60% од средношколците не ја положиле пробната матура

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
јас почнав англиски да се спремам...
одам во ПИСИ-Охрид...закон е...
остај шо ќе положам анг на матура конечно еднаш во животов ќе научам и граматика и се ко шо требит англиски:vozbud:
 

BuSarCe

See My Profile
Член од
4 август 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
33
ништо дечки купувајте овци за гледање не ви оди учењето:)
многу голем процент е,затоа се бунеле матурантиве.абе треба учење не само ком.и љубов или кој повеќе излегува у кафичи.
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
766
Поени од реакции
303
Abe angliski lesno e za eden sat se resava bez problem so malku ucenje, ama matematika e problemot.
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
абе се штрајкуват негде по македонијава???
денес во охрид се собраа претсетдаателиве во гимназијава и после цели пет минути решија да излезиме после втор час на штрајк...ни најава ни одобрение ни ништо...не им успеа,си останавме на школо 95% бидејќи ако излезевме можеа слободно и неоправдани да ни пишат и се...
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
:) Изгледа ние во Св. Николе најбунтовни сме, ова е трет ден како бојкотираме настава, а по се изгледа и утре не им идеме на школо.
Јас лично, нејќам да не идеме на школо, ама не си ги оставам соучениците, со нив сум си.:salut:
 

MaRyJaNe-poison

Beauty in Black
Член од
11 септември 2007
Мислења
2.722
Поени од реакции
167
И зошто штрајк да ве прашам?? Ќе се полага матура, не знам која е целта на неодење нашкола и штрајк?:toe: Ќе барате средноо, ама касно е после....поголема уживанција од средно па поготово 4 год нема!!
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Мене ми е сеедно, али малце губење часови не е на одмет.:)
А дека ќе полагаме, тоа е јасно.
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.488
Поени од реакции
5.967
:) Изгледа ние во Св. Николе најбунтовни сме, ова е трет ден како бојкотираме настава, а по се изгледа и утре не им идеме на школо.
Јас лично, нејќам да не идеме на школо, ама не си ги оставам соучениците, со нив сум си.:salut:
И во Струмица исто.

Уште од петокот започна. :whatever:

Сега на вести кажале во понеделник наводно генерален штрајк.
Ќе си полагаме како и да е...
 

Јован

дежурен сеирџија
Член од
16 октомври 2005
Мислења
4.892
Поени од реакции
265
Матурантите бараат ревидирање на предметите за матурата

Скопје /13/02/ 16:50
Ревидирање на испитната програма по математика и екстерните предмети од државната матура денеска побара Средношколската унија.

Претставници на Средношколската унија кои денеска се сретнаа со државниот секретар во Министерството за образование и наука (МОН), Перо Стојановски, побараа да биде извршено ревидирање на испитната програма по математика и на екстерните предмети кои што факултетите ги изнесоа како приоритетни.

Средношколската унија, исто така бара, во подготовката на матурските испитни програми по мајчин јазик, странски јазик и математика да учествуваат и матуранти со континуиран одличен успех.

Унијата најави дека доколку не бидат исполнети барањата, ќе продолжи со протестите.

„Средношколската унија ги поддржува сите иницијативи на средношколците и доколку има потреба, да не биде како до сега без организација, Унијата ќе застане зад протестите на средношколците, се разбира доколку бидат во границите на дозволеното“, изјави претставникот на Унијата, Душан Беклиќ.

„МОН како и досега е отворено за комуникација со средношколците. Ги сослушавме сите отворени прашања и барања на средношколците, за поголемиот дел од прашањата кои што беа отворени денеска, во текот на денешниот и утрешниот ден ќе дадеме конкретен одговор“, изјави Стојановски по средбата со средношколците.

Претставникот на Иницијативниот одбор за укинување на државната матура, Михаил Младеновски денеска за Макфакс рече дека матурантите од утре повторно ќе излезат на протест против полагање на матурата.

Според него, иако Беклиќ тврди дека на средбата во МОН биле повикани и претставници на Иницијативниот одбор, таква покана не добиле.


Извор:Макфакс
 
К

Кики.

Гостин
Пред да се составуваат тестовите за матурата господата од министерството треба да посетат некое средно училиште без претходна најава бидејќи ако доаѓаат најавени никогаш нема да ја дознаат вистинската слика за училиштата. Кога доаѓаат, сите професори се покажуваат во најдоброто светло, а кога нема вакви посети едвај седат на часовите и предаваат со најстарите методи. За да научат учениците треба наставата да биде беспрекорна, учениците да се вклучуваат во предавањето и да имаат нормални услови за работа, а не студени училници и професори без желба за работа кои најчесто се фрустрирани од животот па на учениците им ги раскажуваат своите животни стории. Не сум против матурата бидејќи знам колку од учениците го завршуваат образованието со врски поради тоа што најчесто мама или тато се на функција или пак се професори, но сметам дека за да се положи успешно овој испит треба сероизно да се сфатат работите од двете страни и од министерството и од учениците.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Не сфаќам зошто штрајкуваме! Ај напишете нешто што не ви е јасно овде. Кога поубаво ќе размислиш, тоа ти е закон и ти е донесено, техничкиот дел од матурата е потврден, а ние само можеме да реагирам врз тешкотијата на прашањата. И шо само се глупираме со штрајкови, за на крај да ја продолжат учебната година и да останеме без време да се спремаме.
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Претставникот на Иницијативниот одбор за укинување на државната матура, Михаил Младеновски денеска за Макфакс рече дека матурантите од утре повторно ќе излезат на протест против полагање на матурата.


http://makfax.com.mk/look/novina/article.tpl?IdLanguage=10&IdPublication=2&NrArticle=101264&NrIssue=582&NrSection=10
Добро оти некој не им објасни убаво во главите дека матура се полагало од секогаш и ќе се полага. На крај краева, мање битно дали ќе знаеме некој стилска фигура или некоја задача, тоа ти е МАТУРА НА ЗРЕЛОСТ ме разбирате, а ние веќе одамна ПАДНАВМЕ по неа.
 

bowl

.
Член од
30 јануари 2007
Мислења
8.344
Поени од реакции
1.307
Не сфаќам зошто штрајкуваме! Ај напишете нешто што не ви е јасно овде. Кога поубаво ќе размислиш, тоа ти е закон и ти е донесено, техничкиот дел од матурата е потврден, а ние само можеме да реагирам врз тешкотијата на прашањата. И шо само се глупираме со штрајкови, за на крај да ја продолжат учебната година и да останеме без време да се спремаме.
Лани е донесена одлука дека уште оваа година не треба да се полага матура.Оваа генерација е последна што е запишана пред да биде воведена матурата.Имаат право да се бунат
 

еци^^^

Walking the line of nature's palm
Член од
9 декември 2005
Мислења
2.945
Поени од реакции
58
Лани е донесена одлука дека уште оваа година не треба да се полага матура.Оваа генерација е последна што е запишана пред да биде воведена матурата.Имаат право да се бунат
Златен, и јас спаѓам во оваа генерација. И како и секоја генерација, која се запишува во средно образование, и во документот кога јас се запишуав стоеше дека на завршувањето на четиригодишното средно образование, ќе полагам матурски испит за завршено средно образование.

Како што знаеме, се до уписите во генерацијата 2008\09 , не важи законот за задолжително средно образование, па оние кои не сакат да полагаат, нека не полагаат, не им е задолжително, аман.
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Точно, матура одамна се полагало, само имаа проектна да направат и македонски јазик нешто состав мислам дека беше. Така беше за генерацијата пред 4 години.
Инаку, јас би бил задоволен ако ни смалат еден предмет од оние интерните што треба да се полагаат, тоа би било добар пазар.:)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom