врска. ако инсталацијата е ОК изведена, и контактот во фасонката е “полн“ тогаш сијалицата трае подолго. и обратно нели?
 
Не баш, штедливите патат многу од уклучи исклучи и ако немаат доволно вентилација( ако се ставени во лустер каде нема доволно циркулација на воздух).
Од искуство прво од тоа страда електролитот а ако тој црки ке испоцрка скоро се во неа. За право поправката не е којзнае колку скапа и кошта не цели 50 денари во делови, ама не е тоа тоа.
За лед траката што ја спомнав претходно сум задоволен, сега не можеш да везиш гоблени, ама како амбиентално светло кое и најчесто го користам кога одмарам или не работам нешто паметно е сосем одлична. За сијалиците од лед уште се скапи, нека падни малце цената па ке зборуваме. Од технички апсект ги надминуваат и дават типа на сијалици во сите погледи посебно во трајност.
 
Не е баш така со од ибеј лед-овите ете јас нарачав и можам да кажам дека тие што ги зборите од 10 долари може да ги користите само како ноќно светло џабе кинезите да пишат и 2000лумени кога не се
ја спомнав само најевтината варијанта, јасно дека од кинезите не може да се очекува којзнае што. ама додека да поевтинат и квалитетните, не се лоша замена. сепак, до тогаш јас ќе си останам на обични
 
не си играјте со овие светилки. пуштат материја која прави рак на кожа а и други видови на рак.

јас бев залетен по нив, но после некое време осеќав чешање на рацете кога седев во соба каде што ги имаше.

плус не дават чиста светлина.
 
не си играјте со овие светилки. пуштат материја која прави рак на кожа а и други видови на рак.

јас бев залетен по нив, но после некое време осеќав чешање на рацете кога седев во соба каде што ги имаше.

плус не дават чиста светлина.
шијем ти га џуро
провери си го прашакот за перење или омекнувачот(y)
 
шијем ти га џуро
провери си го прашакот за перење или омекнувачот(y)

официјално потврдија пред некоја недела. ме мрзи да барам линк.
зошто да користам такво гомно кога може и друго многу лесно.
 
Абе ебати сијалицата кога не можеш да ја намалиш светлоста на колку што сакаш(n)
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ION
Јас сменив неколку по дома и ок е, сметката иде стандард. Се мислев да ги заменам сите одеднаш ама мн скапо излегува, над 25 сијалични места х 200 денари... Вака по една секој месец кај и да е, додека излезе нешто ново ќе ги заменам сите па пак со прстот у уста!
 
Светат исто ко да не светат.
 
Не знам што толку се напнавте со белата светлина, депримирала, ако си ти депримиран сонцето во соба да ти го донесат нема да те оправи.

Мене супер ми е таа бела светлина, си имам таква сијалица у соба и не ја мењам.
 
Дали има уште некој на тоа жолтото светло?!
најголемите главоболки ради истото
сијалициве се одлични, или такви или неонка
 
Дали има уште некој на тоа жолтото светло?!
најголемите главоболки ради истото
сијалициве се одлични, или такви или неонка
ствар укуса. за вкус не се дискутуира, само се разменуваат мислења
 
Според мое искуство и те како се исплатат.
Меѓутоа мора да внимавате кои и какви. Иако најскапи, најповолен избор се филипс и осрам. Затоа што за иста потрошувачка даваат најмногу светлина и многу потрајни се од турско/кинеските марки што ги има кај нас. Филипсовите од 23W даваат 1200-1300 лумени светлина, во зависност од келвинажата (немам моментално при рака за да проверам точно) Тоа се оние што ги рекламираат дека се замена за 100W волфрамови. Онака од око, би рекол дека според светлината одговараат на 85-90W. Други марки за истата потрошувачкаа даваат 900-1000 лумени, а некои не ни имаат декларирано.
Келвинажата (бојата) е работа на вкус, дали посини или пожолти, а зависи и од самата просторија, односно бојата на ѕидовите и мебелот.
Што се однесува до трајноста, досега ниедна ми нема прегорено, а првата ја имам купено пред 7-8 години, кога беа 500+ денари, а свети секојдневно.
А сега малку математика. Ако земеме дека една таква сијалица троши 30W за да даде светлина еквивалентна на обичната од 100W, значи заштедува 70W на час. Просечно дневно сијалицијте ми светат 5-6 часа. Зимно време и повеќе. Значи заштедува 350 вати на ден, односно околу 10КW месечно. Тоа е околу 60 денари по сегашната цена на струјата, што значи сијалицата сама себе се исплаќа за 3-4 месеци. Се натака е заштеда. Помножете ја заштедата со број на сијалици по дома и ќе добиете сума колку месечно сијалиците ќе ви заштедат.
А околу штетноста и предизвикувањето рак, се се тоа новинарски измислици. Барем ниеден од тие медиуми што објавуваат такви информации нема приложено факти во врска со штетноста. А содржината е иста како кај обичните неонки, па за нив никој не се буни.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom