1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Од изложбата во Скопје
555737_379673172087945_1656937325_n.jpg


545303_4216486290123_1986547064_n.jpg
Друже, макетиве по стоти пат, ремек дело се, но мора нешто да направиш со гумите и бандажите. Пробај да ги набавиш од e-bay или извади некои од Maisto или Bburago. Вака изгледаат многу нереално и мислам дека го расипуваат перфектниот изглед на моделиве. Мило ке ми биде да ти помогнам но немам таков тип на бандажи т.е. off road тркала. :)
 
После малку подолг одмор се враќам со нов модел. Сега правам Willys CJ2A (1946-1949) кој ќе биде во малку поразличен фазон од претходниве модели. Овој пат моделот ќе биде целосно изработен од челик, кој што освен што е потежок ќе овозможи формирање на реална р'ѓа која многу додава на реализмот. Ќе се гледаат неколку слоеви боја, гумите ќе бидат со многу малку траг, стаклото напукнато а седиштата искинати. Ќе биде комплетен со сите детали но во многу лоша состојба. Овие детали ќе дојдат многу подоцна, сега морам да ја направам каросеријата.
Моделот на крајот треба да изгледа вака некако:

1947_cj2a_arley_al.jpg


1946_cj2a_bakersfield_vt1.jpg


1942-mb-covina-ca1.jpg


Ова е најблиску до она што го имам замислено
1948-cj2a-hudsonvalley-ny3.jpg


Засега е направена шасијата... недостига попречниот носач на средина кој ги држи менувачот и редукторот.
DSCN0459.jpg


DSCN0458.jpg


DSCN0461.jpg


На р'ѓата и треба помалку од ден да се појави, а за вака да изгледа потребни се неколку денови. Малку влага помага процесот да се забрза. Проблемот е во тоа што таму каде што треба да се залеми нов дел, р'ѓата мора да се отстрани инаку нема да фати. Исто така, како бројот на споевите се зголемува, така станува потешко да се залеми дел без претходно нешто да не се разлеми од топлината. После некое време оди полесно, треба малку вежбање :) Челикот е многу потежок за обработка од алуминиумот иако е за 0.1mm потенок (користам челик 0.3mm). Додека да се исечи, исшмиргла и свитка еден челичен дел од алуминиумот би направил два исти дела. Крајниот резултат прави вложеното време да се исплати. Инаку размерот е исто 1:16....

Едит
DSCN2078.jpg


DSCN2075.jpg
 
Точно, тоа е замислата, во последно време ептен е актуелно :)
 
Ги направив носачите за каросеријата...
DSCN2080.jpg

45 степени и бренер не одат заедно, не се работи по жешково....
 
Ги направив носачите за каросеријата...
45 степени и бренер не одат заедно, не се работи по жешково....
Со цел памет запали бренер на топлово?? Ја не се осудувам две шипчиња со Co2 да заварам а не па со бренер да работам.
 
Денес ги финиширав поголемите делови од шасијата, и со последниве делови таа е готова. Еве еден мал туторијал како изработив еден дел од шасијата. Идејата е да се ископира дел кој без посебен алат не може да се изработи од еден дел како што е оригиналот. Го работам како што доаѓа и без претходно планирање, најверојатно постои и полесен начин но сега не е ни битно.

CJ2aframe11.jpg


DSCN2089.jpg


DSCN2087.jpg


Користам мало парче шпер кој ќе овозможи делот кој го додавам да стои на место.
Шперот освен што ќе изгори малку воопшто не смета и лесно се отстранува. Проблемот е во тоа што се губи време додека да се направи „алатот“.

DSCN2090.jpg


Со двете делчиња на место, иницијалниот спој изгледа вака:
DSCN2091.jpg


Не е најдобрата слика но се што е вишок ќе се острани подоцна. Црното е изгорен остаток од флуксот и тој лесно се отстранува.
Сега кога деловите се споени завршното лемење оди полесно:
DSCN2092.jpg


DSCN2093.jpg


Калајот има продрено и во внатрешноста така што спојот е посигурен.
DSCN2094.jpg

За добивање на добар и убав за око спој треба да се употреби точна количина на калај. Тоа е нешто што уште го вежбам и тука треба повеќе да поработам.

После такви 4 делови на ред е следново:
DSCN2096.jpg

Добриот контакт (без зјај) помеѓу деловите кои се спојуваат овозможува совршен спој. За полесна работа, деловите се местат под наклон така што при топењето на калајот земјината гравитација врши половина од работата - калајот течи надолу и целиот спој е прекриен.

Тоа на крајот изгледа повторно не многу убаво:
DSCN2098.jpg


ама со малку дополнителна работа станува подобро :)
DSCN2099.jpg


Истото го повторувам и од другата страна, по што делот го фиксирав на својата конечна позиција:
DSCN2100.jpg

Тука исто употребив малку повеќе калај од потребното, засега ќе стои но подоцна ќе го досредам.

DSCN2101.jpg


Отприлика слична е и процедурата со носачот на менувачот кој е на средина на шасијата, но од него немам детални слики:
DSCN2103.jpg


DSCN2102.jpg


DSCN2104.jpg


Малиот кружен дел е место за буфер на кој се монтира редукторот...

Шасијата сега е комплетна и изгледа вака:
DSCN2105.jpg


Сега само ќе додавам компоненти од подвозјето (менувач, редуктор, диференцијали, суспензија), од управувањето (главен носач на спони, управувачка кутија), држачите за моторот, педалите итн....

Започнав со федер платната и завршив еден комплет за напред (11 платна)
DSCN2106.jpg


DSCN2107.jpg


DSCN2108.jpg


Заминав малку да одморам... :)
 
Готов е и носачот на споните. Сакам воланот да биде функционален и се надевам дека планот ќе успее.

DSCN2087.jpg


DSCN2089.jpg
 
Денес го направив мојот прв обид конечно да го решам проблемот со тркалата. Досега на сите модели користев тркала од играчки кои дефинитивно не одговараат на трудот кој го имам вложено во моделите и ја расипуваат севкупната слика.
Целта ми е да ја ископирам гумата која фабрички е вградувана на сите Вилиси од 1941 па се до 1966 година. NDT значи Non Directional Tread и изгледа вака:

TashevTire.jpg


Конкретно гумата на оваа слика е една од оригиналните гуми со кои дошла мојата Махиндра од Индија. Димензијата е 6.00 х 16 а производителот е CEAT (Индија).

Со помош на мојот импровизиран струг (кој не е за сликање :D) и после многу прав од стиренот, успеав да извадам правилен круг:
DSC_0051.jpg

zocc

Потоа почнав да го лепам трагот, стигнав до 9 парчиња и се откажав за денес:
DSC_0053.jpg


Сликите се од мобилен и парчињата од трагот изгледаат огромни. Во живо делуваат одлично и откога ќе ги залепам сите повторно ќе го вртам тркалото на стругот.

Идејата е да направам позитив од кој ќе направам калап за да излеам повеќе гуми. Димензијата ја усвоив да биде стандардната 6.00 х 16 како би ми одговарала на сите модели кои моментално ги имам. Ако леењето (за што треба дополнително да работам на случајот) не ми успее, тогаш ќе морам да направам барем 5 вакви. Е тоа ќе биде работа :D

Во меѓувреме испробав уште една техника со која исштанцав неколку ребра на подот за моделот СЈ 2А. Ќе пробам утре да направам некоја фотка од процесот, засега еве слика од делчето:
DSC_0054.jpg
 
Уште кога почнав да ги лепам ребрата на гумата знаев дека нешто не е како што го замислував на почеток... Заборавив дека имам потенок стирен кој планирав да го користам па грешката морав да ја исправам.

DSCN0001.jpg


DSCN0002.jpg


и така по неколку часа почна да се гледа крајот :D
DSCN0003.jpg


уште едно :D
DSCN0004.jpg


... за да после залепени 90 парчиња (по 45 од страна), гумата изгледа вака:
DSCN0005.jpg


... грубиот изглед го средив во следниот чекор (вртење на делче на импровизиран струг - екстремен спорт :D)
DSCN0006.jpg


DSCN0007.jpg


Махиндрата ми беше најблиску па тестирав на неа:
DSCN0008.jpg


DSCN0009.jpg


Мислам дека изгледа далеку подобро отколку гумите кои ги користев до сега, а уште не е довршена. Секако, тука е и изработка на авентичниот бандаж. Веќе почна да се стемнува и престанав со работа, а треба да се симнат уште 2-3mm и трагот како и димензијата ќе си дојдат на место. Надворешниот дијаметар треба да биде околу 45mm.

Затоа што нема шанси да направам 5 исти (за еден модел, а камоли за другите) од овој позитив ќе направам калап за леење. Тоа од наредната недела натаму...
 
Го свртев и бандажот и покрај тоа што сум задоволен со неговиот изглед ќе претрпи уште малку измени. Пред да направам калап за леење ќе ги додадам штрафовите, главчината и некои други детали.
DSCN0015.jpg


Ја почнав каросеријата со подот позади и поткрилата
DSCN0013.jpg


како тоа изгледа од долу:
DSCN0014.jpg
 
Го свртев и бандажот и покрај тоа што сум задоволен со неговиот изглед ќе претрпи уште малку измени. Пред да направам калап за леење ќе ги додадам штрафовите, главчината и некои други детали.

Ја почнав каросеријата со подот позади и поткрилата

како тоа изгледа од долу:
Damn good, како и секогаш !!! :)
 
Долго време немав влезено во работилница, последен пат сум напишал апдејт во август. Септември со себе ја повлече изложбата во Кавадарци, а веќе недела подоцна и враќање назад на факултет. Во изминатите неколку месеци имам сработено многу малку, речиси ништо но сепак имам некоја фотка која ја направив денес. Се гледа огромна разлика од претходните слики, р'ѓата си ја работи својата задача одлично :).

DSC_0558.jpg


DSC_0559.jpg


DSC_0561.jpg


Страничниот дел од каросеријата не е готов и само го држам за сликање колку да се добие слика како ќе изгледа задниот дел на моделот.
Вистинскиот предизвик ќе дојде на пролет кога за да спојам два дела ќе морам р'ѓата темелно да ја исчистам, во спротивно не може да се залемат.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom