Книги кои не сте успеале да ги дочитате

  • Креатор на темата Креатор на темата Srcee
  • Време на започнување Време на започнување
Адолф Хитлер - Мојата борба
Знае ли некој да ми кажи како се чита онаа книга (т.е. учебник :O) ? Се чита или се учи ? Толку многу информации и тешки содржини има што почнувам да тргам забелешки настрана и секое подглавје да го читам по 2-3 пати... А дека е добар - добра е ... !


И јас се откажав од „Мојата Борба“ и веќе две-три години само ми собира прашина дома.

Како прво, издадена е од „Ѓурѓа“, што значи по автоматизам лош превод. Не дека е катастрофален, но можело и повеќе да се поработи. Германскиот јазик од првата половина на XX-от век бил многу посложен од современиот германски, па многу од првичната смисла е изгубена во преводот.

Второ, книгата ја опишува детално идеологијата на национал-социјализмот, движење кое не постои веќе 70 и кусур години и е крајно демонизирано со тек на годините, што ја прави самата содржина несфатлива за просечниот современ читател.

Автобиографските елементи од животот на Хитлер се користат исклучиво како поддршка на неговите тврдења и ставови.

Историските случувања се прикажани само од гледиштето кое му одговара на авторот, што е всушност пракса насекаде; но се детално објаснети и расчленети за да може да ги сфати читателот кој живеел и имал придонес во политиката во тоа време. Замисли како би му изгледало на некој од 2070-те да чита за политичките препукувања помеѓу партиите што се случуваат денеска во Македонија. Прилично нејасно, нели? :)

Хитлер бил одличен говорник, но очигледно истиот ефект не можел да го постигне во пишувањето, повеќето што ја држеле во рака „Мојата борба“ ќе ви го кажат истото - тешко и неразбирливо четиво.
 
И јас да се придружам кон оние кои не ја дочитале Mein Kampf . Си ја купив уште пред 5-6 години и за брзо време го прочитав првиот дел од книгата кој според мене е прилично интересен . Кога почнав да го читам вториот дел , прочитав околу 50-тина страни и некако како да закочив со читањето . По извесно време продолжив да го читам вториот дел , но пак за брзо време запрев со читењето .Незнам ни сам зошто е така , но ете не ме влечи баш да ја дочитам до крај . Еве веќе скоро 3 години така ми стои на полица недочитана , иако планирам да ја земам пак и да ја дочитам до крај , но кога ќе се случи тоа незнам :) .
Таа ми е единствената книга во животов која не сум ја прочитал до крај , и покрај тоа што сум прочитал мнооооогу книги досега .
 
Моментално си спомнувам само за две книги Мајка од Максим Горки, имав 15-16 год кога ја отворив и после 50-ина страни ја вратив и ја немам чепнато повторно, и не се сеќавам многу на неа па се прашувам што пропуштив. Мислам дека на тие години делото не ми лежеше баш. Друга е Облеката на душата од македонски автор, Бошко Смаќоски таа ја читам на продолженија интересна е вака, но секогаш ја занемарувам заради некоја друга книга.
 
The Handmaid's Tale - Margaret Atwood

Стигнав до една третина и сфатив дека читањето не ми е уживање и се откажав.
Причината не е поради тоа што книгата е лоша. Само беше многу депресивна.
Дејството се одвива во иднината. Офрид е слугинка која еднаш месечно треба да спие со нејзиниот господар со надеж дека ќе забремени, бидејќи книгата се одвива во време во кое раѓањата се во навистина мал број.
 
Тоа е ретко сценарио кај мене, меѓутоа ми се случи само со една книга досега. Доријан Греј од Оскар Вајлд. Прочитав некои 3/4 изнасилено. Премногу нови термини и измешана сторија. Не можев ништо да сфатам и се откажав. Би ја зела за некој период повторно да ја прочитам. :)
 
What we talk about when we talk about love од Raymond Carver

Книгата е кратки раскази, прочитав 3 и ми се смачи.
Не дека е лоша, ама не е за на плажа. Ќе ја читам кога ќе бидам мноооооооооооогу среќна.
 
И планините одекнаа - Халед Хосеини

Прочитав негде околку стотина страници,ама книгава му е многу многу послаба од Илјада неворојатно сонца. И некако ми се смачи таа тематика за истокот.
 
2 книги од Ѓурѓа, значи една реченица треба да ја читаш минимум 2-3 пати за отприлика да сфатиш за што се работи, а некогаш ако сакаш и 100 пати препрочитај џабе е.
 
И планините одекнаа - Халед Хосеини

Прочитав негде околку стотина страници,ама книгава му е многу многу послаба од Илјада неворојатно сонца. И некако ми се смачи таа тематика за истокот.

A да не е до матица работата?

Човекот инаку и за тоа опишува. Истокот. Само што најчесто поради лошата преработка може многу да се уништи во приказната. Штета што никој од тие писатели не го познаваат доволно добро македонскиот јазик за да откако ќе ја видат таа преработка, да си го повлечат договорот. Јас мислам дека треба да се казнуваат со одземање на лиценца оние кои прават лоши преработки. Го направија овие тоа со Зафон, сега и со Калед.
 
Со големо извинување до сите, претпоставувам, јас не успеав да дочитам ништо од Паоло Куељо освен „Вероника реши да умре“.

А да... и „Нова земја“ од Екарт Тол.
 
„Мадам Бовари“ од Гистав Флобер
Текстот во изданиете што го имав беше како љубовен-викенд роман - во две колони со многу ситни букви (можеби и тоа малку ме одби) и безброј пати почнував и никако не го поминав оној почетен дел кога ги опишува училишните денови на мажот на Ема.
 
Калуѓерот кој го продаде своето ферари-Шарма.

Не сум јас за овие хелп-јор-селф книги и никако не им ја сваќам поентата, не само на авторот туку и на читателите кои на филозофија стара милиони години, така убаво ја искомерцијализира и искешира.
Верувам имало и други, ама оваа ја земав со голем скептицизам и ја оставив на 50тата страница.
 
"Вистинска приказна за Клубот Билдерберг" - Даниел Естулин

Се трудив и се трудив да не ја оставам ама не бива. Да поентата е ОК, имам и пред тоа читано за Билдерберзите затоа и ја купив, ама ко телефонски именик да читам. Милион споменати лица, настани, приказна која врти во круг за билдање на страници и невидена досада. Не можев веќе, на помалку од пола ја баталив.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom