Пример храна, како што сватив од твоите постови, ти лични извезуваш зеленчук ?
Храната е еден производ шо ние може стварно да го правеме.
Иде време на гладија у Македонија (оваа година оште помалку жито ќе се сее... иако дома прааме план да натепаме околу 30 декара под ечмен и ченица)... Вода однемува, секој македонски град летно време е под воден режим. Не за џабе имам дома бунар, и сакам да го приспособам за хидрофор (за недај боже).
20% од струјата е од увоз. Летно време да не трошам струја иаме летно купатило, шо се грее на сончева енергија (без пари топла вода од Мај до септември).
Човек требе да е штедлив малку, и да има идеја как да ја измакне македонија од зависноста. Сите овие работи са реален проблем, само шо никој нејќе отворено да говоре за них.
Иначе на кратко
Еми сега дома оште се концентрираме на производство на свежо овошје (праска, слива и миндал. Од грзоје се откажааме).
Порано произведувааме со тони бостан, компир и житце (ама мачна е оти е ногу рачна работа, нема доволно пари и земја за да е механизирано). Извозо си беше стандард Ју Просторите, ама веќе и там нема пазар. Бугарија и они зимат замав у производството, и последните години собират се живо и диво од Струмичко. Заради них, оваа година требеше и од Албанија да се увзеува зеленчук да не рипнат цените на мало по пазарите.
Сега идејата е да се собира трпезно овошје, да се става у разладни комори (100-150 тона капацитет) + индустриска сушара и Казанче за конзервација.
Проблемо са 140 000 евра од дека да се најдат. Не сам толку богат, ни па банките дават толку ногу пари на кредит да се започне.
Физибилити студија и истражување за шо как дек одат работите иам материјали и идеја како да го направам. Само парите ги немам.
Извозо е секојпат преку пријатели и познајници, не се занимавам со него. Тате е на времето работил у транспортна фирма и познава човеци тук, там и има идеја как одат работите.
И здравје ако успее плано, Луки ќе продава тегли на запад... Шом има храна, западните бизнисмени и купувачи идат како муи на лајно за готов продукт или евтина а добра суровина.