Може ли Македонија да ги врати воопшто кредитите што ги зема?

  • Креатор на темата Креатор на темата Mister No
  • Време на започнување Време на започнување
Прво ќе пробаме со ова, па после ќе се тешиме како браќата грци со ова....

За првото ОК, ама нема да обезбедиме девизи, само денари во буџет ( + други економски проблеми во државата ни)
За второто, некој треба да има муда:)
--- надополнето: 5 ноември 2012 во 22:48 ---
На грција тија ли работи ги прават?

Говореме за цивилизирани методи, не за педерски клоци по ташаците.

Најцивилизирани. на пример : нема нов кредит.... или нема увоз на струја.... или нема увоз на нафта...или увоз на храна....
Што правиме ?

Понецивилизирани: внатрешни немири...спонтано како Арапска пролет...
 
Најцивилизирани. на пример : нема нов кредит.... или нема увоз на струја.... или нема увоз на нафта...или увоз на храна....
Што правиме ?

Можни се тија механизми. Можни са. Ама сите до еден се косат со договорите за слободна трговија со европа, размена на стоки и материјали.. И сега Европа требе да си ги мене договорите и механизмите за да може да спроведува такви “воспитни“ мерки на Грција. На куп стави ја бавната Европска бирократија, несогласноста меѓу членките по ниедна економска точка, и скржавоста на Германија,
Сите овие механизми на хартија и на форум изгледат сурово, и дека ќе ја завршат работата.
Ама 5 години се одолговлекуват нештата у Грција, и се е статус кво. Тава е реалноста.
 
Можни се тија механизми. Ама сите до еден се косат со договорите за слободна трговија со европа, размена на стоки и материјали...

Не сваќај ембарго..
Едноставно никоја држава нема да сака да ти продаде струја / нафта без пари. А пари ( девизи) немаш. А нов кредит никој не ти дава...

И на крај прифакаш се....и стануваш економски роб без да си сетил....и ти викаат - да , ке добиеш нов кредит, АМА... ке накачиш даноци, струја, ке скратиш пензии....па ке ни продадеш стратешки објекти ( и се продадоа Окта, ЕСМ...)

Токму тоа се случува со Грција....
 
Е како да го сваќам. Еднаш е ембарго, после не е ембарго, а е нешто друго.

Разбирам те шо сакаш да ми кажеш. Не сам само убеден оти тија механизми шо ги презентирате 100% работат/

Да, нема да дават кредити, ќе има услови. Па после Грција ќе фане да плетка и да го девалвира еврото.. И ќе си играме мачка и глушец со години. Силен и одлучен механизам нема да натераш друга држава да си плате сметката. Истото пробаа да го напраат со Вејмар после ПСВ. Резултато од такви манипулации беше нешто непредвидливо ( у најмала рака).
 
Инспириран од моменталната економска ситуација во РМ, со постојано задолжување, ја започнав темава, сакајки да го направам помасовно прашањето дали Македонија може воопшто да ги врати кредитие и дали секој кој размислува за иднината воопшто би требало да биде загрижен.

Немам намера да барам кривци ( и СДСМ и ВМРО имаат катастрофални грешки на тоа поле ), но работата е што јас не гледам излез.

Значи, во моментов на започнување на државата ни, Македонија превзема 5,4 % од долгот на СФРЈ ( кој изнесувал 16 милијарди УСД)
1991 година- 0,8 милијарди евра надворешен долг.
Понатаму-
2004 година - 2,0 милијарди евра
2006 година - 2,5 милијарди евра
2008 година - 3,3 милијарди евра
2010 година - 4,1 милијарди евра
2011 година - 5,0 милијарди евра
( извор Народна Банка http://nbrm.mk/?ItemID=750FC531FC3D1B49B16440313562D400 )

Е сега, точно е ( што би рекол Ставревски ) дека Македонија е малку задолжена држава. Ако гледаме така и од Грција има 10-тина држави што се позадолжени од неа. Не е битно кој колку е задолжен , туку кој како може да плака обврски. За некој директор кредит со рата од 300 евра е ништо, но за работник и рата 150 евра е многу.

И како Македонија ке ги плати девизните кредити?

И не, не е одговорот дека ако го стегнеме каишот, ке зголемиме даноци или сл. ке обезбедиме доволно средства.
Ке обезбедиме, да, ама ДЕНАРИ.(. + ке предизвикаме др. економски проблеми )
Со денари неможеме да ги платиме надворешните обврски, ни треба странска валута.

Се запрашал ли некој како една држава обезбедува девизи?
Како Македонија ке дојде до евра, на пример?

Од она што јас знам, има повеке начини, од кои некои се нереални за Македонија, а некои се реални, ама се долгорочно катасторфално економски лоши. Малку опции се и реални и добри.
Ај по ред-

1. Македонија да штампа евра
Ке отштампа, ке предизвика девалвација, ама ке има пари да плати. Македонија не штампа евра, така да нереално, да.

2.Македонија да има позитивен надворешен трговски биланс.
Ова значи, повеке евра да влезат во МК од извоз, а помалку да излезат за увоз. За нас, засега и ова е нереално.
Македонија 2011 има увоз 4,8 милиј.евра, а извоз 3,2 милиј. евра. Плус цца 0,45 милиј девизни дознаки ( евра што пракаат иселеници, плати на Македонци во странство итд ) пак прават дупка.
( извор, исто НБРМ)

3. Нов кредит.
Реална можност и го решава проблемот моментално. Долгорочно, ништо не сме направиле, пошто за х години ке треба д го вракаме и него + камата. Не го решава проблемот, само го пролонгира и го зголемува. Засега , за патриотите на власт ова им е најчесто решение.

4.Странски инвестиции.
Ке ја продадеме ЕВН, рафинерија, Телеком.... на странци и ке влезат евра во Македонија.Е сега, лошо е што овде немаме неограничени ресурси за продавање. Добар дел веке е продаено, а проблемот пак не е решен, односно по официјалните податоци, напротив, се зголемува.
Долгорочно, ова е уште полошо економско решение.
Странците со ова прават бизнис. т.е. ако дале 100 мил (пример) за Телеком, по х години по нивниот бизнис план, тие имаат цел да ја вратат инвестицијата + да заработат.
Односно, ако вложиле 100 мил., за 5 години (пример) ке сакат да вратат назад 110 мил. Никој не влува во ништо ако не планира да заработи.
И пак, од каде ке бидат дополнителните 10 мил заработка ? Едноставно, ке ја покачат цената на телефонот, бензинот, струјата...односно парите пак ке ги платиме ние и тие пари повторно ке бидат изнесени надвор од Македонија.( и пак мањак евра )

5. Странска инвестиција која има за цел бизнис наменет за извоз.
Единствена реална можност за развој и економски раст на една држава. Само со оваква инвестиција, странците пак ке вадат евра од Мк, но и ке ги обезбедуваат еврата од странство, а државата ке има корист од вработувања, придонеси, даноци...
Колку што јас знам , малку се оваки инвестиции ( ЏонсонМети, Џонсон Контрол, МиталСтил..) И засега, и нивниот извоз не стасува да ја покрие дупката во надворешниот биланс и + да обезбеди вишок евра во државата за покривање на обврски.

Други опции? Јас не знам.

И мислам дека единсвен излез од ситуацијава е намалување на земање на нови кредити максимално, форсирање на нови странски инвестиции за извоз и цела програма мерки за зголемување на извоз и намалување на увоз ( односно, форсирање на извозни фирми со стимулации, разни поволности, евтини кредити за подршка на извоз, економски промотори во функција на извозни фирми, понатаму мерки за намалување на увоз, кампањи за македонски производи, дополнителни давачки на увезена стока со цел зголемување на конкурентноснт на домашна конкуренција и сл).

Без големи мерки, верувајте дека Грција не ни бега.
Што мислите, што ке се случи сега, моментално, доколку странците (NWO, ММФ, странски комерцијални банки, ЕУ фондови...) не ни дадат нов нареден кредит?
Немаме доволно струја, немаме нафта, немаме доволно храна...а немаме и девизи да купиме. Може ли некој да претпостави што ке се случи ?
Имаме ли претстава колку зависиме од странци?
И колку држава во која се зависи од странци има право да се кажа самостојна, суверена, независна....
Не мешај баби и жаби едно е надворешен долг друго е јавен долг, не го дрви сега и ти. Научи првин од што се состои надворешниор долг, а од што јавниот па после дрви го со вакви дебати.
 
...едно е надворешен долг друго е јавен долг, не го дрви сега и ти. Научи првин од што се состои надворешниор долг, а од што јавниот...

Цело време зборам за надворешен долг.;)
 
Одличен воведен пост и одлична тема. Мислам дека си во право.

Значи вака. Како показател за тоа дали ќе има криза како во Грција мислам дека е најдобро да се гледа и тековната сметка затоа што задолженоста знае да вара понекогаш. Јапонија има 200% задолженост, но тоа е внатрешен долг и затоа не е проблематичен. Ок имаа изгубена деценија, но да ја оставиме таа работа за во друга тема.
Кредитите се одлична работа ако паметно се инвестираат парите. На пример да си замислиме теоретски дека некоја земја зема кредити (и има негативна тековна сметка) и ги инвестира парите во патишта и во фабрики кои се профитабилни. Тоа не е проблем затоа што кога ќе ги заврши инвестициите таа земја ќе прави пари со тие инвестиции, ќе има суфицит и ќе ги отплати кредитите.
Кредитите се проблематични кога прават глупости. И мислам дека тоа и се случува на Македонија. Колку што можам да разберам од телевизија пари се вложуваат во споменици, спортски терени и слични работи кои се за многумина убави и носат политички поени, но за жал не носат пари. Да не си гаиме илузии ниту една држава на светот не знае да менаџира добро со пари и најчесто ги трошат на глупости.
Колку што можам да разберам од воведниот пост од 2004 до 2011 година сме се задолжиле за 3 милијарди евра. За жал Македонија нема фирми и имот во толкава вредност кој би можела да му го продаде на странци што значи дека на тој начин кредитите нема да можеме да ги отплатиме. Значи ја немаме ниту таа опција.
Единствен начин да ги отплатиме кредитите е еден ден да имаме суфицит и да имаме поголем извоз отколку увоз. За да имаш поголем извоз треба да си конкурентен. Македонија не е доволно конкурентна. Да беше конкурентна уште денес веќе ќе имавме поголем извоз отколку увоз и минусот на тековна сметка ќе беше еднаков на странските инвестиции и немаше да имаме кредити.

Друго што е битно е дали кредитите се во приватен или во државен сектор (тој податок ти фали во воведниот пост па не знам дали се тоа кредити во државен или приватен сектор. Претпоставувам зборуаваме за државен.).
Австралија како држава веќе неколку децении има негативна тековна сметка (current account deficite), но државниот долг е низок и тој дефицит е за сметка на приватниот сектор кој паметно ги инвестира парите па затоа немаат криза. Овде би го замолил членот FARANG кој се разбира од економија да даде мислење дали сум во право во овој параграф или можеби грешам.Иако е темава за македонија може малку да се научиме и од австралиското искуство.

Прашањето е дали можеме да ги вратиме кредитите кои се веќе земени и веќе искористени (потрошени). Одговорот зависи од многу работи. Ако можеме да ги вратиме и ако еден ден успееме да влеземе во суфицит нема да проблем. Но ако не кредиторите еден ден ќе сватат што се случува и ќе се повлечат, а нас не чека долга и болна криза со уште поголема невработеност која ќе трае. Некои ќе речат дека полошо од ова не може да биде. Ерор. Секогаш може да е полошо. Ако денес имаме дома струја еден ден нема да можеме да си приуштиме струја на пример. И тоа ќе трае додека не се отплатат кредитите. Ок најверојатно нема да е толку лошо, сепак се ќе зависи од тоа колку сме задолжени.

Е сега да ти одговорам на прашањата накратко. Да треба да бидеме загиржени заради задолжувањата и може да ни се случи да сме како Грција. Странците даваат кредити додека мислат дека имаат корист, но ако се посомневаат во нашата способност за плаќање нема повеќе да даваат и ќе сме како Грција. Како што рече единственото решение е да се намали со кредити и да се спроведат реформи кои ќе ја подобрат нашата конкурентност. Треба да се штеди многу повеќе и нормално и да се инвестира. Странските инвестиции не се решение затоа што се слични како кредитите (еден ден ќе си ја земаат добивката исто како кредитите што ќе треба да се вратат).
 
Цело време зборам за надворешен долг.;)
:facepalm:Значи Столе што земал кредит од банка и тоа спаѓа во категорија дали Македонија може да ги врати кредитите што ги зема. Браво си ја погодил темава.:facepalm:
 
:facepalm:Значи Столе што земал кредит од банка и тоа спаѓа во категорија дали Македонија може да ги врати кредитите што ги зема. Браво си ја погодил темава.:facepalm:
Лаву знаеш дека и Столе е важен. Замисли дека Столе има моќни пријатели, но не е способен паметно да инвестира и да врати кредит. Ако банките му дале кредит на Столе и на многу други моќни луѓе како Столе резултатот е финансиска криза која е долга, длабока и болна.
 
Си има стучни лица они нека му ја мислат не ние :)
 
Лаву знаеш дека и Столе е важен. Замисли дека Столе има моќни пријатели, но не е способен паметно да инвестира и да врати кредит. Ако банките му дале кредит на Столе и на многу други моќни луѓе како Столе резултатот е финансиска криза која е долга, длабока и болна.
:facepalm:
 
Е како да го сваќам. Еднаш е ембарго, после не е ембарго, а е нешто друго.

Разбирам те шо сакаш да ми кажеш. Не сам само убеден оти тија механизми шо ги презентирате 100% работат/

Да, нема да дават кредити, ќе има услови. Па после Грција ќе фане да плетка и да го девалвира еврото.. И ќе си играме мачка и глушец со години. Силен и одлучен механизам нема да натераш друга држава да си плате сметката. Истото пробаа да го напраат со Вејмар после ПСВ. Резултато од такви манипулации беше нешто непредвидливо ( у најмала рака).
Разликата помеѓу нас и грците е во тоа што ние немаме евро и сме далеку помала економија па не можеме да си играме играчки. Доволно е само да ни се заканат дека нема да ни дадат нов кредит. Ништо повеќе не треба само да ни се заканат. Не треба ни ембарго да ни спомнат ни војна.
Грците се друга приказна заради еврото. Подобро е да го гледаме случајот со Аргентина и да се споредуваме со Аргентина (слична ситуација ама без заедничка валута ).
 
Разликата помеѓу нас и грците е во тоа што ние немаме евро и сме далеку помала економија па не можеме да си играме играчки. Доволно е само да ни се заканат дека нема да ни дадат нов кредит. Ништо повеќе не треба само да ни се заканат. Не треба ни ембарго да ни спомнат ни војна.
Грците се друга приказна заради еврото. Подобро е да го гледаме случајот и да се споредуваме со Аргентина (слична ситуација ама без заедничка валута ).

Ех сега, шо имаме безр'бетна економија и целосно зависна од увоз, кој ни е крив. Шом една држава е енергетски и за храна зависна од увоз, свирка од неа не свире. Само добар играорец.
--- надополнето: 6 ноември 2012 во 00:32 ---
Јас имам идеја како да излеземе од кризата, ама 90% од македонците не са спремни за такви екстремни идеи.
 
Да се отпуште 60-70% од администрацијата, да се пуште денаро слободен од стегите на НБРМ, да се напраат автопати, и хидроцентрали на секоја планинска река. За почеток.. Ем ќе има струја, ем ќе се избегне кризата за чиста вода за пиејне шо ќе дојде у наредните 2 децении.
И да се пуште слободен извоз на храна, и за крај колку шо е можно повеќе краен продукт да вадеме, не да продаваме суровини. Економија се праве на база на производство, претерано ногу производство.. не на база на услуги (услугите у криза секојпат са првите шо погинуват)...

И да се тргнат границите со сите соседи. Да се дигнат рампите, граници не ни требат...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom