Топшоп производи - задоволни или не?

  • Креатор на темата Креатор на темата ^Exotic^
  • Време на започнување Време на започнување
Еве го Kleen Kut :)
Ама моделиве којзнае колку прецизно се избричени со Gillete пред снимање.
A овој само се поминува со машинката на веќе избричено... :icon_lol:

Кога ќе видам вакво машинче да го избричи Серпико, тогаш ќе го земам :)

TopShop презент Kleen Kut кој го купив за Неверојатни 1600 денари без ПТТ..... не знам што шејтан ме натера да си ги потрошам парите за такво машинче за бричење. Кога го донесоа добро беше само брат ми да не купеше од кинескана продавница исто такво за 300 денари....Трагедијата е што неговото издржа 1 година а моето цркна после 2 месеци.......:kesa:
Од која кинеска? :)
 
Ние имаме една тава од топшоп. Траеше 2 месеци. Сега е некаде у Велес у депонијата:salut:
 
Топ-шоп и слични купувања преку телевизија е машинерија за ловење на наивни и продажба на шкартовина по екстремни цени, само пуста Америка, и ние да не останеме покуси.
За да немате проблем со таквите купени работи.......откако ќе ви стигнат дома, не ги отпакувајте, тоа дирекно во контејнер....
 
TopShop ROX! Иам Аб Кинг Про... Клеен Кут.... Контур ... пауер џусер! све е закон..презадоволен... само со клеен кутот ми откажа еднаш ама си го менав имав гаранција xD
 
Ја уствари им` ги сакав рекламите. Фаворит ми беше онаа со шаторот за на плажа. Као, кој к ти е пешкир кога лежиш на песок, евентуално камења, а чадорот, мамата негова, мораш константно да го поместуваш, ем го дува ветер, ем се крши на пола. Редовно. Овака имаш нешто као пластична пештера на која и` се отвора кровот и можеш да шпиунираш околина додека се (с)облекуваш, ем кога не си на одмор децата може да рипаат у тоа у двор, и оно нема да се скине. Плус не пропушта вода.

Следна етапа им` беа нешто подолгите реклами, со барби - изглед водителка, која е толку смотана што со години не може да се ослободи од влакната од мачката, флеките од алиштата, прашината на тешко достапните места енд соу он, а се` и станува, о, толку јасно кога батката ќе и` покаже како уствари се чисти, готви, усисава, заштедува простор, па и сокче како да си направи. Ваквите подоцна еволуираа во документарци од реклами кои вклучуваа и публика со дебела доброволец - типка, а која не се трудеше многу да покаже дека е помалце глупа од водителката.

После тоа почнаа да ги синхронизираат, со што ми зачестија нагоните за повраќање кога Миланка Рашиќ ми се чини, почнуваше да кенка зашто нема совршен џогер. И така.

Сега ме плашат. :icon_conf

И не, немам ништо од Топшоп. :pos:
 
ја ги иам тие ножевите,една перница и rovus aqua power добро служат сите
 
За овие можам само да кажам дека космодиск е најдобро.Сеа за другите не знам ни по колку траат ама космодиск е ептен квалитетен.
Начинот да го залажат народот им успева со добра реклама која те тера да ја купиш.Но тоа не пали кај мене.
 
Ја уствари им` ги сакав рекламите. Фаворит ми беше онаа со шаторот за на плажа. Као, кој к ти е пешкир кога лежиш на песок, евентуално камења, а чадорот, мамата негова, мораш константно да го поместуваш, ем го дува ветер, ем се крши на пола. Редовно. Овака имаш нешто као пластична пештера на која и` се отвора кровот и можеш да шпиунираш околина додека се (с)облекуваш, ем кога не си на одмор децата може да рипаат у тоа у двор, и оно нема да се скине. Плус не пропушта вода.

Следна етапа им` беа нешто подолгите реклами, со барби - изглед водителка, која е толку смотана што со години не може да се ослободи од влакната од мачката, флеките од алиштата, прашината на тешко достапните места енд соу он, а се` и станува, о, толку јасно кога батката ќе и` покаже како уствари се чисти, готви, усисава, заштедува простор, па и сокче како да си направи. Ваквите подоцна еволуираа во документарци од реклами кои вклучуваа и публика со дебела доброволец - типка, а која не се трудеше многу да покаже дека е помалце глупа од водителката.

После тоа почнаа да ги синхронизираат, со што ми зачестија нагоните за повраќање кога Миланка Рашиќ ми се чини, почнуваше да кенка зашто нема совршен џогер. И така.

Сега ме плашат. :icon_conf

И не, немам ништо од Топшоп. :pos:

Да бе стварно, фино ме потсети на онаа со пластичната пештера:).
Кога бев млада имаа покул реклами.
..додуша 90тите беа покул во секој случај.


Ја имам едно прилично опасно по живот но никогаш употребено за својата вистинска намена, тавче.
 
ние имаме Пауер Џусер и ок си е соковникот, ама мајка ми многу го мачи и значи дека вреди за парите што сме ги дале, дека ако беше некој чкарт ке се расипеше до сега исто имаме 3 контур перници и мене ми се свиѓа, а брат ми што ке рече тоа незнам, и исто дома имав направено такво што е за диплење алишта 2-3 години пред они да го "измислат" и си работеше супер, ама заврши во оган. Така да тоа што сме го купиле супер си работи и јас барем сум задоволен од нив.
 
Купил некој Велформ против опаѓање? :vozbud:
Тато користеше не би ти го препорачала.Иначе имам повеќе производи од топшоп од некој сум задоволна ама некој се стварно глупости:uvo:
 
Неам нешто од Топшоп, а порано сакав да ја купам една ко пеперутка шо беше нешо демек вибрации и ќе ослабиш ама брачедами користеше и нишо не и помогна така да се откажав.
А да еден другар има Тотал Џим и можам да кажам дека е добра справа...
:vozbud:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom