Елиза Душку на посета на албанците во Балканот

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Член од
30 ноември 2007
Мислења
7.481
Поени од реакции
5.948
Холивудска актерка и кошаркар од НБА на прошетка во Тетово

Холивудска актерка која глумела во филмови покрај Арнолд Шварценегер и Роберт Де Ниро и НБА кошаркар, соиграч на Шекил О Нил и Коби Брајант го посетија Тетово.

Актерката Елиза Душку и нејзиното момче, НБА ѕвездата Рик Фокс, поминаа неколку часа во Шарената џамија и комплексот Арабати баба теќе. Тие на пропатување од Албанија кон Косово вчера го посетија и Тетово каде беа пречекани од десетици обожаватели.

Душку која по татко има потекло од албанскиот град Корча со екипа од Холивуд снима документарец за Албанците на Балканот.

„Сакаме да подготвиме документарен филм за Албанија. Знаеме дека Македонија е дом на многу Албанци како и на Мајка Тереза и на Александар. Многу сме горди што сето ова ќе го прикажеме и ќе го споделиме во нашиот документарец“, рече Елиза Душку.

Ретко кој го препозна нејзиното момче трикратниот НБА шампион Рик Фокс кој дента уживаше во споредната улога, како што рече ѕвезда на денот е неговата девојка, а не тој. Пред Шарената џамија редица обожавателите на Душку пресреќни што ја гледаат во нивниот град.
Душку во Албанија беше прогласена за почесен граѓанин и амбасадор на културата. Домаќин на двојката од Холивуд беше тетовскиот актер Блерим Дестани.

Илчо Цветаноски
http://kanal5.com.mk/default.aspx?mId=37&egId=13&eventId=78872

Тетово- шарена џамија


Тирана



--- надополнето: Aug 14, 2011 6:47 PM ---
За 10 дена заедно со американски тим сниматели ќе ги посети албанските простори , и ќе ги документира сите албански убавини и вредности.
Во проектот ќе учествуваат и други албански уметници како што е Инва Мула-сопрано , Фадил Бериша - фотограф , Блерим Дестани - холивудски актер. Со цел да се промовира албанскиот туризам.
 
Која е оваа? Прв пат слушам за неа исто како и 99% од албанците во Македонија. :ROFLMAO:
 
Шо презимиња ќе имаа овие Албанците??
Dardan-ia што значи Душку на албански?
 
Шарената Џамија не е албански споменик туку Отомански(турски).Мене не ми текнува на албански споменици во МК.Можеби спомениците на загинати терористи на УЧК може да се рачунаат како албански споменици.Нека ги посети.
п.с.Дали Душку се сретнала со Али Ахмети???
 
Православен бил татко и? Прашувам, не се палете.
 
Dushku е албанско презиме, на македонски мислам дека е ДАБ.
Или поопширен превод, ако се фаќаш, фати се за стап... ова даб...
Oваа Душку глеам толку голема албанка е што наизуст го зборува албанскиот, секоја чест. И што има да ги промовира Албанија и Албанците преку Македонија??? Згора на тоа со џамија изградена за време на Отоманското владеење. Што се мора да трпи Рик Фокс поради љубов :pos:
 
Потегот нејзин (посета на АЛБАНЦИТЕ) беше глупав од причина што во Македонија живеат во најголем број Македонци па можеше барем да тркне до Охрид или Скопје и да се слика со Александар Велики на плоштад. Вака ми создаде некаква одбивност девојкава која пред овој потег многу ја сакав..
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom