1.Да се отпуште 60-70% од администрацијата,2. да се пуште денаро слободен од стегите на НБРМ, 3.да се напраат автопати, и хидроцентрали на секоја планинска река. За почеток.. Ем ќе има струја, ем ќе се избегне кризата за чиста вода за пиејне шо ќе дојде у наредните 2 децении.
4.И да се пуште слободен извоз на храна, и за крај колку шо е можно повеќе краен продукт да вадеме, не да продаваме суровини.5. Економија се праве на база на производство, претерано ногу производство.. не на база на услуги (услугите у криза секојпат са првите шо погинуват)...
6.И да се тргнат границите со сите соседи. Да се дигнат рампите, граници не ни требат...
Добри идеи имаш ама полни се со дупки и непознавање
1. Се согласувам но под услов ДДВ да се намали а да се намалат и давачките на компаниите кон државата, без разлика што некој стапки како персоналниот данок или данок на добивка се меѓу најнисиките во европа.
2. Поглупа идеја да го пуштиш денарот да слободно да флуктира во време на криза и да сакаше не можеше да кажеш, друго девизните резерви на македонија се на рекордно ниво и уште се качуваат, така да има голема веројатност утре ако воведеш флуктирачки курс денарот место од 61 да изгуби од вредноста и да иде накај 70 денари по евро, може да се случи обратен ефект од 61 денар едно евро да иде накај 50 денари да биде едно време,
зошто тогаш пазарот на девизи ќе го движи курсот а кога се качуваат на резервно ниво девизните резерви и кога уште растат значи ќе има поголема побарувачка за денари отколку за евра што ќе го потисне денарот да тежнее накај 50 денари. Друго на нашата економија не и паметно да го девалвира денарот од едноставна причина добар дел од репро материјалите и суровните ги увезуваме за да можеме да произведуваме производи , ако го девалвираме инпутите ќе ни станат поскапи и финалните производи од таква мерка само рудниците и железарниците ќе имаат ќар сите други компании ќе изгубат повеќе отколку што ќе добијат.
3. Веќе почна да се прави автопатот демир-капија смокивца што вреди 260 мил евра, како и реконструкција на делот на пругата кон Бугарија, а за малите хидроцентрали уште пред неколку години имаше тендери каде што над 40 мали хидро центали се дадоа под концесија, 3 или 4 се изградени 10 се во фаза на гардба а останатие се во правно-бирократски лавиринти дел заради нерасчистени имотно правни односи дел заради неспосособноста на општините и немање знаење дел заради кризата и инвеститорите што останаа без пари итн, инаку тие мали хидроцентрали ни од далеку нема да ги задоволат потребите за струја во Македонија. И во источна македонија Елем гради ветерен парк од 50 мил евра но и тоа е далеку од тоа да ги задоволи нашите потреби за струја.
4. Не зависи од нас да пуштиме слободен извоз на змејоделски производи не сме вовеле забрана за извоз туку зависи и од други царински асоцијации каде што сме членови пример Цефта каде што највеќе квоти и царини има баш за земјоделски производи , или во нашите трговски односи со Еу највеќе квантитативни и квалитативни ограничувачки ,мерки има за нашите земјоделски производи, а делумно и за металната индустрија. А дека треба повеќе финални производи да продаваме место суровини се согласувам
5. Една економија треба да произведува и и производи и услуги. Но најбитниот дел е без разлика што и да е треба да е со висока додадена вредност.
6. Не сме членки на еу па да дигаме рампи, а уште помалку да го правиме еднострано не функционира така едноставно надворешната трговија.