Дневна доза хаику

  • Креатор на темата Креатор на темата Mary Poppins
  • Време на започнување Време на започнување
Супер тема, обожавам да читам хаику, ама мислам дека во воведниот пост требаше да стои за правилата на пишување хаику. Не знам колку видови (и дали?) има, ама хаикуто мора да биде во форма 5-7-5 (ко примерите од првиот пост), значи првиот стих да има 5 слога, вториот 7, третиот 5.
Јас пред неколку години чкртав по нешто (шодае_нешо) и сега не можам да се сетам што сум напишал, ама се сеќавам на ова пошо ми беше најомилено.
Значи, битни се слоговите, па макар да мораш и да кратиш зборови (а ќе мораш), па ќе ги менуваш, па ќе исечеш нешто и на крај ќе ја искасапиш замислата/реченицата.

Ти купив цвеќе,
да створиш хармонија.
Му фалеше трн.

lol нешто направив со првиот пост и по грешка сум го избришал...
 
Супер тема, обожавам да читам хаику, ама мислам дека во воведниот пост требаше да стои за правилата на пишување хаику. Не знам колку видови има, ама хаикуто мора да биде во форма 5-7-5 (ко примерите од првиот пост), значи првиот стих да има 5 слога, вториот 7, третиот 5.
Јас пред неколку години чкртав по нешто (шо да е) и сега не можам да се сетам што се сум пишел, ама се сеќавам на ова пошо ми беше најомилено.

Ти купив цвеќе,
да створиш хармонија.
Му фалеше трн.
Дополнително, еден од зборовите во хаикуто мора да е збор кој ја изразува сезоната - тој збор е наречен „киго“ (на пример, во твојава песна, киго би бил зборот „цвеќе“). Сепак, ова не се строги правила, денес се повеќе и повеќе се занемаруваат, особено при преводите на хаику од друг јазик.
 
Зошто читам и пишувам хаику?



1. Хаику е будност за Убавото. Будност за светот околу, а и во нас. Будност за промените што се случуваат непрестано. Будност за разноличието на животот.
2. Хаику е уметност на споделувањето. Искониски порив да (с)поделиме со некого нешто што сме го забележиле и не сакаме да потоне во заборав.
3. Хаику е ненаметлива школа за емпатија, која толку му недостасува на нашиов суров свет.
4. Хаику е уметнички, стилски, но пред сè духовен предизвик.
5. Хаику е мост меѓу естетското и етичкото.
6. Хаику ја враќа вербата во моќта на зборот да доловува не само бои туку и нијанси.
7. Хаику е почит кон читателот: му се нуди есенција, а не празната реторика.
8. Хаику е уметност на кажување доволно: ни премалку ни премногу.
9. Хаику е еден вид семче што поетот го праќа кон читателот. Семето про'ртува во свеста на читателот како еден вид мало естетско „откровение”.
10. Секое хаику е доволно големо засолниште за непредвидливоста и изненадувањето. Затоа, најубавата дефиниција за хаикуто ни го дава секое ново хаику.
11. Хаику е чин на почит за „светот на обичното доживување“.
12. Хаику е мал, но крунски доказ дека буквално од секој миг во животот може да настане уметничко дело. И најобичните нешта што (ни) се случуваат во секој миг заслужуваат да се пишува за нив.
13. Хаику е уметност на суптилното и автентичноста на доживувањето.
14. Хаику е славење на природата и на природноста.
15. Хаику е свест за кревкоста на човекот, потсетување да не си го арчиме животот во хранење на суетата.
16. Хаику е уметност на едноставноста и скромноста.
17. Со хаику целиот живот може да стане поезија.
 
Снегот се стопи.
А, ноќта веќе умре,
во мој неповрат.



Мислам дека сега ги испочитував правилата.
 
Јас и ти
во ладна ноќ.
Јас малку кивам, ти многу заљубена
ме бакнуваш наивно.
Ти - "Срцка, изгледа ти ја земав мастиката..."
Јас - "Не е мастика, настинат сум малку!"
 
Формата 5-7-5 е задолжителна за јапонското хаику. А покрај јапонско има и англиско. Точно е и дека не се почитува ова правило иако мене лично повеќе ми се допаѓа таа форма. Се чувствува хармонијата меѓу стиховите.

И нешто мое

Дојди вечер да
менуваме глаголи
на лист од среќа.
 
ја отворив темава да видам што е тоа,и ми се допадна
и читаијќи ги со големо задоволсто стиховите
постанав постар за некое време-во овој живот
 
ја отворив темава да видам што е тоа,и ми се допадна
и читаијќи ги со големо задоволсто стиховите
постанав постар за некое време-во овој живот
И ова се рачуна за хаику...:)
 
Никола Маџиров

Зимска ноќ. Куклата
од излогот, во мојот
џемпер гледа.

Напуштена куќа.
Во ќошот-пајажина.
Ќе дојдат гости.

Снегулка на дланка.
Со сета сила трчам
да ја донесам дома.

Девојче мило,
од другите планети
те гледаат како ѕвезда.

Паѓаат ѕвезди.
Си замислив желба: да
паднат на меко.

Отворен клавир.
Бабичка една си
мислеше - разбој!

Утринска слана.
Врз колата некој
нацртал сонце.
 
Еве неколку од почитуваниот професор доктор Цветковски

Атракција
Многу сум пијан
сите жени зјапаат во мене
чиниш шлицот ми е откопчан.


Размислување
Тргнав по кондоми,
а девојка ми ставила интернет.
Ќе си купам пиво


Дупење
Ми се дупи нешто на страна
Ке и кажам на девојка ми да се сврти во лево.
Не иде веќе вака


Незгодно
Ми се прди.
Пола саат сум на шоља
а ти ме гледаш право во очи


Биоритам
Сабајле кога се разбудив
курот ми беше на 12 саат.
Не можев да мочам до 6.
 
Нешто и од мене:

Јадеш пастрмајлија
со бразилско месо.
В душа љубовен трепет.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom