Игор Џамбазов со ново шоу „ЏИШ“

  • Креатор на темата Креатор на темата Löwe
  • Време на започнување Време на започнување
Ова шоу ќе ги руши по гледаност турските серии ? :pos:

уф уф уф :oops: Ова беше крајно непријатно за гледање,значи не зборам дека беше несмешно,без никаква интеракција,очајно,тоа е јасно ко ден,ама ова беше ко чувството кога стоиш со натртен гз и чекаш сестрата да ти стави инекција,или кога си седнат на забарски стол и го гледаш забарот како ја уклучува бормашината. :confused:

Кој било друг да го направеше ова,ќе добиеше перманентен бан за прикажување на ТВ.
Незнам затоа што е Игор,не значи дека не беше ТРАГЕДИЈА.

После оваа прва епизода,незнам кој пак би го пуштил следната Недела. :unsure:
 
Јас па мислев до мене е што не се смеев, после сменив. Нека го прекинат фијасково додека уште е во зачеток, нека не се црни Игор.
 
Единствен логички заклучок е дека не трола со првава емисија, намерно правејќи ја ужасна... Пошто не може да биде волку лошо. o_O
 
Биоло која турска и индиска серија е подобра од ова денес што се прикажа.
 
Се откажав по 10 минути. :вонзем:

Реков, едина шанса за спас, и (уште еднаш) да испадне генијалец е ова да било само „тролање“, за да сите го исплукаат, како I catch you bastards... :sneaky:

А може и тотално забегал... :cenzura:
 
Се откажав по 10 минути. :вонзем:

Реков, едина шанса за спас, и (уште еднаш) да испадне генијалец е ова да било само „тролање“, за да сите го исплукаат, како I catch you bastards... :sneaky:

А може и тотално забегал... :cenzura:
Ако направил трол финта ондак не изреметил најјако, ама ако не е така, со ова само ќе си фрли дамка на имиџот кој го има како шоумен. Мене ме чуди кај му беа најавените гости ?
 
Дури и Жаре Бербер со неговата емисија Кој те шиша беше подобaр.:facepalm:
Тоа и јас сакав да кажам,што е жално воопшто да се помисли кога ќе размислиш кој со кој споредуваш.

Само едно да прашам,дали воопшто заврши емисијава или го изгасија пред време од МТВ :confused:
Јас мислам заврши а ?

:unsure:
 
Можеби и не беше до толку лошо шоуто ,но сепак за нас помлади а и за повеќето не е разбран тој хумор од деведесетите.

Јас дури и не го ни догледав цело .
 
Па незнам што се чудите најавите беа такви шоу без гости! Незнам кој дел не сте го разбрале тука :) Инаку самиот концепт ти е ко скеч на к-15 ( од поновиве) ВИЦОВИ ?! Го изгледав цело и стварно незнам каде е оригиналноста на Игор? Па подобро ќе беше да си направеше шоу од неговине книги што би било поинтересно за нашиот народ ова е веќе нешто што би се гледало во америка и слични земји , а не на балкан.
 
Тоа и јас сакав да кажам,што е жално воопшто да се помисли кога ќе размислиш кој со кој споредуваш.

Само едно да прашам,дали воопшто заврши емисијава или го изгасија пред време од МТВ :confused:
Јас мислам заврши а ?

:unsure:

Па вистина нели беше интересно.Кај Жаре во таа емисија беше лудница,смеење до солзи до самиот крај на емисијата,гости пеење...Тоа го бара народот или нешто близу како Џандар Збира а и можеби некој се секава на емисијата Водени Лудории.А не ова "шоу".
Не издржав до самиот крај и не знам дали ја прекинаа или заврши но знам дека беше ова ФИЈАСКО.Не го очекував ова.
Трагично,ужасно...Ако и следнава недела биде налик вакво Игоре пакувај си куферите и смисли нешто сосема ново.
 
ова е веќе нешто што би се гледало во америка и слични земји , а не на балкан.

Друже, следам амерички шоуа скоро сите што ги даваат на поголемите телевизии. Ова не е такво. Ова е како во 80-те, некоја југословенска емисија, каде што група на мажи се облакаат како жени и тропаат глупости.
 
Друже, следам амерички шоуа скоро сите што ги даваат на поголемите телевизии. Ова не е такво. Ова е како во 80-те, некоја југословенска емисија, каде што група на мажи се облакаат како жени и тропаат глупости.
Да такво е шоуто ,исти концепт како оние југословенските ,нешто како ова
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom