Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Јас имам идеја како да излеземе од кризата, ама 90% од македонците не са спремни за такви екстремни идеи.

Презентирај, можеби тој процент постепено ке се намалува :)
Екстремни идеи за екстремно време....
 
Секако дека може, со данок за висок холестерол, неправилно чекорење на улиците и данок за слушање, гледање и зборување, може да се отплатат уште 10 вакви кредити.
 
Презентирај, можеби тој процент постепено ке се намалува :)
Екстремни идеи за екстремно време....

Ааа дам, забравих. Ангарија... Ангарија до посерувајне.... Да се сете народо на знаењето пред 45 дек и как се раѓа лебо... Оти е зачмаан у некаков заборав со тезата учи да не работеш.
 
Кредитите се одлична работа ако паметно се инвестираат парите. На пример да си замислиме теоретски дека некоја земја зема кредити (и има негативна тековна сметка) и ги инвестира парите во патишта и во фабрики кои се профитабилни. Тоа не е проблем затоа што кога ќе ги заврши инвестициите таа земја ќе прави пари со тие инвестиции, ќе има суфицит и ќе ги отплати кредитите.
Кредитите се проблематични кога прават глупости. И мислам дека тоа и се случува на Македонија. Колку што можам да разберам од телевизија пари се вложуваат во споменици, спортски терени и слични работи кои се за многумина убави и носат политички поени, но за жал не носат пари....

Респект за ставот :)
Значи, без да навлегуваме во длабока економска теорија, факт е дека Македонија постојано се задолжува. Барем податоците од НБРМ се официјални. Некои јаки инвестиции што ке донесат оплодување на капиталот не се видливи....без да коментирам каде одат парите.

Познат економист вели: Не е важно колку ке земете кредити, важно е како ке се потрошат тие пари и како се планира да се вратат.

И сега се прашувам:
Како ке се вратат тие кредити?
И она поинтересното : Дали можеби странците свесно не кредитираат за да заглавиме до крај?

Би било убаво да слушнам мислења од членови кои можеби повеќе се разбираат на темава
 
1.Да се отпуште 60-70% од администрацијата,2. да се пуште денаро слободен од стегите на НБРМ, 3.да се напраат автопати, и хидроцентрали на секоја планинска река. За почеток.. Ем ќе има струја, ем ќе се избегне кризата за чиста вода за пиејне шо ќе дојде у наредните 2 децении.
4.И да се пуште слободен извоз на храна, и за крај колку шо е можно повеќе краен продукт да вадеме, не да продаваме суровини.5. Економија се праве на база на производство, претерано ногу производство.. не на база на услуги (услугите у криза секојпат са првите шо погинуват)...

6.И да се тргнат границите со сите соседи. Да се дигнат рампите, граници не ни требат...
Добри идеи имаш ама полни се со дупки и непознавање
1. Се согласувам но под услов ДДВ да се намали а да се намалат и давачките на компаниите кон државата, без разлика што некој стапки како персоналниот данок или данок на добивка се меѓу најнисиките во европа.
2. Поглупа идеја да го пуштиш денарот да слободно да флуктира во време на криза и да сакаше не можеше да кажеш, друго девизните резерви на македонија се на рекордно ниво и уште се качуваат, така да има голема веројатност утре ако воведеш флуктирачки курс денарот место од 61 да изгуби од вредноста и да иде накај 70 денари по евро, може да се случи обратен ефект од 61 денар едно евро да иде накај 50 денари да биде едно време, зошто тогаш пазарот на девизи ќе го движи курсот а кога се качуваат на резервно ниво девизните резерви и кога уште растат значи ќе има поголема побарувачка за денари отколку за евра што ќе го потисне денарот да тежнее накај 50 денари. Друго на нашата економија не и паметно да го девалвира денарот од едноставна причина добар дел од репро материјалите и суровните ги увезуваме за да можеме да произведуваме производи , ако го девалвираме инпутите ќе ни станат поскапи и финалните производи од таква мерка само рудниците и железарниците ќе имаат ќар сите други компании ќе изгубат повеќе отколку што ќе добијат.
3. Веќе почна да се прави автопатот демир-капија смокивца што вреди 260 мил евра, како и реконструкција на делот на пругата кон Бугарија, а за малите хидроцентрали уште пред неколку години имаше тендери каде што над 40 мали хидро центали се дадоа под концесија, 3 или 4 се изградени 10 се во фаза на гардба а останатие се во правно-бирократски лавиринти дел заради нерасчистени имотно правни односи дел заради неспосособноста на општините и немање знаење дел заради кризата и инвеститорите што останаа без пари итн, инаку тие мали хидроцентрали ни од далеку нема да ги задоволат потребите за струја во Македонија. И во источна македонија Елем гради ветерен парк од 50 мил евра но и тоа е далеку од тоа да ги задоволи нашите потреби за струја.
4. Не зависи од нас да пуштиме слободен извоз на змејоделски производи не сме вовеле забрана за извоз туку зависи и од други царински асоцијации каде што сме членови пример Цефта каде што највеќе квоти и царини има баш за земјоделски производи , или во нашите трговски односи со Еу највеќе квантитативни и квалитативни ограничувачки ,мерки има за нашите земјоделски производи, а делумно и за металната индустрија. А дека треба повеќе финални производи да продаваме место суровини се согласувам
5. Една економија треба да произведува и и производи и услуги. Но најбитниот дел е без разлика што и да е треба да е со висока додадена вредност.
6. Не сме членки на еу па да дигаме рампи, а уште помалку да го правиме еднострано не функционира така едноставно надворешната трговија.
 
И сега се прашувам:
1. Како ке се вратат тие кредити?
2. И она поинтересното : Дали можеби странците свесно не кредитираат за да заглавиме до крај?
2. Не верувам не им е во интерес. Ако се случи dafault и тие може да изгубат добар дел од парите.
1. Ќе се продаде и она малку што останало, ќе има austerity measures, нешто ќе ни опростат односно ќе застари. Сепак за економијата ќе се тоа многу тешки времиња. Кој е паметен нека штеди колку може повеќе за да ги преживее тешките времиња кои доаѓаат откако ќе заврши забавата.
Има уште еден начин да се спасиме ако имаме среќа. А тоа е на западните држави да им се подобри економијата па да ни се зголеми извозот заради тоа. Ок и заради ефтината работна рака. И инвестициите странски ќе се зголемат во тој случај со што би купиле време за реформи кои ќе ја подобрат конкурентноста.
 
Добри идеи имаш ама полни се со дупки и непознавање
1. Се согласувам но под услов ДДВ да се намали а да се намалат и давачките на компаниите кон државата, без разлика што некој стапки како персоналниот данок или данок на добивка се меѓу најнисиките во европа.
2. Поглупа идеја да го пуштиш денарот да слободно да флуктира во време на криза и да сакаше не можеше да кажеш, друго девизните резерви на македонија се на рекордно ниво и уште се качуваат, така да има голема веројатност утре ако воведеш флуктирачки курс денарот место од 61 да изгуби од вредноста и да иде накај 70 денари по евро, може да се случи обратен ефект од 61 денар едно евро да иде накај 50 денари да биде едно време, зошто тогаш пазарот на девизи ќе го движи курсот а кога се качуваат на резервно ниво девизните резерви и кога уште растат значи ќе има поголема побарувачка за денари отколку за евра што ќе го потисне денарот да тежнее накај 50 денари. Друго на нашата економија не и паметно да го девалвира денарот од едноставна причина добар дел од репро материјалите и суровните ги увезуваме за да можеме да произведуваме производи , ако го девалвираме инпутите ќе ни станат поскапи и финалните производи од таква мерка само рудниците и железарниците ќе имаат ќар сите други компании ќе изгубат повеќе отколку што ќе добијат.
3. Веќе почна да се прави автопатот демир-капија смокивца што вреди 260 мил евра, како и реконструкција на делот на пругата кон Бугарија, а за малите хидроцентрали уште пред неколку години имаше тендери каде што над 40 мали хидро центали се дадоа под концесија, 3 или 4 се изградени 10 се во фаза на гардба а останатие се во правно-бирократски лавиринти дел заради нерасчистени имотно правни односи дел заради неспосособноста на општините и немање знаење дел заради кризата и инвеститорите што останаа без пари итн, инаку тие мали хидроцентрали ни од далеку нема да ги задоволат потребите за струја во Македонија. И во источна македонија Елем гради ветерен парк од 50 мил евра но и тоа е далеку од тоа да ги задоволи нашите потреби за струја.
4. Не зависи од нас да пуштиме слободен извоз на змејоделски производи не сме вовеле забрана за извоз туку зависи и од други царински асоцијации каде што сме членови пример Цефта каде што највеќе квоти и царини има баш за земјоделски производи , или во нашите трговски односи со Еу највеќе квантитативни и квалитативни ограничувачки ,мерки има за нашите земјоделски производи, а делумно и за металната индустрија. А дека треба повеќе финални производи да продаваме место суровини се согласувам
5. Една економија треба да произведува и и производи и услуги. Но најбитниот дел е без разлика што и да е треба да е со висока додадена вредност.

1. Даноците на хартија са ниски. У реалноста обичен човек плаќа некаде 50% данок.
2. Девизни резерви са на рекордно ниво, оти гестарбајтерите носат евра... економијата има негативен сооднос увоз извоз, а еврата растат? Како? Како може да печалеш евра, коа генерално трошеш повеќе отколку печалеш? (освен ако некој не бутка од странство кеш, и создава побарувачка за денаро).
3. 22 години независност. 10 километра автоапт на година. 220 километри нов автопат за 22 години. Дека са? Километар автопат е 2 до 3 милиона евра... Ацета е 4 километра автопат.
4. Пробај да извезеш нешто. Пробај.
5. Финален производ лавче македонско. Се друго е ветар и магла.

пс. не сам економист, а производител.
ппс. Не требат ногу економисти и експерти за да се направе стабилна фискална политика. Треба работа. Работа шо ногу не са спремни да ја изработат.
 
1. Даноците на хартија са ниски. У реалноста обичен човек плаќа некаде 50% данок.
2. Девизни резерви са на рекордно ниво, оти гестарбајтерите носат евра... економијата има негативен сооднос увоз извоз, а еврата растат? Како? Како може да печалеш евра, коа генерално трошеш повеќе отколку печалеш? (освен ако некој не бутка од странство кеш, и создава побарувачка за денаро).
3. 22 години независност. 10 километра автоапт на година. 220 километри нов автопат за 22 години. Дека са? Километар автопат е 2 до 3 милиона евра... Ацета е 4 километра автопат.
4. Пробај да извезеш нешто. Пробај.
5. Финален производ лавче македонско. Се друго е ветар и магла.

пс. не сам економист, а производител.
Јас сум кажувам аргументи и факти он за Ацета се фатил како слеп, некој твој приказни ти ги разбив со аргументи и факти сега почнуваш демагогии да ми продаваш и приказни.
Јас кога сум помогнал да се направат извозни стратегии за некој компании ти уште висеше на форум. Добро не си економист а ми држиш лекции по економија топ.
 
:facepalm::facepalm::facepalm:
 
Значи ќе мереме пениси. Добро.
Јас коа извезуваах шлепери со бостан домашно производство, ти дек беше? Коа извезуваах шлепери со сливи исто домашно ти дек беше? Рекламираше го реформираното ВМРО на форуми. Не мора да се зајаддуваме на такво ниво. Не личе.

Колку сакаш говори или користи болдове, потцртувај, или прави ме мене неинформиран, прост, неук, со дупки у знаењето..Ама, се додека една држава е енергетски зависна од увоз, не може да се изране, и живее ден за ден на кредит, свирка не свире од неа. Тај балон кога и да е ќе пукне. А коа ќе пукне ти прави извозни стратегии додека јас си го вртам свинчето на ражен у мојто дворче.

Јас не сам експерт, ни па сам претендирал да бидам експерт или да недај боже да ти држам лекции за нешто.
 
Како првин тој постот со 6 точки што ти објаснувам беше катастрофи, за некој економски работи немаш елементарни познавања а нудиш решенија ,а некој од нив и мене ме насмејаа не знаев дали браќата Грим ги пишувале. Сум го рекламирал реформирано Вмро на форуми:facepalm:. Инаку ти додека извезуваше шлепери бостан и сливи , јас правев стратегии за извоз на стоки со поголема додадена вредност. Значи ти додека си извезувал суровини а тука ми го дрвиш на форуми дека треба производи да произведуваме сум правел нешто за што треба тим знаење, податоци итн. И баба ми да има нива ќе знае еден шлепер суровини да го изнесе преку граница, иди прави стратегија на некоја компанија помогни да се направи , па после кажувај ми што е потешко шлепер суровини преку граници да извезеш или да правиш стратегија со триста фактори , варијабли, податоци, истражувања , предвидувања итн, ти ако ја заебеш зделката со шлеперот колку ќе изгубиш 10-20 000 евра , ние што имаме таков проект ако сме заебеле работа при изработка на стратегијата некој ќе бил оштетен за неколку стотици илјади евра, а може и до милионче да стигне. За почеток научи како тоа што тие е суровина да го ставиш во тегла и да го извезеш, место да го продаваш како суровини. Да не ја гледам твојата суровина во некоја хрватска тегла во некој маркет.Инаку меѓу другото и ти го пумпаш нашиот увоз што твоите суровини им ги даваш на некој хрват , бугар или не е битно и тие од твоите сливи ни ги враќаат како тегли џем. Шиткајте ефтини суровини па ќе се чудиме зошто после толку увозот на храна ние покачен им го накршивте на странците со ефтини суровини , плус од кај што си ги купиле суровините речиси за џабе после 10 пати поскапо ни го продаваат како конзерва или тегла топови после ќе те слушам како увозот растелПоздрав
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom