1:16 Мahindra CJ4 - рачно правена макета

  • Креатор на темата Креатор на темата JeepMkd
  • Време на започнување Време на започнување
Секоја чест на трпеливост, концентрација и упорност.

Си размислувал овие модели да ги ставиш негде за продажба? Како би идела цена, би имало добра заработка или чисто за твоја душа ги правиш?
 
Фала на коментарот, со секој нов модел се трудам да внесам некоја нова техника и малку повеќе време посветувам и мислам дека резултатот е очигледен.

Конкретно моделот на кој што работам моментално, затоа што е копија на вистинскиот џип кој го имам, останува дефинитивно кај мене. Другите 3 модели кои се готови најверојатно наскоро ќе бидат за продажба. Повеќе детали за некој ден.
 
Го направив филтерот за воздух, само му фали боја

DSCN0254_zps3a3912fe.jpg


DSCN02564_zpsa4159958.jpg


Го завршив и ладњакот
DSCN0255_zps16809baa.jpg


Цревата за вода кои мислев дека ќе ги направам лесно, излезе дека се мачни за правење..
DSCN0259_zps4d7a5e8b.jpg


Долго време ги избегнував, ама денес морав да ги направам каблите
DSCN0262_zps858f3077.jpg


Првиот обид не ми се допаѓаше затоа што бојата повеќе личи на цевчиња за нафта кај дизелаш отколку кабли за бензинец, па еве ја втората и финална варијанта. Проблемот е што оваа жица е најтенката која ја имам. Како и да е, овие остануваат, нема шанси да ги преправам после толку работа. И дефинитивно, следниот модел ќе биде 1:12 или 1:8.

DSCN0263_zpsba06884d.jpg


DSCN0264_zps15eef6c0.jpg


DSCN0265_zps3456fe4b.jpg


Филтерот за воздух на своето место, како и цревото кое оди во карбураторот
DSCN0269_zpseda89b03.jpg
 
Не можев да ги гледам каблите поради нивната димензија, па ги искорнав (буквално :D) и ги изработив од потенка жица. Единствениот дел досега за кој ми требаа 3 обиди за да го погодам, се надевам и последен.

DSCN0271_zpsc7b327bc.jpg


DSCN0272_zps4ce60e5d.jpg


DSCN0273_zpsa64397f0.jpg
 
Цревата не можат да стојат така сами, па им направив стеги :D
DSCN0275_zps7c66dcd1.jpg


DSCN0277_zps29e34de2.jpg


Го започнав и издувот
DSCN0278_zpsf50d56e1.jpg


DSCN0279_zps7f232d38.jpg


DSCN0281_zpsf8444a11.jpg


DSCN0282_zps883d4c71.jpg


Амортизерите добија држачи и ги вградив и нив
DSCN0283_zps96133280.jpg



И направив некоја слика со собран модел, одамна не била Махиндрата во еден дел :D
DSCN0288_zpsa042c440.jpg


DSCN0287_zpsac232129.jpg


DSCN0285_zpsad6016d3.jpg


Поздрав и имајте супер викенд :)
 
Здраво JeepMKD,
ако си заинтересиран, може да ја промовираме твојата работа на нашата страна:
https://www.facebook.com/Kolicina -посветена на минијатурните модели, макети и автомобилчиња.
Добредојден си ти, но и сите останати!
 
Ете, помина уште еден семестар, па сега можам да почнам пак да работам. Зимава ја завршив шасијата на Махиндрата, па затоа сега ќе продолжам со моделот CJ 2A.







Ова се слики од денес. Не изработив ниту еден нов дел, туку десниот панел го средив и го залемив фиксно за подот, нема повеќе вадење. Утре е во план да се средат ситниците на левиот панел (ќе има многу работа) по што ќе продолжам на задните делови од лимаријата заедно со вратата.
 
Се надевам дека уште има интерес за темава...

Денес си поставив цел да го завршам задниот дел (без вратата) и успеав.


Спојот можеби изгледа лошо, ама вишокот калај е отстранет :)






Се користат секакви помагала за каросеријата да биде права колку што може најмногу.


профилот го виткам сам, димензија 2x2 [mm]








Чекам некои ситници да стигнат (мали завртки и навртки), па кога ќе дојдат тие ќе ги правам шарките и вратата позади.
 
Деновиве направив многу работи на моделот. Не бев задоволен со левата страна од каросеријата па го извадив цел тој дел. Не успеав да го преправам, па го направив одново. Иако чинеше многу време сега е многу подобро.I
Нови делови се предните калници кои веднаш почнаа да кородираат. Одлично.






Хаубата, како и кај оригиналот, е од две половини.







Овој пат, пред да ги спојам двата дела, додадив неколку детали. Се обидов да ги реплицирам втиснатите WILLYS букви и мислам дека излезе ОК. Сликите се многу лоши.







Овој дел (чие име на македонски не го знам) е најтежок за правење. Ги спојува предниот и задниот дел од возилото и многу е важно да е точно изработен и точно залемен. Проблемот со лемењето е тоа што материјалот кога се загрева се шири, и дополнително мрдаат сите нефиксирани делчиња.



Веќе почнува да заличува....



втор дел од апдејтот за некоја минута....
--- надополнето: 11 јуни 2013 во 22:49 ---






 
Конечно после 3 дена дожд, успеав да направам некоја слика онака како што доликува :)



Вака изгледа моделот денес






Пробното тркало, морам да направам уште 4.... (и уште 5 за Махиндрата)


Шасијата е пократка за 4-5mm и тој проблем ќе го решам со додавање на неколку делчиња напред. Кога почнав планирав ова да биде модел 3А, но подоцна го заменив со 2А, кој ги има тие делови и сега мора да ги додадам.


Шарката е залемена само на хаубата затоа што на неа има уште многу работи и мора да се вади уште некое време. Претпоставувам дека хаубата, како и задната врата, ќе ги фиксирам последни.


Некои ситници стигнаа, ама буквално ситници.




Благодарам на вниманието!
 
Ти благодарам и на тебе на сликите и ти завидувам на нервите, секоја чест гение, ја читам сигурно саат и нешто повеќе темава од почеток и уживам. Уште еднаш алал да ти е!
 
Денес ништо не ми одеше од рака и цел ден успеав да свиткам 2 профили и да заштрафам 2 носачи. И ги направив превисоки па ќе мора да симнам 1мм со што ќе ги израмнам предниот и задниот дел.

 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom