Australian Open 2013

Кој ќе го освои Australian Open годинава?

  • Novak Djokovic

    Гласови: 34 43,0%
  • Roger Federer

    Гласови: 25 31,6%
  • Andy Murray

    Гласови: 13 16,5%
  • David Ferrer

    Гласови: 1 1,3%
  • Tomas Berdych

    Гласови: 1 1,3%
  • Jo Wilfried Tsonga

    Гласови: 0 0,0%
  • Juan Martin Del Potro

    Гласови: 2 2,5%
  • Некој друг, ќе наведам кој во мислење.

    Гласови: 3 3,8%

  • Вкупно гласачи
    79
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.
Лелелеле, ми отпаднал Димитров. Ебати и тенис и се веќе..... ништо, одиме понатаму, ноќеска се разбудив иначе и гледав 6-7 гема на мечот Гофан - Вердаско :D Четвртиот сет се играше, 5-3 за Вердаско, се сеќавам дека спасуваше брејк топка, успеа да го добие четвртиот сет, во петтиот спасуваше брејк топка на 1-0* исто така, а следниот гејм направи брејк и заводе 1-2* и така до 2-3* гледав и заспав повторно :D Тоа беше се што гледав во првиов ден. :oops:
 
Аууу , кој дуел ќе се игра во вечерниот термин ( наше рано наутро после 9 часот)

Должополов - Монфилс

Тука мислам дека ќе има многу мрднати поени со многу пукање и трчање , знаејќи ги какви точки се и двајцата тенисери.
Блазеси им на тие што ќе го гледаат во живо циркусов... Двајца циркузанти еден против друг... Епик ќе биде тоа...
 
Абе зошто нема тениска лига за типување на АО?
 
Го следев целиот прв ден...ми отпадна вториот мој фаворит Гришо,но остана првиот-Јанович,Монако го ставам на мојата листа на најглупи тенисери со Троицки и Симон,па како овој човек влезе дури и во топ 20 :facepalm:,со титулата лани во Хамбург беше и 10ти на момент,везе си немал.Вечерва некои интересни дуели очекувам Матошевиќ да му земе сет на Чилиќ,а и овие манекенкиве Сабин и Каро ке биде добра утакмица,како што и Цонга-Лодра може да бидне интересен меч,доколку Лодра прикаже нешто од игрите на последниот мастерс во Парис,ако издржам го следам пак целиот ден,се читаме преку ноќта :D
 
Вердаско ке оди далеку ако се мачеше против Гофин ни најмалце не беше лесно, а овој Јованович (така некако беше) многу ме изненади, игра многу добро.
Јужни го гледав сабајлево, се мачеше против Ебден ама на крај си заврши како шо се очекуваше.

Денеска бегајте од Давиденко на тикет, може да ја намести.
 
Вердаско ништо повеќе од 3та рунда нема да помине, прашање е дали и во таа 3та рунда ќе се најде, а и да се најде после ќе го загуби мечот, мислам дека Бердих му е можен противник.

Ќе има изненадувања интересни на турнирот.
 
Димитров бе :pos: .. вака се станува тенисер, загуби во прво коло на гренд слем, после гази си на челенџери.
Вердаско - Гофан изиграа одличен тенис :cuc: .. штета за Гофан што не го доби мечот, а имаше изгледни шанси за тоа.
Изненадување направи Кузњецов, го совлада Монако.:eek:
А Троицки е веќе пропалица, па и не е некое изненадување поразот во 5 сета од Степанек.
Моментално играат добар тенис, Багдатис и Рамос.


Кај жените немаше изненадување. Сите фаворитки си го добија мечевите.
Добро е бар не загуби од некој анонимен квалификант. Ипак Бенето е јак тенисер, човеков ќе имаше многу подобар ранкинг и многу поголеми успеси до сега во кариерата да не се повредуваше толку.
 
Вердаско ништо повеќе од 3та рунда нема да помине, прашање е дали и во таа 3та рунда ќе се најде, а и да се најде после ќе го загуби мечот, мислам дека Бердих му е можен противник.

Ќе има изненадувања интересни на турнирот.
Го гледав малку Вердаско, не игра лошо па може да изненади ако може така да кажеме.
 
Го гледав малку Вердаско, не игра лошо па може да изненади ако може така да кажеме.
Па да си го гледал, ќе забележеше дека ова детето му го дај мечот, да беше малце попаметно 3-1 во сетови ќе си одиграше и ќе си се пласираше во наредно коло, не е тој Вердаско што го знаеме.
 
Зошто ги ставиле рибите Возниацки - Лисицки на жештината да играат ? Битно натурализираните австралијци Томич и Гајдосова ќе играат во најдобрите термини :tapp:
И онака тогаш може само мечот меѓу црнецот и дугокосиот да се гледа ( ако се стане од кревет толку рано) :pos:
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom