Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Sussaro напиша:Иако е во подфорум љубов насловот заслужува пофилозофски пристап.
Просто зачудувачки е идеализаторскиот и возвишувачкиот пристап што и се дава на љубовта како поим. Веројатно тоа е од човековата потреба за упростување на работите наместо навлегување во дополнителни и непотребни конфузии. Нешто како Снежана е онаа добрата им помага на сите чисти, пере, готви, а сепак ја има Евината тенденција на Преспанските садници, а вештерката е само лоша нарцисоидна и сака да уништи се пред патот.
Начелно постојат принципи што иако се апстракни како поими како и љубовта се потангибилни за објаснување-потреба, навика, интерес, зависност. ММЕ тоа ми е некако пологично. Прво и основно во основата на човекот како битие лежи инстинктот на опстанок и продолжување на видот. Сексот како акт без кој не може да се замисли љубовта е на дното на неопходностите заедно со храна, вода и воздух и повеќето сколари од социолошко-психолошката бранша почнувајќи од Маслов и Фројд се согласни со тоа. Во прашање е нагон запишан во самиот код на ДНК-то.
Човечкиот род сепак еволуирал и може да размислува и да чувствува и со самото тоа е во постојана потрага по совршенството кон идеалот. А љубовта се смета за еден од највисоките идеали. Човекот е роб на навиката а навиката елем тешко се искоренува. Кога имате изградено систем според кој ви се движи денот месецот, животот воглавном тешко се привикнувате на промени. Прекрасно е да легнете и станете со некоја да одите на одмор заедно да имате милион заеднички интимни моменти. Идеализација на возвишеноста. Исто така знае ад биде бедно и мизерно кога ги немате тие работи а уште пострашно е ако сте ги имале некогаш а сега ги немате (онаа еврејската а Богами и на Џеј Рамадановски имати па немати...). Идеализација на болката. Се дур не воспоставите нов систем на навики ќе има болка а кога ќе го воспоставите како со магично стапче некогашната љубов едноставно исчезнува. Ама навиката не се идеализира.
Не се идеализира ниту егоистичната човекова зависност од блискост, допири и интима. Колку единката е понесколна кон приврзување и воведување на другата личност во системот на навики и потреби толку полесно проаѓа во таканаречениот љубовен живот до тој стадиум што некои индивидуи може да имаат и 5+ годишни врски и наредниот ден се како буквално ништо да не било. Релативизација на поимот љубов. Поетски некој ќе рече, некои знаат да сакаат да го дадат своето срце да страдаат поради љубов а некои имаат срце од камен и студенило. А всушност се зависи од тоа колку навиките и потребите те контролираат тебе а колку ти нив. Нема ништо тука за идеализирање освен човековата посвесна тенденција на креирање светости, чистоти и идеали за да ја задоволат потребата за давање на смисла на својот живот. На крајот на краиштата многубројни будистички, христијански и исламски монаси и други аскети доживеале речиси совршен телесно-душевен баланс и помирување без цигари, алкохол, интернет и секако поубави половини. Да сите тежнееме кон задоволство ама тоа да се става на пиедестал е декадентно.