Како првин тој постот со 6 точки што ти објаснувам беше катастрофи, за некој економски работи немаш елементарни познавања а нудиш решенија ,а некој од нив и мене ме насмејаа не знаев дали браќата Грим ги пишувале. Сум го рекламирал реформирано Вмро на форуми

. Инаку ти додека извезуваше шлепери бостан и сливи , јас правев стратегии за извоз на стоки со поголема додадена вредност. Значи ти додека си извезувал суровини а тука ми го дрвиш на форуми дека треба производи да произведуваме сум правел нешто за што треба тим знаење, податоци итн. И баба ми да има нива ќе знае еден шлепер суровини да го изнесе преку граница, иди прави стратегија на некоја компанија помогни да се направи , па после кажувај ми што е потешко шлепер суровини преку граници да извезеш или да правиш стратегија со триста фактори , варијабли, податоци, истражувања , предвидувања итн, ти ако ја заебеш зделката со шлеперот колку ќе изгубиш 10-20 000 евра , ние што имаме таков проект ако сме заебеле работа при изработка на стратегијата некој ќе бил оштетен за неколку стотици илјади евра, а може и до милионче да стигне. За почеток научи како тоа што тие е суровина да го ставиш во тегла и да го извезеш, место да го продаваш како суровини. Да не ја гледам твојата суровина во некоја хрватска тегла во некој маркет.Поздрав
Aко најдеш начин да пакуваш финален продукт од лубеници, препишувам ти целото имајне и идам да работам за тебе.


Не се секирај ти за мен, шо дек и как работам. Не ми требат варијабли, изводи, диференцијали, матрици, графици, економетрија, тимови, знаење, маркет анализа, да си направам сметката колку вреде еден ладилник за 100-150 тона производство, колку е почетната инвестиција, колку требе да се додаде да има сушара и казанче за варејне компот.
А баба ти баш сакам да видам да проба да произведува шлепери производство, Ајде како добар човек, давам ниви под концесија, само да видам баба ти шо ќе произведе. Орани са, само требе да ги сее со нешто. Ајде јас ќе инвестирам у баба ти, само донеси ја, за да ми докажеш оти е така. Имаш ли толкави ташаци, как шо имаш уста? Правеме договор кај нотар, со сите чешити.
На сите до еден човеци шо са ми кажале оти е лесно, сите до еден сам ги поканил уредно и културно да дојдат да ми помогнат барем еден ден. Повеќето бегат како ѓавол од темјан.
Не ти го дрвам, јас не се дистанцирам од проблемо. Јас сам дел од проблемо. Дека виде или прочита оти јас се ставих на повисок пиедестал и кажувам како требе, и дека мора да се спроведе тава јас шо го кажувам? Јас сам дел од тај проблем, и со напор од петните жили пробувам да сменам нешто.
Цитирајнето на цифри и суми не го праве твојо аргумент посилен или поважен. Еден мал погон со 5 души вработени, со ладилник и конзервирајне на храна далеку може да направе поголема важност на локално ниво, отколку една од твојте фамозно цитирани фирми.. Ама тава е веќе локална политика.
Гледај ја слободно мојта суровина у Хрватска, Германија, Австрија, Северна Италија, или Русија. Моја е, со мојте испукани раци и пот е произведена. И е реален учинок за тија мочани девизи шо флеват у Македонија. Не е услуга, производ.
Ако даде Господ, некој ден ќе гледаш и тегла у истите маркети, ама се у свое време. Не се брзам јас.